Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    19.096
    Да имаше луѓе кај нас сега тие родители пред општина ќе беа. Ама роднина го носи таму и пишав и и викам сеа што ќе прајте? Ми вика " ништо де тоа е се дешава'".
    Дури има овци ќе има волна
     
    На Izzy_0504, Bebac, Осе и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.847
    Допаѓања:
    142.443
    Дали градинката уште работи? Дали свесно децата се ставаат во ризик?!

    Таванот на градинката „Мајски цвет“ во скопско Тафталиџе паднал бидејќи не бил направен соодветно и според прописи при реконструкцијата пред две години. Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека побарал увид од експерти при што биле констатирани недостатоци при изведбата на плафонот.

    „Конструкцијата на шините е конструкција за ѕид, а не за плафон, осовинското растојание е од 65 сантиметри, наместо да биде 50 сантиметри. Значи секоја табла требала да биде поставувана на 4 до 5 шини, а овде е поставувана на три. Втората голема причина е што шрафовите се премногу набивани и практично, оној слој на хартија што ја држи гипс картонската плоча е пробиен. Третата причина е што местењето на гипс картон на таван има свој систем, а овде се лепени цели плочи. На еден сосема мал дел натежнала водата, што придонело целиот плафон да се сруши како кула од карти. Ќе побарам вештачење и уште некое експертско мислење. Јас се плашам дека може да се урне целиот таван од оваа градинка направена во 2019 година“, рече Јакимовски.


    [​IMG]
    Градоначалникот вели дека ќе побара ребаланс на буџетот за да се изврши санација и да бидат децата безбедни.


    Градинката „Мајски цвет“ во Тафталиџе беше реновира во 2020 во времето на ексградоначалникот Стефан Богоев. Изведувач на градежните работи е фирмата ДГПП „Инженеринг гроуп“ од село Желино, Тетово.Тогаш од Општината информираа дека по неколкумесечна интензивна работа направена е реконструкција на сите тоалети, променети се прозорците и вратите, за да се подигне и енергетската ефикасност на градинката, но и да се намалат сметките за загревање за 30 отсто. Исто така, направена е целосна реконструкција на фасадата, на дел од кровната површина, како и на повеќе занимални.

    Родителите да си ги приберат децата, очигледно на никој не му е гајле за безбедноста.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    19.096
    Он се плаши дека ќе се урне? А зашто клуч на врата не ставил не ми е јасно?
    Прво стојанче гледаше во дупката сега овој седи и гледа во дупката.
    Банана држава.
    Реков и претходно сами сме криви
     
    На azelea и Cka им се допаѓа ова.
  4. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Објектот е затворен. Децата се префрлени во другиот објект (старата зграда). Имале капацитет за згрижување затоа што бројот на децата во групите бил намален поради летните одмори.
     
    На mal.ecka, KuklickaSk и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Син ми почна да оди во градинка,има 4.5год,одеше 3 дена и после фати стомачен вирус и не го носевме 5-6 дена.Сега не сака никако да оди,плаче,вриска, а обично не е плачко,не му се свиѓало во градинка, не сакал да јаде таму, учителката имала наочари и сл.Мн е тврдоглав,незнам како да постапиме, колку повеќе инсистираме толку повеќе се инати, сабајле го однесе маж ми еве уштеплаче неможе од кола да го изнесе.Цело време збориме за градинка дека е убаво да иде, дека ке стекне другарчиња, му реков дека ако сака немора ни да јаде само да иде да се поигра и пак џабе,не сака да оди никако,и се нервира многу,плаче,незнам како да постапиме.Вика не сакам да одам у градинка и крај,неми се свиѓа таму.И плус дома многубидна лош,ништо не не слуша,буквално ни ги тренира живците, по цел ден глупости и бељи прави, јас сум бремена, само по него одам и со мене е најлош,од едно ке го тргнам дтуга глупост прави.Кажете некое чаре, супер дете беше
     
  6. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.289
    Допаѓања:
    19.096
    Чаре да одиш да поразговараш со негователките они имаат искуство. Прво види они колку се желни без нив ништо не правиш
     
    На hotsauce и macalavica им се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Епа колку поголемо детето, толку потешко да се привикне. Валидирајте му го чувството дека не сака да оди и може да не му се допаѓа ама нема друг избор и дека ќе му биде убаво кога ќе ги запознае децата и ќе игра со нив.
    Знаат учителките како да ги адаптираат, ама и вие не треба да покажете дека се двоумите.
    Зошто ова дете за 1г треба да оди во школо, и таму ако учителката има наочари и не му се свиѓа, што ќе правите?
     
    На the.vampire.girl, Larahappy, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.143
    Допаѓања:
    111.133
    Пол:
    Женски
    И јас сакав исто да пишам, ова е веќе големо дете и според пишаното на мајката со него се комуницира убаво и јасно, само со разговор се решава ова. Објаснете му дека мора да оди, дека нема кој да го чува, дека ќе треба да оди и во школо следната година и дека треба да почне да учи веќе за да биде спремен, па таму дека ќе има другарчиња, дека ќе ги носат надвор да трчаат, да играат, направете го филмот кој он сака да го види.
     
