После 17ч има што работат до 18ч не дека не. Ама искрено во 2 градинки што сменив до 16ч беше празно. Веројатно сите се снаоѓаат за земање околу 15ч 16ч... што да ти кажам. Јас во приватна го запишав затоа што пред 17"30 нема кој да го земе. И мене ми викаа до 14ч 16ч било касно...
Во нашата кај што оди моето се случува најдоцна да остане некое до 16ч. Јас работев во една приватна градинка и ретко да останеа деца после 17ч, од 3 групи дали едно, две деца ќе останеа. Обично и таму 16ч до кај 16:30 скоро сите си одеа (иако градинката е до 17:30). На малава групата па до 15ч требаше со коронава да си ги зимаме, а сега незнам како ќе биде.
Од каде купувате топлинки/обувки за во градинка? Претходниот пат кога идеше не беше прооден и не му требаа иако имав земено кожни од Hippo. Се мислам за сега какви и од каде да земам.
Сега дека се стоплува времето гледај некои потенки. Јас купувам само од оние како чорапи од Ваикики зашто сафрава моја само тоа трпи на нога. Спојлер: Вака нешто
Кај нас од денес повторно сите си влагаат од главен влез(до сега сите влагаа од различно страни), без посебно време за секоја група, а тт мереа сабајле. До кога ќе мерат незнам.
Од Кеги или К&К секогаш, најубави ми се. Секогаш има избор и за тенки летни и за зимски. Обично знам и на попуст да ги начекам, но имаат секогаш и стара/нова колекција.
Во окаиди земав убави тенки околу 900 со попуст ги платив. Пред тоа од Ипанема земав ама на италијанската марка што ја имаат е од нејзе немале летна колекција за жал. Од Кеги Когел и Кеги шус не сум задоволна не се виткаат воопшто многу се тврди.
Само не зимајте од Вајкики, не чинат, се одлепуваат одма. Сега дека е топло му земав еспадрилки од Мат стар.
И нас вчера не известија дека може да останува до 18 часот и да ја носеме кога сакаме,мада за оставање не ни правеа проблем.Искрено ми олесна,таман на време,немам повеќе џокери да ја земаат порано,а и искрено сакам малку да ги олабавам бабите,цела година ни се на располагање. Инаку големата ќерка кога одеше во градинка до короната секогаш ја земавме накај 17 часот и полно деца остануваа,ги собираа заедно и супер им беше,ќе им дадеа да цртаат,гледаа цртани ,песнички,ако им се јадеше им даваа овошје или кифли што имале дента за ужинка. @Jana06 мислам дека во истата градинка се нашиве? Кај кој е твоето? Ние сме горе лево во таа занимална јасли Чекорче се водиме,кај Мони и Гоца. Не сум пишала на темава одамна,па да си кажам дека малата супер се прилагоди,сега е 16 месеци а тргна на неполни 9,плачките беа на почеток неколку недели,првото разболување беше после месец дена што дури чудно ми беше,за разлика од сестра и која после два дена си го заработи првиот вирус. Од негователките сум презадоволна,како ги гледаат значи секоја чест,ниту еднаш ми ја немаат вратено прљава,секогаш е скоцкана ,чиста,гледана,се гледа по детето колку е задоволна и среќна кога ја земам,а и се гушка со учителката,не сака кај мене.
Ние претходна недела тргнавме во чекорче, исто кај мони е моето и е 10 ипол месеци Првите денови не плачеше еве денеска се изнаплакал душа, како ќе биде со адаптацијата незнам
Охх,и мојата плачеше на почеток без престан,па и еден глас што има,ја слушав до доле на клупи додека ја чекав.Ќе се навикне,само трпение
Кај нас за време на штрајкот праша еден родител во групата, директорката рече дека ќе се одбијат тие две недели од сумата,ќе видиме на уплатница...
Jas i zemav ciciban od peko Nasata ne vrakase deca taka da bebeto go nosevme i vo strajkot Vo odnos na zimanje...vo vtora drzavna gradinka sme i soprugot obicno 3.30-4 ja zima do sega nikoj ne iskomentiral dojdi porano ne moze do togas. Od start im kazuvame nema baba/dedo nie rabotime i toa e toa