Да би траело еден ден, ќе се снаоѓаме. И тие имаат права и ние имаме обврски. Ајде јас и не сум во толку страшна ситуација ама познавам многу жени кои се. Буквално секоја може да добие отказ заради ова или одбиток на плата.
Со влади како нашите само вакви штрајкови. Сите да осетат дека не бива. Мора да се притиска од сите страни. Магичен круг е ова и ако нема бура нема ништо да направиме. Сите добија се што сакаат. Не може по администрација да не одат на работа, ако ги начекаш до 10 добро, потоа ги нема никаде, по кафичи и ресторани се. А жени кои ни чуваат деца цел ден да се со најниска плата. Треба врски дебели да фатиш за едно место во градинка, а владата троши пари да финансира патувања и школувања на нивните деца по странство.
Пишаа кај нас во група. Неговите учителки нема да бидат, ќе ги згрижуваат децата дежурни негувателки, не тие што ги знаеме.
Мене денес во нашата кога прашав ми рекоа од општината ќе нашле волонтери да работат по 4ч еден а тие во трпезарија ќе седеле. Јас се ги разбирам и поддржувам ок ама не може да си играат со мали деца така. Особено ако немаш кој да го чува и децата во јасли што не разбираат ништо а наеднаш ќе им дојдат некои непознати само стрес да им се прави и тоа на секои 4ч нов волонтер ...... А да и не знаеле дали ќе нашле и ако најдат дали ќе е доволен бројот на волонтери за да ги замени нив.... Така да не знам што ќе се прави
@S.J.Parker едно е услови за работа друго е само за плата да се буниш. Јес да е јадна платата на негователките, ама па закани дека треба да се зголеми платата за 80% е нереално. А да не кажеш дека ти требаат повеќе градинки, повеќе негователки и воспитувачки. Туку се е само дај плата. И не е фер кон другите што немаат опција да се побунат и одма оп да им ја покачата платата. И на крај од каде повисока плата да им се даде? Од кој буџет. Испазари се за од Септември малку кога ќе прават ребаланс. Па уште малку од Јануари со новиот буџет и така. Оној Неделков е за бесење мајке ми. Знае дека ќе предизвика раскол во општество со ваков штрајк и намерно тоа форсира. Ѓубре невидено. Плус од небо се гледа дека протестиве се само политички мотивирани. И администрација протестира и матични лекари (што голем дел лечеа по телефон овие две години) и образование протестира. Претераа сите веќе. А се хранат сите од даноци од приватен сектор. А таму не смееш да помислиш да протестираш.
Тотално се согласувам. Како прво неколку пати ќерка ми беше повредена во градинката од кои еднаш заврши на хирургија и како одговор добив: "Тоа е, многу деца се, не можме да ги пазиме, Господ да ги чува". Еве нека ги зголемат, ама недајбоже да се случи нешто такво нивниот одговор ќе биде ист. Па не можи да се мисли само нанивната плата. Платата ќе им се зголеми, ама условите ќе останат лоши.
Во нашата градинка конкретно во Струга денес добив одговор дека го подржуваат штрајкот ама дека ќе си ги примаат децата во градинка. Додека пак во Средното училиште има некои наставници кои не го подржуваат шрајкот и тие ќе си држат настава со учениците. Јас иако сум во образование многу сум против градинките да не работат, баш и бев загрижена што ќе правиме со детето ако не оди во градинка, не би знаела како да се снаоѓаме.
Ќе ги примаат, ама не нивните учителки и сите на куп. Ние ќе земаме 2 недели одмор, нема да го праќаме во градинка со непознати учителки.
Мајки мојот син 2 год. тргна на градинка од понеделник. Плачките на страна, денес ми јавија качил температура. Прашав што како поминал, цело време повтарал дома дома, и претпоставувам дека од шо се нервирал качил тт, пошо дома веднаш весел, му го снема црвенилото од лице.... Дали да го форсирам, има кој да го чува ама сакав да оди на градинка...
Aко се откажеш на прва препрека ништо не праиш. Ако немаш потреба не го праќај, ама така е во градинка, се разболуваат.
Информација од градинка понеделник дефинитивно немало да примаат деца, но очекувале да се реши проблемот и од вторник да си оделе децата. Искрејно се надевам дека ќе се договорат во недела, и понеделник ќе може да одат во градинка.
За срамови. Никогаш на волонтер дете не би оставила. Кои волонтери? Некои 18г студентки да не планираат да носат?
Значи во ред е да бараат покачување, ама да бараме и ние треба, родителите. Не сме во времето од пред 30 години кога се работеше до 15h. Градинки треба да работат во 17,18h. Бараат они, ама они се тука за нас родителите. Ама кој не прашува нас
Да пишам и пофалам дека конечно после Година ипол јадење само сув леб, моето дете одеднаш почна да јаде доручек и ручек во градинка цели оброци. Он дома нема шанси тие јадења да ги јаде и маџите. Долго време врриме се исто од што не јаде.
Како бе на неедуцирани волонтери ке остават деца? Па стока да е, ке бараш говедар со искуство, не па бебе да оставам со некој!
Искрено не знам. Колку и да се студентки и да се 18 години нема да најдат толку многу за во сите градинки и групи ако го оставине настрана муабетот дека било кој ќе волонтира и ќе ги чува као, А не планирам ни да го носам и да го изложувам на дополнителни стресови, едвај сеа се навикна да не плаче и во понеделник да му се појави некоја сосем трета пак ќе поминуваме низ истото непотребно. @fana ти би оставила дете што не разбира и е навикнато со едни воспитувачки/негователки наеднаш така со други непознати и да плаче?
Ја оставаа. Пред ковидот нашата негователка си одеше во 15 часот од работа а после тоа додека ја земам јас си седеше со некои други негователки. Тој шо си има одмор нека си земи, јас пошто немам ќе си оди во градинка и тоа и е.