Ние сме тројцата на иста адреса ама живееме во друга населба. Ништо не ми рекоа при упис, нит договор, нит ништо. Освен ако се работи за Карпош тогаш не може.
ako se javis na pravo mesto nikoj nisto nema da ti kaze za adresite. Inaku znaat da praat problem. Pred nekoj den vo nasata gradinka im objasnuvaa na edni roditeli deka i pokraj toa sto se ista opstina adresata im e daleki od ovoj klon
Здраво на сите. Сакам да го запишам детето во градинка, меѓутоа јас сум моментално невработена и ќе треба на пријавата за упис да го наведам тоа. Дали се зима во предвид тоа во смисла да не ми го примат детето во градинка зашто еден од родителите е невработен? Секако ова е моментално ,јас ќе се вработам во меѓувреме. Се работи за градинка во Карпош. Знам дека секако се чека, ама каква е ситуацијата во ваков случај? Благодарам
и со двајца вработени ептен тешко, со врски и со чекања, а вака тешко... аплицирај ти нека ве има во систем, па после ќе следиш ситуација и со вработување и со примање на детето
Јас пред неколку години запишував дете во Карпош во градинка. Најбитно беше да ја има адресата на живеење во мапата на градинката. Ние двајца бевме вработение ама во група имаше многу деца со еден вработен родител. Клонот е меѓу куќи и нема многу згради на тие адреси па нема ни премногу гужва можеби и затоа беше така. Ако сте на „точна“ адреса би требало помалку проблем да биде. Особено сега со Стевчо и неговите измишљотини.
Да прашам малата сакам да ја запишам во градинка 2 години е, ама уште не е вакцинирана за мрп. Дали можам да аплицирам за упис па потоа ако ја примат да ја вакцинирам?
Можеш да аплицираш се пополнува само апликација и се носи. Откако ќе ја примат тогаш бараат потврди од раб, од педијатар, вакцинален картон, досие пополнето итн... Бар вака е во повеќето градинки.
Мојот има 2ипол год. Од септември е во оваа градинка и денес прв пат едно другарче славеше роденден. Мајката прати покана во група. Исто и јас го прашав моето,сакаше да оди и отидовме. Со никој родител не се познаваме ,освен на лик при земање/носење. Имаше 3-4 родители седнати (за кои одпосле укапирав дека се од градинка) се поздравивме со славеникот и мајка му,предадовме подарок и одма мојот влезе во игротека. Женава се потргна,јас застанав кај децата. Луѓе 30мин на нога ги отстојав никој не се освести да ми понуди столче да седнам. Издржав уште 30 (подседнав на една табуретка во близина) и си отидовме. Детево ми бара сокче,ниту не понудија ,ниту знам каде има да му дадам. Па се прашувам дали јас имав преголеми очекувања,или згрешив што отидов а никого не познавам. Или можеби мислеа дека ќе го оставам моето дете само на роденден? Само сакав да им биде убаво на децата,да се дружат,а толку мизерно ,непристојно и недобредојдено се чуствував.
Е да, и ние не се познаваме многу ама од родителски сме се виделе. Јас културно би прашала каде може да седнам. Не знам... сепак е сплет на околности. Ќе се запознаете со тек на време, па ваљда нема да има вакви ситуации во иднина.
Јас сега славев роденден во игротека, поканети беа од градинка. Некои знаев, некој не, си се запознавме. За сите си имаше столчиња/маси, шведска маса за послужување, пијалок келнерот си поминуваше стално. Обавезно и до нив седнував, да си направиме муабет. Децата си беа во внатрешниот дел, си имаше аниматори и масичка за нив внатре со грицки и сокчиња, воопшто не ни доаѓаа кај родителите, се имаше таму, си се изнаиграа до максимум. Очигледно кај што се биле баш не биле ок организирано.
Да, сме биле неколку пати. Ептен се радуваат сите дечиња дека се знаат. Како родители се знаеме веќе горе доле тие што одат редовно, а ао едни родители и приватно почнавме да се дружиме, ептен се погодивме. Немало ситуација како твојата, и јас мислам дека не биле баш организирани.
Искрено, баш би сакала да ја викнат на роденден кај што не морам јас да присуствувам. Ама сигурна сум дека не би седела она така, а јас да си отидам, без разлика и да има деца што ги знае од градинка. Не ме бара којзнае колку, ама ѕирка да сум и во видно поле. Искрено ситуацијата погоре мислам дека мајката сама си ја направила. Сум била на роденден во игротека кај пријатели на маж ми, си факам маса и си почнувам муабет со кој е до мене. Не очекувам дека луѓе што не ме познаваат нешто посебно ќе седат да ми прават муабет (таткото на славеникот си муабетеше со маж ми, мајката ме поздрави кога влегов, и тоа е тоа). Сепак на детски роденден битно е децата да се анимирани, а јас како родител сум таму дека морам. Си направив рандом муабет со жената на маса (дадилката на славеникот), поминаа 2 часа и толку. Океј си беше како што очекував, ќерка ми битно ја сретна Елса и нејзе топ и беше проводот.
Возраста не дозволува да го оставам сам на роденден. Прво со непознати луѓе ќе ме бара мене. Второ, не може сам да оди во вц,пак морам да сум тука. Едно е да одиш на роденден кај пријатели, друго кај сосем непознати луѓе. Имаше празни маси околу делот кај децата,но како да седнам и да зафатам место ,ако таму било планирано некој друг гостин да седи? Нели секогаш за прослава си планираме кој каде ќе седи,колку гости ќе имаш. Најискрено отидов да се дружат децата,да му направиме ќеиф на славеникот,а и на моето дете. Сигурно и моето ќе е среќно да му дојдат другарчињата на роденден.
Ќе знаеш за следен пат. Прашај си, не е ништо страшно тоа. Јас на првиот роденден кога бев никој скоро не познавав и прашав каде седат мајките и таму седнав. Има мајки кои не сакаат да седат, има такви кои покрај градинка се блиски и од друго место приватно... ама од мое лично искуство, не секогаш можеш 100% на сите да се посветиш, на некој повеќе на некој помалку, кој се лути нека му стои. Што знам, сепак особено кога се работи за другарче од градинка мене ми е нормално дека ќе седнам до мајките, а во игротека распоред на маси и нема некои посебно наредени, тоа се е кој како доаѓа и си фаќа место. Ќе знаеш за следен пат.
Леле и јас го видов ова само што тргнав да го споделам линкот гледам ти си ставила.Па дали е ова нормално,покрај сите секојдневни грижи што ги имаме и од вакви работи да се плашиме.Само Господ да ни ги чува најмилите дечиња,друго се е џабе
Додека не го фатиме сите за уши тој што одобрил употреба на градинкава и сами не го однесеме во затвор нишо не праиме.