А што треба да прават во празно школо? Што не се загрижи власта за децата и се согласи да ги покачи платите и веднаш да се прекине штрајкот?
А, нели вам како просветни работници треба првенствено да ви важен интересот на учениците? Или само за џебот си мислите?! И колку покачување ви е доволно? И дали заслужувате? Сите вие кои сметате дека е исправно да ги оставите децата без настава за ваши лични цели? Јас мислам не. И да сум јас власт, би ве сменила сите. И така повеќето од вас сте само гласачка машина.
Го претераа. Јас не можам втора недела да носам дете со мене на работа. Изгубија поддршка од мене дефинитивно. ден два три ок, ова на што личи?
Сите си мислат прво за себе. Во ред е,нека протестираат ама децата да не губат од настава,па после да одработуваат. Да бидеме реални мала плата земаат. Учител од прво до петто со 25+години стаж зема 29 000. Инаку нашата градинка си работи,згрижуваат деца,само на малата се други воспитувачки.
Тоа не е лошо. Сега како е работата нели за целодневна имаат друга што ги зема од 13ч ? А наставникот е од 8 до 13ч? Јас за таа плата работам 9ч дневно без пауза, работата дома си ја носам и плус викенд поддршка нон стоп сум по телефони. Празници работам, ми се доплаќа да нешто за празниците ама џабе што не сум со детето за велигден и божиќ. Така да уствари ја треба да штрајкувам ама нема со што да уценам Среќа што во приватна го запишав инаку до сега и ќе ме набркаа
По коментарите гледам дека си просветен работник а и гледам дека веќе со вашево однесување губите поддршка секаква и од родителите. Како прво децата треба да се во школо, а не да биде празно како што кажуваш. Вие сте во таа институција само и исклучиво за децата, ради вашите барања нашите деца губат настава, сега програмата ќе им ја скратат и можеби и саботи ќе учат. Ќе видиме што ги научите до 10 јуни.
Епа да фатиме ние да штрајкуваме приватен сектор, да не плаќаме даноци. Па после ни таа плата да ја немаат. Леле ама сум лута, сироти деца кај ни живеат
Ние од градинката немавме никакво известување, ниту пред почетокот на штрајкот, ни сега додека трае. Секој ден во групата пишуваше по некој родител, молеше за каква било информација. На тоа, дури после една недела, ни одговорија да имаме разбирање и на кој му треба инфо да се јави кај учителките во текот на наредниот ден. За какво разбирање зборуваат? Дали сме ние тие што треба да ги разбереме? На сите што сме во групата децата ни одат во градинката и на сите ни треба инфо што и како ќе се случува. Нас нема децата кој да ни ги чува, а ние треба да имаме разбирање за недавањето информации, па и за нивното незадоволство? Инаку извојувавме да добиеме барем информација дека кај нас децата се згрижени од вработени со договор за дело. Колку, што и како, сѐ уште не знаеме. Немаме толку привилегии .
Што знам дали е лошо 29илјади за учител што ги описменува децата 25год. Инаку и учителите работат од сабајле од 7. И они си ја носат работата дома,и нив ги малтретираат родителите по телефон. Инаку и ние во одредени области од приватниот сектор сме за жалење ама тоа е,нема кај да се бунеме
Не знам зашто не си сфатила дека тоа е тактика. Ако немаш инфо што се случува, може нема да го праќаш детето. Од секоја градинка слушнав различна приказна: не примаме деца, примаме ама технички персонал ќе ги гледа, немаат јадење, може да ги чуваме ама само до спиење... секој муабет што можеле го пуштиле за да што помалку деца им однесеме. Ќерка ми си оди иако би можела да се организирам да ја чуваме дома. Ако ми ја вратеа, ќе пријавев во општина. Немам намера да трошам одмор, ни да измислувам боледување.
За некои и тоа е многу. Ко што рече преска еден (немам поим кој), децава на последно место ни се у писменост. И за тоа ли родителите се криви!? Има мизерија наставници колку и да не сакаме да признаеме.
Сите смеат да мислат на лични цели само професори не. Да си власт ке имаш патни трошкови колку плата нивна ама во евра. Пола се добри пола ни денар не заслужуваат, точно. За неписменост на децата не е само еден човек крив.
