Каков ризик? Ризик да не земе мито? Ризик да не преспие во кола ноќна смена? На наставник која му е почетната плата?
Ај не глуми лудило сеа и ти. ти у каков ризик си? да не ти залепи некој мастика на катедрата? Ако е лесно да си полицаец оди биди една ноќ на дежурство.
Јас не сум професор. Не сме во Тексас, во Македонија сме. Каков ризик какви смешки. Каде и да се појават во униформа не плаќаат, од мито по три куќи градат, ако пријавиш кражба или силување ти си виновен. Каде и да отидеш ништо не функционира, запослени не одат на работа, вие сте против покачување на професори. Не сте реални.
значи ни професор си ни полицаец си и се најде достојна за ризик да збориш. оффф....ок. продужи да гуглаш.
Дали си озбилна? Дали? Кога пукна 2001 прво наставниците отидоа во резервисти дека, полицајциве дома седеа, дека немаше жртви... Не е фер вакви споредби! Познаваш дете што му почина родител во 2001 од полиција? Епа ја познавам, имам и жив роднина што живее трауми животни од војната, не гледа, не слуша, има триста болести од лепота.
И полицајците да бараат покачување ке ги поддржам. Ме нервира што сите велат дека им е доволна платата. Се молчи за висока плата на администрација, која за обичен граѓанин е целосно нефункционална, а ваму професор кој треба да ја образува младината, не смее да помисли да бара повеќе.
Кога пукна нели беа војниците во први борбени редови? Кога пукна резервисти отидоа тие што немаа врски да не отидат. Се се сведува на врски и партии. Се е потаман, само наставниците се алчни.
Они буквално им нанесуваат штета на децата и на родителите само да добијат тоа што сакаат. Па не волку толку уште прибираат. Ова е срамота се надевам дека ќе се договорат денес и ќе заврши ова.
Ама ти се зезаш со нас нели? Што има врска сега врски и партии со војна и кој иде прв во војна жено божја, што има врска едно со друго. Да, ние сме држава каде за да прднеш врски ти требаат, ама постојат работи каде ни врски ни св.Петар не те спасува. Полиција и војска им е тоа работа, да се на браникот на државата, објасни и на другарка ми дали можело да се спаси татко и со врски или не. И дефинитивно заслужуваме сите поголема плата од овој џапарац што го зимаме, зошто тие образуваат и чуваат деца, ама ние одговараме морално, материјално и кривично за секој еден документ што го издаваме, а тоа со мојата смешна плата не се покрива.
@MilaSs12 oд рекла-казала муабети си патиме за жал. Митo? Секаде има акo раката си бара, тoа е дo чoвекoт без разлика каде рабoти. Жалoснo за децата, маjките, жените на oние oд дивo нас.oд ваквите какo тебе. Oд тoа штo сите се АМА ПOЛИЦИJАТА...не гледате oкoлу вас кoлку и какви плати се земаат.
Има Полицајци и Полицајци. Оние што си ја работат работата како што треба и оние кој наместо украденото да го вратат си го зимаат за нив и оние што одзимаат од младиве џоинти и на 5 мин далечина си го пафкаат. На Ризик најголем се и заслужуваат многу повеќе бидејки зимаат плата мизерија. А овие прибираат ли прибираат. Се гледа се по децата.
Ве молам префрлете се во соодветната тема. https://forum.femina.mk/threads/Штрајк-на-просветните-работници.33745/page-15#post-6114449
Ајде ско толку не не бива над наставниците учете ди ги дами децата ако мислитр дека не заслужуваме.Зошто не најдоа заменски наставници?Бидејќи ретко кој млад работи за тие пари и со одговорнодт за 25 деца
Па на пример фино ќе е како за почеток да покажете дека стварно знаете правопис и дека сте кадарни да описменувате деца, на пример празно место после интерпункциски знак и слично. Ете не е многу, мали ситни работи. По се изгледа стварно секој сам си го учи дома детето, какви гафови не напишаа родителиве. А и што се не читаме по темиве.
Каде може да се пријави однесувањето на вработените во градинка за време на штрајков. Дали во сите градинки е исто. Ај кога го носиш прв збор им е "иф дојдовте ама хаос е хаос" а со тоа создаваат психолошки притисок врз родителот. Потоа децата ги чуваат внатре во патики воопшто не им облекуваат топлинки. Излегуваат надвор и пак со истите патики внатре. Ги барам топлинките од другиот влез не ни ги даваат, како во заложништво да им се работите. Собрани на куп спијат како воена ситуација да имаме а не штрајк. Децава ни ги разболеа, ова е веќе намерно загрозување на здравјето на децата. Помагајте каде да се пријави, на ова несмее да се молчи.
Сабајле прв пат го однесов откако почна штрајкот. Уште на врата почнаа со коментари и мене исто ми рекоа зошто сум го однела, подобро ќе му било дома, се мачеле децата, 30 деца биле со една негователка... Веројатно од утре нема да го носам, ќе видам како ќе биде денеска ама буквално се измачивме овие 10 дена со чување. Преку глава ми е мене.
И да пријавиш мамичка џабе, во нашата општина (рурална средина) има градинка од 2 години па нагоре, негувателките кога ќе им однесеш дете како лав од зоолошка да им носиш, го оставаш во 8 во 10 ти се јавуваат да го земеш (плачело, де не јадело, де незнам си што) и во 12 си одат и децата седат со чистачката додека да ги земеш. Пријавувано е 1000 пати и во општината и други родителки се жалеле и кај градоначалник и незнам си каде уште и џабе иста песна се пее, само после тоа врз детето се изживуваат, па на врата (јас немам мое ама кога ја носам внуката) ми вика ако не ви чиниме си имате други градинки одете таму, па и зборувале на внука ми да плаче да ни боде лута зошто сме ја носеле во градинка и она кажува дома... Така да немаш фајде ако пријавиш заштитени се како бели мечки...