Еве јас ќе те утешам. Мојата исто беше плачка. Со никој не сакаше да седе. Без проблем уште од прв ден си појде на градинка од 8 месеци. Ниту еднаш не заплака. Мене ми беше многу страв, ама на крај добро испадна
Мојава ич не е плачка па 3 недели плачеше во градинка. Нема правило, можеби твоето веднаш ќе се навикне.
Треба да реагираме било што дали ке се оди кај градоначалникот дали на друго место да се пријави ама треба да се реагират јас сум за тоа Градоначалник е Пецаков ама ако одам само јас да пријавам ке речат не е точно тоа, јас сакам да се собереме повеке мајки и да реагираме Знам дека ако дадам отказ не го решавам проблемот ама навистина немат на кого да го оставам да го чуват,до денес сопругот беше на боледување а од понеделник кој ке ми го чуват,затоа и пишав тука ако има некоја мајка од охрид со истиот проблем да се собереме и да се жалиме да се реши ова
Најди жена за чување и да го решат проблемот да го запишеш сепак рачунај имаш адаптација која може да трае и 2 3 месеци Сега се зависи колку работата ти е лесна да најдеш пак ако дадеш отказ
Знам кој е градоначалник, затоа и ти реков да одиш. И плус пишете претставка до мтсп. Дури и да дадеш отказ немој така да го оставаш случајот.
Ти пишав и тебе и на уште некој. Ако одиш кај градоначалникот најверојатно ќе го решиш проблемот но само за тебе, како што го решив јас. Најдов врски. Ама редно е да се реши за сите. Кој и да сретнам по игрални ми велат - "еве чекаме сега летово да тргнеме памперс па здравје да тргнеме и во градинка" . Срамота.
Фала, конечно бидна. Не нее во Синоличка во истата кај што оди другиот батко го примија. Јас не го пуштав мојот, би ти препорачала да не го пушташ. Родители на едно девојче многу лошо поминаа.
Мислам две недели. Има и сипаници да знаеш низ градинките. Може сум ти кажала не ми текнува ама да знаеш кога ќе се роди бебе не го пуштај барем 2 месеци.
Барем сипаници имам прележано , поарно тоа. Па така и ќе се фати и пред пораѓај не планирам да го пуштам ни цело лето. Од септември таму
Добро е ко ќе се има можност така, мојот таман што ќе се породам здравје, второ одделение ќе почне. Страв ме фаќа од сега.
Ние го окркавме со бебето мада он 9 месеци го крка. Секоја настинка вирус ја фаќа од него и лепи на плуќа директ. Ние така се зезнавме дур бев во болница он одеше во градинка искочив и викам не го носам сега некое време и он баш тогаш донесе нешто дома.
и Ева спушташе директ. ќе помине тоа. Ева нема спуштено година и пол веќе. ми викаа до 3 години ќе биде така и беа во право.
Јас не го пуштав две недели од првиот случај , два дена појде, фати коксаки. Така да дур не се наредат неколку тури на една недела мислам џабе. Пред два три месеци имаше и сипаници. Добро пројдовме, релативно лесно со двете. Бебето фати сипаници, коксаки не.