Ова е само добро смислен притисок од нивна страна. Да ги однесевме соте децата ќе видиме дали баш ќе беше вака. Сакале несакале ќе мораа да се организираат. А родителите уствари како едвај да чекаа изговор за боледување и си останаа дома. Само ова ако потрае и после Велигден ќе видиме дали баш вака ќе тераат. Несмеат да го загрозуваат здравјето на децата. Подобро да кажат 100% ме работиме и крај отколку да се изживуваат врз нив. Ама им дозволуваме.
По правило во општина да пријавиш. Најидеално е цела група родители или повеќе ако се соберете. Да не испадне на крај никој не се буни само тебе ти сметало. (Пошто во др ситуација мене така ми се деси, дека само мене ми смета 30 деца во јасли и си го отпишав. )
Ако ви е тешка работата, а малку пари бујрум во приватен сектор има решение за се ама пола од бенефициите нема да ги уживате...
На другарка кај што одат малите ич не ги ни примија. Кај нас работат нормално. Не знам стварно како може да има толкава разлика.
И јас го носам само минатиот понеделник не. ако штрајкуваат до недоглед ај да дадеме отказ,абе мрш таму
Буквално што сакаат си прават. Скроз од незамарање ни ги разболуваат децата (фаќаат едно дете за лице, потоа друго) ... имам слушнато како им се дерат на децата... ако не јадат, воопшто не пробуваат што би било проблемот, веројатно на сила само им бутаат лажичка, па земе или не земе, сеедно им е ... вода не им даваат ... Буквално идиотски однос. Најново ова со протестот, демек "ќе ги згрижиме само, за друго не одговараме зошто не сме платени доволно". Ц ц ц, па и не се разликува многу од претходниот нивен однос цело време, за жал.
Очигледно не си воопшто информирана... какви војници девојко ти знаеш ли што е разлика меѓу граѓански конфликт и војна? Во војна (со надворешен непријател) идат војници а при граѓански конфликт (внатрешни несогласувања во државата) иде полицијата во први редови. Секако тука беа и резервистите и дел од војката која мораше да премине во полиција за да облече полициска униформа и да го брани народот. Се ежам од вакви работи кога се коментира за теми кои воопшто не ги владеете
Има ли некоја мајка што го носи детето во Пчелка 1, дали примаат деца? Откако почна штрајков не ги носев, сакам од вторник да ги пуштам ако работат.
Ама тоа не дај Боже не се случува секогаш, ете тогаш ќе се наградат а не зошто постои можен ризик вечно да имаш привилегии и поголема плата од заслужена, нема логика некако, има полицајци што животот си го презедоа на летниковец во станица на пример
Не сакам да бидам безобразна, ама ова е слично како кога прогласија вонредна состојба поради пандемијата и забранија одење во градинки и училишта. Родителите се доведени во ситуација да плаќаат дупло, и за градинки, и за жени да им чуваат деца. Нервозите настрана. Народски кажано - те краде и ти вика: - Сега плати ми што те украдов! Баш да видиме колку ќе трае и ова лудило и каков ќе биде исходот од циркузијадава.
А што? На војска и ма армија нека им дадат минимална дека не се пука, нема војни ништо, само да вас просветариве да ви покачат дека скапавте од раб Засрами се Немаш осетено ништо Кога ќе биде нешто сите во нив се крстиме а сега трици јадете Какви би се тие споредби на професии? Овие професии се со ризик Во која професија нема неработнци? Во сите, па и во вашата И за тоа се вреѓате, од земјата се треската како сте биле многу вредни А за другите одма знаете да кажете кој како работел и што работел Поарно сега да ги плаќаат и мир да биде Оти во војна ни за нив ни за тебе нема да има Гледај си го својот двор, за комшискиот комшијата ќе си се погрижи
А не, после ќе биде Херои, ќе им се прават споменици и децата ќе добиваат некоја смешна сума додека учат, ќе се сеќаваме еднаш годишно и толку. Секое чудо за 3 дена ќе биде.
Епа тоа е Ама на кој да кажуваш А просветариве може да загинат ако ги удри кола дури ода накај дома порано Ама ај...