1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Според мене идеално би било да ја носам малата во градинка само неколку часа на ден, но за жал ќе мора да оди фул тајм што за мене е премногу за дете од 2, 3 или 4 години да поминува 8 или 9 часа во денот во градинка...Не се сложувам дека децата што одат во градинка се подружељубиви, делат играчки и сл. бидејќи имам многу спротивни примери...Или дека оние што се гледани од родителите или бабите поима немаат од песнички пеење, не знаат прибор да користат, не се изнесуваат на шетање, не се дружени со други деца пошто деца нема само во градинка, има во игротеки, има на улица во маало, има по роднини и пријатели...Мислите дека така дома се затворени и серии гледаат...врска нема...
    Точно е дека во градинките има програма која на читање делува сосем ок ама колку се исполнува од страна на изморени и нервозни воспитачки кои имаат 100 години стаж и искинати нерви...
    Значи сум некаде на средина, ни премногу воодушевена од градинките ниту пак нешто многу против, кажав на почеток како јас би сакала ама кога се мора-се мора...
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас имав кој да ми ја чува, во зедница живееме, плус и не одев на работа кога ја запишав ќерка ми во градинка.
    Заедно со мм одлучивме дека и` е време за градинка (имаше неполни 4 год.) затоа што почна многу да збеснува по дома, почна да слуша и да прекажува бапски муабети, да буља во ТВ и на компјутер, да не знае да се заигра, постојано да мора некој да ја анимира, а како што вика славица999 колку и да ти е мило зашто е твое и те како понекогаш знае да те извади од такт, да те фрустрира монотонијата и да се гушите и двете од едно па исто секој ден.
    Мојата не остануваше на спиење, си ја земав одма после ручекот, ама за тие 4 часа што беше таму почна да се приметува разликата. И јас дома ја учев на осносвни хугиенски навики, на културно изразување, ама детево си се промени, си стана посамостална, покомуникативна, помирна, почна сама да си игра, знаеше да си седне да си игра сама со барбики или пок да си се забои во боенките едноставно да заборавиш дека дете имаш дома, а сосема се промени кога ќе и` дојдеше другарче дома, навистина почна да ги дели играчките и немаше веќе плачење и убедување дека нема да и` ја вратат играчката..(и со тоа имавме мака, тепачки за играчки беше едно време, просто да не сакаш да ти дојдат гости дома зашто децава ќе се затепаат :tmi: )
    Еве сега пак е дома (летен распуст) од септември ќе биде прваче, и пак и е досадно дома, збеснува, не знае што со себе...пред тоа си имаше еден ред, а сега сме во состојба на анархија :D што од досада, што од топлово време :D
    Да, се разболуваше, ама па како ќе се ојача, ај да ја чувам дома нон стоп затоа што е нежна. ;)
    И јас и сестра ми заедно сме оделе во градинка уште во јасли, јас отсекогаш сум била поздрава, а сестра ми поболежлива, помрсулава и почесто се разболувала од мене, а ете заедно сме биле цело време.
    Може да има врска градинка, но не значи дека баш поради тоа што детето оди во градинка се разболува.
    Имам пријателки на кои д-рите строго им забраниле да ги носат децата во градинка после чести бронхитисни разболувања и лежења во Козле, ама ете ние на пример и покрај честите разболувања, кашлања, сирупи итн. фала Богу брзо ни поминувале настинките и пак сме се враќале во градинка.
    Така што сметам дека сепак треба да се проба со градинката, ако бива ОК, ако не, нека седи дома, па ќе се снаоѓа секој како знае и колку му се можностите. Братучетка ми за да не ја изгуби работата мораше да земе дома жена да и` ја чува ќерка иако ја плаќаше 2/3 од својата плата... ич не и` се исплатеше, ама немаше избор. Тешко им беше од финансиска гледна точка, ама малата си порасна, а братучетка ми си ја задржа работата. Тоа е.

