Па и не баш. Можеби првиот месец, ама има бебиња кои не спијат цело време. И јас мислев дека спијат, ама од искуство на ептен блиски видов дека не е така.
Не мора да значи дека ќе ги донесе сите вируси дома.Моето иде од септември дали 5 пати е се на се разболено до сега, редовно си оди.Од педијатар кажано ми е дека за да стекне имунитет подобро е да оди помало детето во градинка отколку поголемо.
Се тоа ок ама поголема е шансата повеќе од градинка да носи. 3 месеци го чував дома и двајцата ни еднаш не се разболеа го пуштив за 3 дена двајцата со бактерија и бебето бронхит.
Иста ситуациjа така терав, не jа пуштав некoе време вo градинка. Има денoви кoга сум сама сo дваjцата и навечер, е тoа е правo лудилo.
А дете што иде у школо нема ли во школо да го пуштите ако сте пред пораѓај или имате новороденче ? И тоа може секакви вируси да донесе дома. Членката си кажа детето како поминало во градинка, не ни побара совет дали да го пушта или не. Секое дете е различно, а и секое семејство, па тргнувањето во градинка на постарото дете може да биде најдобрата одлука, а за некој друг да не е.
Школо и градинка ич не е исто, башка што ни дете од 6 години и бебе од 14 м не е исто. Таа не побара совет точно, ама пишува на јавен форум каде што секој може да реплицира.
А така ли? Јас имам внука што не одеше многу во градинка и во школо кога појде беше често болна. А школско дете не може да пренесува? Бидејќи за мало бебе е муабетов, тоа да се заштити.
Мојот не одеше во градинка воопшто, годинава е прваче и еве го до сега, да не го урочам, се нема разболено од училиште. Освен растечен нос и лесна кашлица зимата, што и дома ко беше се случуваше нормално. Е сега август ко ќе се породам, нареден месец ќе почне второ и баш ме фаќа паника за бебето. Нема ни сипаници прележано. Се надевам ко годинава ќе поминеме и нема многу мало да префаќа вируси, бактерии.
Има еден бенефит од тоа поголемото дете да оди во градинка/школо кога има мало братче/сестриче. И да му ги носи сите вируси и бактерии, не значи дека се ќе прележува, ама од друга страна, ќе ојача малку за кога ќе почне во градинка полесно да ги поминува инфекциите од истите или слични вируси и бактерии. Ама се е до детето и до имунитетот сепак, не се сите исти. Јас лично не видов мака со малиот кога се роди, брат му си одеше во градинка. И од училиште и од градинка може да се носат истите бактерии и вируси, со тоа што кога е поголемо детето може да биде носител, што значи дека не мора да се разболува, ама може да му пренесува на бебето и тоа да се разболува. Пак ќе речам, се е до имунитетот, а тоа не може да се предвиди.
Еве јас сум со 18м дете и 2м бебе дома, не почна во градинка баш од што ми беше страв и од вируси и од многу промени да не му дојдат наеднаш и бебе дома и градинка. Дали е паметно незнам,дека ќе ми беше полесно можда, а можда и ќе се испоразболеа и двајцата па ќе беше бетер може и тешко ќе прифатеше поголемото па и тоа мака плус,а може и нема. Не велам дека мајката лошо направила што ја пуштила она си знае најдобро дај боже да прифати супер само кажувам дека и со 2 дома се може,т ешко но ете се привикнуваш и тераш. Да кажам како е како паталец од ваква ситуација
И мојата керќичка почна лани септември в градинка а јас октомври се породив. Ако е за утеха и мојата така плачеше, несакаше да оди воопшто во градинка, со плачење ја земаше воспитувачката цели два месеци и мене ми беше мн тешко, меѓутоа пострпено времето на седење в градинка го зголемвавме и неколку месеци седеше од 07-12ч. Постепено се навикна на воспитувачката и негователката, почна да игра со дечињата и ја прифати градинката. Од април месец останува и со спиење и ја земаме во 15ч. Дечиња им треба време да ја прифатат новата средина. Мн полесно ми е пто оди во градинка а јас се грижам за бебето и кога ќе се врати балансирам со двата иначецел ден сама со двата вервај мене ми е премногу напорно. Остави на времетомислам ќе сенавикни постепено на градинката. Поздрав мила и можам да тесфатам колку ти е тешко ама фаза е ќе помине. А во однос на вируси и ќерками се разболи неколку пати па само еднаш ми пренесе мене и на бебето. Зборот ми е и да не оди на градинка вирус настинки може и од др да се префатат дали од таткото, бабата и сл
Здраво ние бевме кај што се подаваат дукументи за запишување,ама за пелените ни рекоа дека треба да ја одучиме и не само мене и на други мајки,за жал јас морав да напуштам од работа и денот кога дадов отказ пак појдов им реков и не ми ги спомнаа овој пат пелените дека се проблем туку тоа што нема место и плус биле две воспитачки со 21 дете,ако се ослободило место ке ја примеле,од тука заминав да се запишам за на разговор кај градоначалникот ама еве сеуште немам одговор дали ке бидам повикана, неможе ова вака еднаш пелените се проблем е сега нема место секое одење е со изговори,кога тргнав на работа причина за да не ја примат беа пелените,знам уште една членка тука исто имаше проблем беше кај градоначалникот и заврши работа се надевам дека ке успеам да појдам на разговор
Дали има некој што со сопругот се водат во различни општини, а живеат во трета и даки успеале да го запишат детето во градинка?
Од дете што едвај чекаше да оди во градинка после 2 месеци дома,тргна неколку дена па пак дома,таа недела не одеше заради вакцина,овие два дете од инатет повраќа во кола,плаче не сака да оди.Ми се јавија дека не сака со никој да си игра знам дека ако и попуштам нема да сака да оди воопштво,стварно незнам што да направам
Наш е станот, ама сеуште немаме имотрн лист и не можеме да сменеме лични карти. Најверојатно со договорот ќе може да завршам работа