Nie pocnavme vcera, keke mi e 14 meseci. Vcera sama si podade racinja kon ucitelkata i si vleze vnatre. Posle toa se rasplakala valjda koga svatila deka me nema. Vcera sedese 30min. Denes malku zakenka na ostavanje, pa posle si pocnala so placki. Ne sakala da jade, se napila samo voda. Bese presoblecena valjda se ispotila od tolku placenje, sedese 1h. Srce mi se kine koga ja gledam kako drhti koga ja zimam, ama mora da odi, za nekoj den ke se porodam nema da mozam sama po cel den so dve malecki
Не верувам дека коментарот беше злонамерен. Напротив, многу од нас биле во иста ситуација и дури сме дискутирале тука околу истото. Околу најповолниот тајминг, и од емоционален аспект за детенцето кое започнува со градинката, но и околу поклопување на фазите на адаптација и породување.
Прво, многу е специфично и чудно да пратиш дете во градинка пред пораѓај. Емоционалниот момент дека детето го оставаш за да направиш место за нов член кај 14 м може да боде тежок. Многу тежок. Второ, треба да бидеш спремна дека дете кое почнува со градинка 99% ке почне со вирози и бактерии. Два дена во градинка, две недели дома. Потешко ке е со едно бебе и едно болно дете, отколку со две здрави. Плус бебето може да фаќа се од поголемото.
Мене гинекологот ме советуваше да не прекинуваме со градинка заради бактерии и вируси. Од емотивна страна, ми рече да го следам однесувањето на детето.
Калина ако може да споделите за во која градинка конкретно во Охрид е муабетот? Пред некое време бевме да прашаме за запишување кој документи и што е потребно во централна и не ни спомнаа ништо за пелените, а претходно тика на поминување зборувавме со воспитачка во Лихнида и кажа дека немало врска за пелените, некое дете порано некое подоцна ќе се освикнело ама дека добро е да се искористи летото за одвикнување ако детето има предиспозиции за тоа. Јас секако сакам да пробам летово ама не сакам да почне в градинка па после да ми вршат притисок ако не се одвикне.
Јас нема да ја пуштам мојата две недели пред терминот за породување, ни еден месец откако ќе се породам, а може и повеќе.
Дали има некој да ми даде бр од др Мирка Шалиќ, само фиксен број наоѓам на интернет но никој не му се јавува.
Ние склоп на штрајкот, седеше скоро 3 недели дома пред да се породам, се породив неколку дена пред да заврши штрајкот... си викав ај бар ќе биде здрава... понастината не можеше да биде.. марфи. Дојдовме дома и да го види бебето, му кивна у фаца. И јас правев математики, ама нема правило. После 2 дена со мене и бебе дома, побара да иде у градинка, зашто бебево било досадно. Си оди малтене од 1 недела кога беше бебево. Фала Богу, освен мрсули ништо не донела. И ја сум настината од нејзе деновиве, на бебко ништо не му е.
Не би пуштила на адаптација пред пораѓај, всушност не го ни одделив од спална мојот, заради тој момент, но редовно си одеше од кога ги отворија градинките, не му прекинав ниту дента кога се породив, ниту кога се вратив дома. А за вируси, па 6м има има 5 вируси пројдено вклучувајки и варичела и коксаки. Но среќа лесно сите ги поминува. И тоа ќе оди на 9 м, тоа е. Не сакам да му го нарушам секојдневието, убаво му е таму.
Ќерка ми месец како оди во градинка, првата недела со плачки пред да влезе, сега веќе се адаптира. Но еве од пред 4 дена почнaa зелени мрсули да и течат , сега ја однесов на лекар кажаа ларингит.
Бебе мое на 16 дена замалце на апарати за дишење ќе завршеше од брат му од градинка што донесе вирус. Размисли убаво на постапката бидејки бебето го ставаш во ризик.
Те читав тој период знам колку ти беше тешко и да не ме разбереш погрешно ама бебе може да фати од било кој. И да не иде во градинка пак нема да го затвориш дома, ќе излезе на лулашки, игротека. Пријатели наши фатија вирус од бабата, таткото и бебето беа хоспитализирани, мајката и другото дете малку полесно поминаа. Стварно нема правило.
Се е тоа супер. Ама да сум сега трудна и да треба син ми 20м да седи со мене. Сами ние 3ца нема шанси да го изведам тоа. Он не застанува трча дома, трча надвор. Да го земам него и бебе во количка тоа би ми било неостварливо. Ние 2ца не можеме да се справиме со него. Јас кога се породив толку бев хаос спиев цело време кога спиеше бебе. Ајде со ад е лесно, ама со доење што прајме. Ќе цица на 1ч, па успат да се истушираш, молзиш, пумпаш, миеш гради и се тоа со бебе од 14-15м шанси нема сам освен ако немаш бебиситерка или баба сервис. Друго е со дете од 4-5 години и поголемо. На сестра ми се 6г разлика и малиот и помага со бебето.
Бебе на 14 месеци сака секаде да се пентере и да оде. Мојата е 16 м и уште не оде сама. Сега да имам уште едно бебе не би можела со двете сама, а најчесто сум до 19ч. И поголемо да е детето пак има шанси да се разболе и да пренесе на бебето. Големата ми е скоро 5г па лани се разболе и пренесе на малото кое имаше 6м тогаш. Мајката погоре требало порано да го пушти бебето на адаптација,а не баш сега.
Син ми имаше 1,5г кога се породив со второто. Сами бевме до 5 после првиот месец. Едноставно се навикнуваш да функционираш и се прилагодуваш на ситуацијата. Бебињата спијат цело време па тоа го користиш да му посветиш време на првото. Дремката му ја темпирав со бебето и супер беше