    Големо ЗА за градинките. И сметам дека јас лично згрешив што ја запишав на 4 год., требаше порано затоа што и ние добри месец дена се соочивме со плачење, со одбивање на храна, со ноќно будење, повраќање пред градинка и сл., дури бев решена да ја отпишам, ама па размислив дека ако вака прави за во градинка, што ќе биде тогаш кога ќе треба да тргне на училиште :^) , дивтар ќе биде и јас ли ќе треба да седам со неа во клупа. :!:

    едит-МСкорпионка, зависи од бабата ;) :D
     
  3. Palchica

    Palchica Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2012
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    90
    Не ме разбирајте погрешно, градинката како уставнова е ок, но јас коментирам за возраста на детето. Во ред, кога човек мора да работи и нема кој да го чува детето - не станува збор за оставање на детето во градинка (дури и помало од 3 години). Но, еве некои факти кои го поткрепуваат моето мислење дека дете не треба да се остава пред 3 години бидејќи не е свесно сеуште, не се социјализира (појаснување: под ова мислам да си направи приказна во главата за да може да игра заедно со другите - а не да подаде играчка), дека непотребно доживува стрес, доживува несигурност и сл. Постојат истражувања кои го поврзуваат оставањето во градинка на толку мала возраст (под 3 години) и со појава на агресија и несигурност (линкови има подоле). Познавам деца кои станале многу агресивни, тепаат, гризат и тн. и тотално се имаат сменето откако имаат започнато со градинка (дечиња од по околу 2 години). Башка да не спомнувам за сиротите мали нон стоп мрсулави и разболени и земањето на боледување на мајката на скоро секоја недела/две по неколку дена (некои работодавачи и не прифаќаат многу чести отсуства - а работата му е потребна на семејството) - Имам 7 другарки кои се мајки и сите 7 од немајкаде ги дадоа децата во градинка порано и сите 7 се мачат со вируси, апчиња, сирупчиња, температури и отсуства од работа. Летово некои од нив нема да одат на море да го носат детето, бидејќи деновите од одмор им ги имаат сметано на работа веќе како земени (за отсуствата). Нема зијан да поседи со баба и дедо до 3 години (доколку е можно тоа), па на 3 години да тргне :) Ама очигледно има зијан да се оди порано, од сите веќе наведени причини... Што знам...не можам да кажам за другите дедовци и баби, но со моите дома знам дека ќе гледа само Discovery channel, Discovery Planet and animals, ќе си игра со миленичето и ќе има пре,пре,премногу сликовници и книги на дофат. Еве ги линковите на кои може да се прочитаат резултати од истражувањата дали или да не се остава толку мало дете во градинка:

    http://www.psychologytoday.com/articles ... e-day-care
    http://www.child-encyclopedia.com/pages ... d_care.pdf

    И... на крајот на денот... кога истражувачите и психолозите имаат одвоени мислења, што останува за нас :)
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Епа тоа ми е устави најмногу поентата, дека и дома можеш да го воспиташ на се' она што ќе го научат во градинките, да го шеташ, да го социјализираш, да му го исполниш денот за да не збеснува и да не му е досадно, само зависи од тоа кој го гледа...Ако оној кој го чува е Хурем Султан манијак или сл. тогаш правец градинка, но ако се има можност детето и дома правилно да се израсне бар првите години, тогаш според мене нема потреба од градинка...
     
    На lolyta777 и Palchica им се допаѓа ова.
  5. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Aко може некој предлог од искусниве мамички за добра градинка во околина на аеродром/центар? Под добра градинка подразбирам некое ваше искуство колку сте биле здоволни од храна,воспитувачки,целокупен порограм и сл. Благодарам однапред :)
     
  6. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    Градинката кај кружен тек и таа кај песталоци се супер. Реновирани, со голем двор, млади воспитувачки, убави играчки. Само што се преполни со деца.
     
