Така е. Башка и месечно плаќам за да оди детето во градинка. И друг кометар добив дека ние родителите сме требале во поголем број да ги носиме децата така побрзо ке сме го издејстувале штрајкот. Нека кажат ако е така па сите ке ги носиме,не секој може боледување да зема,неможе баш секој да се снајде..
Леле немој молим ти се. Колку пати ви беше качена платата на вас, а пример мене ниту еднаш. Еве и минималец не ме фати, 16 ми е, не е 18. Жити ја немој да се жалиш. Дај боже да дадат на сите, ама не сте до толку за жалење со оглед колку не се покажавте во основното образование посебно.
Факултетот си е супер ама неписмени го завршуваат. Тоа е друг проблем. Зошто работиме сите ние? За пари и поубав живот. Плата секогаш е добра мотивација. Полицајци кај нас де вработуваат за плата и затоа што нема ризик. Не сме Чикаго. Полицаец да викнеш во места со мешано население не доаѓа на повик. На кои нас?
Во што е супер факултетот? Во тоа што немаат материјали за учење? Што даваат да поминеш со еден превод од српски или со една (купена) семинарска? Е, поради ова неписмени го завршуваат и воопшто не е друг проблем тоа, туку истиот проблем. Затоа и го бие лош глас. А професијата како професија си е супер и благородна, не факултетот. Друго...вработувањата по училиштата и градинките најмалку е според постигнатиот успех на факултет. Многу квалитетни кадри со натпросечен успех седат дома поради оние кои со преводи, препишувања и купени семинарски и дипломски успеале некако да се пикнат на работа. И сега ретко кој наставник предава свој труд на учениците. Сите користат исти презентации, исти материјали, тестови... Така се научени.
Не, факултетот како замисла, да завршиш педагошки и да образуваш деца. Да научиш и да пренесеш на мали човечиња, врз кои учителката и професорите имаат делумно или целосно влијание на нивното развивање. Кај нас е педагошкиот уништен и сите останати факултети. Тука се согласувам. Плус никаде никој не е вработен според квалитет. И тоа стои како точно. Ама не се сите лоши. Професијата си има тежина ама гледам никој не ја цени. Сите вие сте родители, зарем не ви е важно учителките да се среќни? Тие не се луѓе што сакаат повеќе? Многу пати професори помогнале кај проблеми со тинејџери. И сето тоа го заборавате затоа што во момент нема кој да ви ги чува децата? Не е до професорите до државата е. Пак народот си пати. Не ве разбирам на моменти. Гледам колку се трудат да го анимираат синко, и на моменти мислам дека ме вртат ама гледам дека и синко е екстремно тежок за работа и соработка, па и не велам дека е само кај нив проблемот.
@MilaSs12 во цела Македонија, дали само двајца професори вредат (за високото образование). Тргни од ова, па подоле и ќе видиш дека ние немаме ништо. А и да не се лажеме, сите знаеме дека вработувањето има партиска позадина. Баш тие што заслужуваат да воспитуваат деца, седат дома и чекаат зашто не се партиски определени.
@MilaSs12 Ги потрошивме сите аргументи и сега ќе играме на карта на сентименталност? Цело време се коментира дека секој по заслуга треба да добие. И ние сакаме повеќе за нашите деца, повеќе внимание, поквалитетно образование...ама нема. Моменталниов кадар тоа не го овозможува дефинитивно. И никој досега не рече дека сите не ги бива. Ама тие се една капка во морето, а цело море штрајкува и бара...среќа???
Од секој факултет вредат по неколку, точно. И за партиски вработувања точно. Ама не се сите лоши. Ни јас додека бев основно и средно не беа сите лоши или добри а не се ни сега. Да, најубаво би било да добие секој по заслуга. Така сите до еден ке се борат да се докажат. Ама кога може некој полицаец што немам никаква корист од него да зема плата толкава, зошто да не и професор? Или пратеници, судии, сите што не се потребни и квалитетни за граѓаните?