Повеќето од наставниците се неквалитетен кадар. Ретки се тие што вредат. Училиштата денеска се повеќе институции за онеписменување, а не за описменување. Ама ова не е тема за тоа.
Не сакам никого да навредам ама еден месец пред да го запишам детево у школо јас фаќам врски да ми кажат каде да го запишам (односно да ми кажат каде ги бива па таму да фатам врски па да го запишам). Внука ми каде што ја преместија на 10 год има што не знаат да пишуваат сеуште. Тоа до детето не е...
Не на грбот на децата А според тоа колку работат, многу им се и овие што ги земаат. За патните трошоци... дека многу им се плаќа, да, јас ич не би им дала, ама ти стварно мислиш дека ќе ги покријат покачувањава? За да бараат покачувања, треба прво приватниот сектор да е стабилен финансиски. Не може они да имаат плати кои добар дел од приватниот сектор може да ги сонуваат или да се утепаат од работа за таа сума. Треба малку логика а и реалност. Иако, со циркузиве и партиските препукувања и надмудрувања ја изгубија поддршката кај народот. Треба сеа ние кои ги плаќаме да штрајкуваме и да не плаќаме даноци и придонеси, па да видам од кај плати! Само во МК може да се случи родители да земаат боледување или одмор (при што ќе земат и помали плати) за да можат просветари да бараат "права" преку штрајк. И за крај... сто пати ќе ги поддржев ако барем еднаш штрајкува за програмата, за лошите услови во образование итн.... еднаш барем
Некој кажа плата по учинок. Не работат сите исто. Инаку да, си ја носат работата дома секако. Ова е нешто што стално го слушам од наставници, воспитувачки итн. Кој ги спречува да седат во школото во наставнички 8ч и да НЕ ја носат работата дома? Значи во средно професор оди во 8сабајле има часови до 11ч после тоа оди дома и " си ја носи работата дома"? Зошто? Или оди втора смена во 17ч и дома доаѓа во 19ч. Може да седи до 17ч(8ч на работа) како и сите ние обичните смртници и да заврши се' што има. Да спреми материјали,прегледа домашни. Не викам дека немаат администрација за работење ама ако денот им надминува 8ч и пак не можат да завршат со администрацијата, туку им требаат пример 12 часа ефективно × 5работни дена во денот да сработат за да завршат ондак штрајкот им е погрешен...ако ме сфати што сакам да кажам. Пошто кога ќе ми каже некој дека "дома си ја носам работата" тоа го гледам како: работам до 17ч и одам дома доработувам уште 3-4 часа пошто во тие 8ч ништо не сум постигнала да завршам. Еве ако работи некоја нека ме просветли дали нив им требаат над 8ч ефективно работење секој работен ден. Ако ДА зошто не штрајкуваат за плаќање овер тајм ИЛИ за намалување на работните обврски. Ова со родители е нон сенс. Те малтретира а тек колку знам наставници што преку родителите фаќаат врски за штогодае
Сите добија покачувања, само просветарите не. Зошто никој не излезе да се буни за нереално високи плати на останата администрација, посебно судии? Полицаец со средно зема повеќе од професор кој завршил факултет, каков и да е, 4 години трае. Ги трупаат по 200-300 секоја година. За да земам пасош на синко чекав да им заврши паузата кои си ја продолжиле своеволно. И многу други заебанции. Повеќе сум за просветари да земаат поголема плата и да се мотивирани да ми го учат детето, а не полицајци кои да пријавам кражба ке кажат ништо не можеме да направиме, а не пак насилство, ке ми кажат сама сум го барала.
Кој доби покачување? Полиција ли? Ти сериозно ја споредуваш сериозноста и ризичноста на работата меѓу полицаец и просветар? Сериозно?!!! Без разлика кој што учел и завршил. Не ги плаќаме заради факултетот (кој патем го бие најлош глас и е меѓу најслабите) туку за работата која ја работат. Да ти се плукнам во просветар кому му треба поголема плата како мотив за да ми го учи детето!!! Пак ќе кажам, многу ги тинтраат. Јас би им дала отказ на сите кои нема да се вратат на работа. И така врие од невработени наставници. Лесно ќе им најдат замена. Може новите и со оваа плата (која ич не е мала во споредба со многу други професии) ќе бидат доволно мотивирани да си ја работат работата за која што се платени?!