  7. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Ние од вчера почнавме во градинка. Малата има 2 години и 4 месеци. Ме интересира дали некој го носел своте дете во градинката „Мимоза“ во Кисела Вода спроти шампионче и колку сте задоволни од градинката и од учителките-воспитувачките?
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.781
    Допаѓања:
    131.282
    ^ Среќен почеток, ви посакувам лесна и брза адаптација :)

    ОК е Мимоза, само како и во секоја градинка, зависи какви воспитувачки ќе му се паднат на детето. Јас имам лошо искуство со Маргита, во однос на воспитно образовниот дел, иако ќерка ми одеше само 2 недели. Малата престана да оди затоа што нон-стоп беше болна, ама и да не беше, или ќе ја префрлев во друга група, или во друга градинка. Ако задоцниме 3 минути на глава и се качуваше, иако се придржувавме до времињата кои таа ни ги кажа, и детево беше под неверојатно голем стрес дали ќе доцниме. Прво, не сме доцнеле богзнае колку, а втото, што има детето да го малтретира, ако има нешто да ми каже, нека ми каже мене. Им лакирала нокти на девојчињата, и им пуштала музика, онака, без концепт, ајде деца сега играјте. Толку се сеќавам, пред 5 години беше.

    Од другите то ги знам - Јуле (моментално е на породилно), Лиде, Марта, Искра (мижеби веќе е во пензија), сум задоволна. И градинката генерално е ок, немало никакви проблеми.
     
    На Kalina10 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Во овој 21 век да чуваш дете дома?! Да го воспитуваат и баби и жаби?? Да ми лута цело време по улици?! Значи и мајка и татко и баби и дедовци, да се измешаат во воспитување па да нема детето компас во кој правец да се движи?? Извинете, градинките се установи каде дечињата по мене е потребно да одат од најрана возраст, да стекнат навики и вештини, да се социјализираат како така ...
    Јас во минатиот век нели, од година и некој месец сум била во градинка со редовност па ете ништо не ми фалело туку напротив. Многу научив од социјализацијата со деца. Понатаму во животот е од помош.
    Сега веќе кога сите се испозафатени плус постариве мислам на баби и дедовци, гледам не се можни по 2 саата не па по 8 саати понекогаш и цел ден да чуваат деца, имате можност давајте ги во градинка. И упорност само, детето ќе прифати и ќе засака да оди. И да тоа дека се болни е веќе др приказна. Овие деца се премногу заштитени и преголемо внимание имаат па на некој начин тоа и им штети, а кај нив несвесно предизвикува само поголем стрес ... затоа треба да научат полека да се осамостојуваат, тоа секако се постигнува со одење во градинка.
     
    На AIT и slavica999 им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е извини, ама ти со вакво твое размислување и став од твоето дете утре ќе направиш лигуш. Дете неспособно да биде самостално. И можеби дете кое ќе ти се качи на глава толку што крај нема да му најдеш. Од преголемо емотивно и заштитничко однесување со децата вие не создавате дете кое утре ќе може да има умереност во својот однос кон средината. Нема од такви разлигавени деца да излезе човек кој ќе знае што е правилно што не и до каде се граноците на потребите, желбите и сл. И од такви деца има и агресивни, затоа што не знаат до каде се границите. Имам примери во блискава околина, од мали дигаат рака на секој затоа што не прифаќаат НЕ и НЕМОЈ.
    Сори, ама детето кога ќе си стекне навика дека си има обврска од рано наутро па неколку часа во денот многу полесно утре ќе се прилагоди на реалноста во која живееме, него ли дете кое по цел ден дома збеснува и само очекува да му се прави ќејфот. Има исклучоци и од таму и од таму, ама денес при можност тоа да оди во установи каде се дружи, учи и зајакнува ... да го чуваш дома и да го направиш паразит, не оди.
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Џули, ова е малце прејако кажано, мислам дека не си во право.
    Прво, што кажуваш од туѓи искуства, без разлика дали ти се блиски или не, и Второ што генерализираш во негативна смисла за нешто што е многу индивидуално, како за секое дете, така и за секоја фамилија.
    Јас во животот не сум била ниту 1 ден во градинка, па не сум нит неспособна, нит врзана за мама, а уште помалце агресивна. Ќерка ми има скоро 20 месеци, и се` уште е чувана од мајка ми дома, а така и ќе биде до 2.5 - 3 години оти НИЕ, како родители, така сме одлучиле дека е најдобро за неа. И тоа НЕ оти и јас и мм не сме оделе во градинка, туку дека го гледаме развојот на детето и она што е најдобро за неа, според нас.
    Таа со баба и` нит гледаат турски серии, нит плетат. По цел ден е пуштен Анимал планет, и кога не се на лулашки со другите деца, тие или цртаат, или пеат, или си играат улоги (готват, со животни, куклен театар)