Гледам какви наставници, професори и воспитувачи се вработени. Не знаат да се изразат. Жално е што има многу што вредат, а не работеле никогаш по струка. На пример јас. Сум учела по цели денови и ноќи, а некои што завршија со мене едвај со шестки (како што пиша некоја погоре со семинарски и со есеи) ене ги вработени по струка, секако, партиски
Ако веќе се споредуваш со некој, споредувај се со некој или нешто поквалитетно за да тргнат работите на подобро. Сѐ додека си "ги мерите" на ваков начин нема да нѐ биде и џабе ви е и штрајк и сѐ. Јас, искрено, и од вас наставниците не видов никаков аир последниве две години. Напротив, активно ја работам вашата работа дома, после мојата работа. И дајте кој е модератор, @referentka мислам, нека ги среди мислењава во соодветна тема, оти ептен сме офтопик.
Мене па платата за наставник во основно образование ми е скроз ок (ако е таа околу 25к). За средно би требало да е малку повисока. На негователките во градинка би им дала највисока плата искрено. Има прекрасни жени што многу убаво се грижат за децата. Не знам стварно колкави очекувања имаат, крај краева во Мк живееме, просечна плата зимаат што е скроз ок. Одмор во зима, одмор во лето, плус годишен одмор, работно време од 5-6 саати, викенди слободни ехее
Постов скроз ќе ми е оффтопик ама нека го преместат модераторите. Бидејќи коментираме за плати во образованието, јас само ќе искажам мој став што значи дека мора сите да се согласувате со истиот. Шрајкот вонобразованието настана порани покачување на минималната плата од 15.000ден на 18.000 што значи дека веќе и да не постоеше некоја хиерархија во ибразовниот систем туку се иедначиме сите. Под тоа подразбирам, професори, наставници, административци, службата за хигиена, чувари, домари, хаусмајстори скоро и сите иста плата да земаат(разликата е многу мала) Пример: професор/наставник кој зема 26.000ден и чувар кој има 18.000ден плата и плус ако има некој поголем стаж дури и на исто доаѓа Не сакам да ме сфатите погрешно, немам апсолутно ништи против никоко ниту пак омаложувам некоја професија ама само сакав да доловам зошто е штајкот во образованието, не дека не сме задоволни од платата туку се изгуби секоја хиерархија. Сум негувателките да земаат повисока плата ама со оглед на тоа дека сите се со средно образование кое можеби и им е по струка толкава им е и платата, ама во секој случај сите сакаме повеќе пари дали приватен или државен сектор.
Мене на прашањето дали ќе се згрижуваат дрца и кој ќе ги згрижува ми кажаа да следам на медиуми како ќе било.
А тоа што изјавите на медиумите врска немаат со реалноста, тоа е друга работа. Секоја градинка своја приказна.
Нас ни рекоа да не гледаме медиуми бидејќи многу нејасно кажуваат и дека во градинка мора да има луѓе кои ќе ги згрижат децата што ќе се донесат. Јас го носев цела недела, ниеднаш не ми рекоа "не работиме" или "нема деца земете си го", никаков изговор, напротив со насмевка го пречекуваа и преубаво си поминувал. Првите 2 дена ги ставиле во група со помали дечиња, после другите денови со поголеми, бидејќи од моево двете учителки штрајкуваа, па од нивната група по 3-4 деца одеа.
@MilaSs12 пред да збoриш на памет и да кажуваш инфoрмации oд ракав инфoрмираj се за платата на пoлициjата. Се си кажувате на фoрумoт без да имате тoчна и сигурна инфoрмациjа. А акo не знаеш кoлку е oснoвица на пoлицаец за нoсење пиштoл jас ќе ти кажам.
Oкoлу 24.500 сo вклученo oвластување,без oвластување се пoд минималец. Тука некаде е и наставник сo 4 часа рабoта вo текoт на денoт плус пoмал ризик. Затoа малце респтект спрема секojа рабoта и пишуваjте прoверени инфoрмации.