Негователките сами викаат да се носат преку лето деца никој нема да ти го отпише секако оди си директно во управа.
Имаше сипаници кај мали во градинка, а јас немам прележано и им најавив дека три месеци нема да го носам, дека бев на почеток на бременоста и не го отпишаа. Сега исто планирам од кога ќе се роди бебето два месеци да не оди.
Па ако сакаат да ти пишат дека поради здравствени причини (на пример уво) нема да присуствува ...месеци
Имам прележано варичела, морбили и заушки и ред други вируси. Ние не памтиме, туку на мајките маката била.
Супер баш ми е мило,се надевам дека сите ќе го решиме проблемов затоа што ова нема смисла вака да ни прават јас бројот го дадов и на други мајки па ке видам што ке наоравиме Има самохрани мајки кои навистина нема кој да им ги чуват децата за ова одиме до крај мора да се реши овај проблем јас дадов број и на други мајки ке се жалиме и тоа е Работата ми е супер и мака ке ми биде ако откажам,сега мајка ми ке дојде да ја чуват ама нема да може нон стоп да е тука,ние живееме во друг град а моите родители и родителите на мојот сопруг се од различни градови,знам дека за адаптација си треба време ама нека ја примат па ке се снаоѓаме некако додека се навикне
Абе така е дефинитивно. Не одев во градинка, ама после од 6-7 г бев стално болна ама немав коксаки, шарлах, морбили, заушки тоа ништо немам поминато... освен крупната сипаница и тоа многу покасно кога пораснав. Тоа ми беше зборот сега некако ептен триста вида вируси и заразувања кој што прави ние сме дома @Калинаа20 барај жена со време. Твојата плата давај и ја на неа. Подобро него отказ дури најдете решение
Ova e ziva glupost,ako moze bebe da pratia na odmor 2 mes na more da sedi so baba i dedo zar ke go otpisat...
Ќерка ми фати коксаки кога бев 7 месец бремена, дома никој не не фати. Таа помина лесно со неколку плуски на дланките и стапалата, не ја ни болеа, само имаше тт еден ден и не јадеше 2-3 дена од плуските внатре во грлото. Релативно лесно помина. Те разбирам, истиот страв го имав. Инкубацијата е до 5 дена од контакт. Кај неа сите во група фатија. Е после два месеца очекувајте ноктите им паѓаат и растат нови. И тоа не е страшно, не ги боли.
И јас не одев у градинка и како почнав у школо цело време бев болна, најчесто грло и завршуваше со 10 инекции пеницилин Како и да е, период на болести мора да помине, а почнува со социјализација на детето во градинка/школо. Педијатаркава ми вика штом оди од 9 месеци во градинка, до 3 години е маката со често разболување.
Мислам дека летоска може да прават отстапки. Кај нас нѐ прашуваа дали ќе ги носеме цело лето во градинка и имаше мајки кои 2 месеци не ги носеа децата во градинка и не ги отпишаа
плаќај си редовно и нема да го отпишат детето. јас год дена си плаќав а не одеше. секако, најавив дека нема да оди поради тоа што лежеше во болница, да не држи место да си примат друго дете и си плаќав 521 денар месечно за местото. не однесов документи ништо.