    Никој не го оспорува ефектот на градинката како место за социјализација, ама да го форсирам детето од 9 месеци - немам намера, освен ако немам избор. Само колку за споредба - во блиска околина имам дете кое од 8 месеци оди во градинка, и побесно од него нема - не знае за Не, Нема, Немој, Легни да спиеш, Ајде јади - ноќна мора! Си имаа проблеми со гризење, касање, удирање, пцуење (кога почна да збори) затоа што така правеле и другите дечиња, и стигнаа до детски психолог. Значи, примерите се индивидуални, и секој на свој начин посебни.

    Нема потреба од напаѓање како нечиј став не е во ред, посебно и посебно кога се работи за ДЕТЕ. Верувај, а ќе видиш и кога ќе ти се случи, дека ништо подолу од НАЈДОБРО нема да му посакуваш, и вреѓа кога некој, од Х причини, ќе ти го направи детето недоветно/недораснато/агресивно, само затоа што не се вклопило во неговите/нејзините размислувања.
    Олабавете малце, барем на овие теми, затоа што се тооооооолку посебни, колку што има деца на светов.
     
    На mona2022, pepita82, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Тоа е мое реално мислење и да видено искуство од блиски и тоа доста примери во околинава ...

    Ако не ме прочита кажав и ова - Има исклучоци и од таму и од таму, ама денес при можност тоа да оди во установи каде се дружи, учи и зајакнува
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Прочитав, и баш тоа и сакав да ти кажам - дека НЕ се исклучоци, туку индивидуални и посебни примери. Зависи првенствено од самиот карактер на детето, од опкружувањето во фамилијата, од пристапот кон него, од од.....многу многу работи, и нема потреба од напаѓање и претпоставки какво ќе е нечие дете ако не се постапи според твоите размислувања.

    Верувам дека твојот избор ќе е градинката, барем според напишаното, ама чекај прво да се случи тоа па ќе коментираме тука :) Не верувам дека ќе си го оставиш детето против негова волја, кога ќе знаеш дека нит јаде, нит пие, нит спие во тие саати дури е таму. Едноставно, некои деца револтирано протестираат против градинката, и тука нема да помогне војничкиот пристап - Ќе поплачи, па ќе се привикни. И за тоа имам пример од дете кое 3та година по ред започнува во градинка, и дури СЕГА ја прифати како што треба (а не дека 2те години не го оставале да си се исплачи поштено, ама по цели недели детето буквално дехидрирано го земаа, оти одбиваше било што да стави во уста. Да не зборам како од весело и пргаво дете, стана затворено и уплашено, стравувајќи да не во некој момент го остават некаде против своја желба). И ете сега, на 3от обид, си оди како никогаш претходно да немало проблем со тоа.
    Нема правила....
     
    На mona2022, MSkorpionka, Mama25 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Kalina10

    Kalina10 Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    15
    Ви благодарам многу :)
    Ние тек почнавме, плачеме, не сакаме да одиме, ама се надевам дека ќе се адаптира. Мое мислење е дека НАЈМНОГУ зависи како ке се постават учителките-воспитувачките. Јас сум по професија нивна колешка,( одделенска). Во старт имам забелешки во врска со односот кон децата, ама се надевам дека тоа е повеќе од аспект на мајчинска грижа, но времето ќе покаже, колку сум во право.
    А да утрово баш и не ми се допадна она, еве уплатница еднава е за „Росица“ другата за материјали во градинката. Немаше ни дали сакате да зима „Росица“, ниту да се објасни дека материјалите ги набавува градинката. Некако само наметнуваат, без посебно образложение. :worried:
     
