Големата кога одеше во градинка фати шарлах (мислам нешто слично е како коксаки) и обавезно ги известивме во градинката. Јас една недела не ја носев, зошто заразно е секако и плус температура имаше, па големи болки во грло...
Ели не се плаши од коксакито, мислам не е опасно. Децава мои ги фати баш на одмор истиот ден чим стигнавме. Имаа плускавчиња кои ги болеа но ништо повеќе. После ме фати и мене, е јас немав плускавци туку како точки беа и ме болеа кога фаќав со рацете но ништо сериозно
Мојот лани ова време прележа. Никој не зарази од дома. А сите бевме со него. Една ноќ имаше упорна темпт, другиот ден се осипа околу уста, раце и пети. Не сакаше да јаде. За внатре во уста ми дадоа Дентинокс, ама не даваше да мачкам. Се повлече само.
Нема синко фатено. Ќе следам , ма да еве дечињата како јавуваат ден за ден изгледа брз период на инкубација е .
За 5 дена фати од контакт мојот, еве денес и бебето 6 дена. Бебето само исип. Кај големоот пројде за 3 дена, само температура 1 ден и болки во стомак и тело Не е страшно.
На дланките, лактите од надвор, колената и стапалата одоздола. Како плускавци. Сите различна форма. Немаше на лице и грло.
Ау мојата кога имаше шарлах две недели не одеше, и на 48 саати на контрола одеше. Имаше само температура и осип карактеристичен за шарлах. Антибиотик секако, докторот одма даде кога ја виде иако не рече одма шарлах, ама рече дојдете утре пак и беше сигурен дека е тоа. И по антибиотик една недела дома.
Нема досега. Имаше еден осип ама излезе дека е она “шестта болест” по грбче ,стомаче и нозе беше исфрлан.
Де бре колку болести напишавте паника ме фати...има ли нешто што нема? Зар ние кога растевме имало ова по цел ден на улици ни раце сме миеле пред јадење со сендвичите надвор... што се дешава периодов
Mislam imalo i togas ama nie ne go pamtime toj del valjda. Baska togas generalno na 3 god u gradinka se odelo imalo babi doma da cuvaat
И тоа што викаш ретко кој одел сега од 9м во градинка глава не можеме да кренеме. Повеќе сум дома него на работа од кога ми заврши породилново
Мене па сите школски другари од основно ми беа и во градинка, бабите иделе на работа и немало кој да не чува. Ама мајка ми вика сите не носеле со сирупи, сме биле болни и често во Козле. Инаку, стално се збори за коксаки, сипаници итн, а во оваа градинка кај што иде мојот досега не сум слушнала за некој случај или родителите не пријавуваат.
Сега излезе дека на едното детенце кај сестричката имало пред една недела и сестричката имала, а сега и он само мајката отпосле го пријави. Најверојатно од него почнало се. Браво, каква одговорност и цела недела одело во градинка Ради ова да ти се одмили и градинка и се. Ќе дезинфицираат и изгледа цела недела нема да примаат деца , додуша не ни планирам да го носам. Планирав да оди докај 10 јуни после да биде дома ради бебушот здравје, да не го отпишат потоа?
Кај малото во група скоро сите прележаа, кое како фати остана дома и толку. Мојата имаше само 3 брунчиња околу устата и неколку во пеленска регија.. Големата па кога фати пред 2 и пол години јас не ни знаев дека е коксаки, ја носев на 3 доктори,општ,педијатар и кожен и ниеден не рече дека е коксаки. А тоа беше,милион посто сум сигурна. Не знам од кај префатила, ама околу10 дена си седеше дома.