  15. mamma

    mamma Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    и моето дете тргна в градинка и плачеше секој ден по 2 саати околу 2 недели па беше болно 2 недели и не ја пуштав,а таман се беше 2 дена навикнала.сега се мислам дали да ја пуштам пак,ама кога ке се разлоши времето немам кола да ја носам а со такси не ми се исплака.и не знам дали да ја носам додека да залади или и по ладното да ја носам а има 2 години :^) :^) :^)
     
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Епа ајде да го кажам и мојот став околу ова прашање.
    Мојата професија е воспитувач,имам завршено Педагошки факултет и мојата животна желба е да работам во градинка.Од моето досегашно искуство во градинките кога одев на пракса од факултет и волонтерство од 3 месеци,јас искрено моето дете не би го пуштила во градинка доколку не ја знам лично воспитувачката и нејзината работа.
    Да,детето треба да се социјализира уште од мало да биде во средина каде што ќе може да комуницира со други дечиња,но и да научи нешто ново за него кое што ќе му помогне и тоа како понатаму кога ќе почне да оди на училиште и да се снајди во новата средина.
    По она што го видов барем во мојот град како се однесуваат воспитувачките кон децата ни под разно не би го пуштила детето во градинка.Со чест на исклучоци кои што вистински го заслужуваат тоа работно место.
    Градинките се полни со постари воспитувачки на кои што им е смачено од се,едвај чекаат да си одат дома, им е мака да зборуваат,а камоли да ги научат нешто децата.Тие се што знаат е кафето,муабетчето,а децата нека си играт со нешто само нека се мирни и не им обрнуваат воопшто внимание.Тоа е еден тим на воситувачки,вториот е онај кои што ги лечат своите фрустрации на децата и буквално им се дерат,а сум била сведок и каде што воспитувачка го удира детето.Секое дете има башка карактер и кое е потемпераментно и понемирно за разлика од некое друго дете,но тоа не е причина за да се тепа детето.Си има метод како да се казни детето кога е немирно пример во играта може да им се даде да игра некоја друга,а не таа што ја играат другите деца и тоа е доволно за да почувствува детенцето дека треба да смени нешто во своето однесување.
    Последниот тип на воспитувачи/ки е онај кој што од сите е посакуван,а е многу редок за жал.Воспитувач/ки кои што знаат како треба да се однесуваат кон децата,сакаат да ги научат на се и цело време во текот на нивното време го користат на децата и им обрнуваат што повеќе можат внимание.Доколку како што напоменав погоре знам дека воспитувачката каде што ќе оди моето дете без размислување би го пуштила во градинка,но ако е како двата погоре наведени примери,јас не би сакала детето да ми се враќа истрауматизирано до градинка и да не сака подоцна ни на училиште да оди бидејќи ќе има погрешна престава за тоа и ќе се плаши.
     
    На mona2022, MSkorpionka, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Мамички може ли некоја да сподели искуство како оди со запишување во градинка дали треба уште од сега да си резервирам место за напролет и од кога се уписите,зошто имам информација дека среде година не било дозволено запишувања? Инаку малата сега во фебруари ќе полни 3 години,фала однапред :)
     
  18. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека се тргнува од домашното воспитување а градинките и потаму училиштата се довоспитувачка средина!
    детето ако не е воспитано од мајката и таткото нема врска дали ќе оди во градинка или ќе биди чувано од баба или дедо тоа пак нема да знае за не немој и сл.
    јас искрено сум за градинка и планирам да го пуштам син ми. сепак детето си сака дечиња и заедничките игри се поинакви, па претстави па песни....
    после 2 години ако се вработам и порано планирам да го носам.
     
  19. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И мене ме интересира ова, ако може некој да каже. Колку време претходно треба да се резервира место? :lol:
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.023
    Допаѓања:
    198.957
    Пол:
    Женски
    Сакаме да го запишеме малиот во градинка. Има ли некој искуство со градинките во Маџари и Хиподром? Се работи за клонови на „Детска радост“ односно „25 Мај“. Секое искуство и совет ќе бидат добредојдени.