    На Milkiway, macalavica и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Не е само до оваа членка туку општо до сите нас вклучувајќи ме и мене. Ние сами ги мазиме многу, и не е тоа лошо, ама за некои работи мора да биде како што ќе каже родителот, без сакам/не сакам.
    ' Жал ми е ако не сакаш, ама мораш, немаш друг избор'.

    'И мама не сака секогаш на работа, ама оди'.

    Нема живтот секогаш да им биде по желба, за жал. Мора да се научат.
     
    На the.vampire.girl, Amelia., Larahappy и 12 други им се допаѓа ова.
  10. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.271
    Допаѓања:
    4.938
    Пол:
    Женски
    Цело време разговараме со него, со месеци пред да тргне му збориме за градинка, и супер прифаќаше.Денес се врати ,му се налутив,разговаравме, се смири некако па се вративме во градинка,да сме орашале дали можам да седам со него ако не му ветив дека ке го чекам надвор,ама учителкатане го прими,зашто касни,9 саат бидна, и се договотивме демек да не ме казнат денес да не ми викнат полиција дека утре ке идеме на време, и јас да го носам и да го чекам,јассум на строг бед рест бремена со серклаж ама ке го носам.сенадевам дека ке прифати,најтешко му е кога ке мукажам дека сум му лута,сега цивка да сме се помиреле.
     
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.488
    Допаѓања:
    22.822
    Пол:
    Женски
    Не знам дали си читала низ темиве.
    Мојата тргна на 15 месеци и беше супер за одеднаш после вториот роденден урлање, вришрење, ноќе дење, неќе да оди.
    Тука ме советуваа многу а и имав поддршка и од учителките.
    Ја носев по пижами и боса, без сменета пелена у сред зима.
    Воспитувачката ќе ја земеше, чудно ама плачеше и пружаше раце накај неа... Ќе ја пресоблечеше сменеше пелена, ми викаше, оди, не стој, не се грижи јас ќе средам. И многу сум им благодарна на таа соработка.
    Потоа обавезно ќе ми пишеше мајка се смири дете да не ја мислиш.
    И така беше 3-4 месеци.
    Таман се навикна оп корона.
    Година дена не одеше. Тргна, демек сакаше.
    Одеднаш, не сакам, јас сакав само еден ден, неќам д ајадам, неќам да спијам, овој вака ми праи, оној така...
    Голема е па и кажав, дека тоа така не може, мама и тато мораат да работат, нема кој да ја чува, малце ја излажав дека нема да ја примат у школо ако не оди во градинка. Дека едноставно не е убаво да каже прво сакам, па неќам.
    Односно еден ден да оди, па кога сака да не оди.
    И сега знае некогаш да каже, може ли да пропуштам градинка.
    Викам може, кога ќе имаме одмор, сега не.
    Ќе се буни, ќе пробува ама на крај ќе види дека не може се по нејзино.
    Иначе со дечињата се неразделни буквално по цел ден се заедно, преку ден таму, попладне на лулашки.
     
    На the.vampire.girl, Amelia., Осе и 3 други им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.309
    Допаѓања:
    28.093
    Мајка, не му се лути, легитимни му се чувствата и тоа е голема емоција за него, ама мора да се навикне. Не знам како да објаснам, ама не треба закани со полиција и со лутење. Само цврст став дека мора да оди зошто нема кој да го чува, дека убаво ќе му биде, мама ќе го чека после градинка, ќе му купиш сладолед итн... без попуштање, ама и без лутење.
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.999
    Допаѓања:
    13.799
    Јас сум доказ дека болдираното нема врска :) Мојата појде во градинка на 4 години и 3 месеци, па со мерак оди. Дури и самата ме прашува кога е сабота дали ќе оди. Се зависи до детето.
     
    На eli25, zuto, KuklickaSk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Дали е нормално дете што почнува во градинка, да го прими воспитувачката, да го остави да плачи и да си излезе на цигара на тераса? Првиот ден отиде со смеење ( оди кај сите и не ме бара, лесно се заигрува). За сат и пол го зедов цел уплакан, со мрсулчиња. Ок си викам процес е мора да помини. Следниот ден веќе плачеше кога го оставав, не сака да ја види воспитувачката, го зеде го внесе и како што си одев го слушам кај што плачи а таа надвор со цигарата. Третиот ден го зеде некоја друга воспитувачка, пак плачеше. Останав малку надвор да видам дали некој ќе се позамара со него. 15 мин плачеше без престан и си заминав не можев веќе да слушам. Го зедов пак уплакан, уште кога одев да го земам само тој се слушаше. Само кажаа на земање дека воопшто не каснува од доручекот и тоа е. Не знам дали јас имав преголеми очекувања дека полесна е адаптацијата или тие не се замараат воопшто...
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DoubleK

    DoubleK Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2020
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.187
    кај нас ништо не кажуваат оти нема што да кажат.ни учат нешто ни ништо, секој ден дете без пелени од таму мочкао во гаќи да земам. мајка или ќе навикниш или приватно или ќе полудиш.јас кренав раце тоа е државно среќа на кој ќе му се погодат фини кај нас се ужас
     
  16. zemzela91

    zemzela91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2020
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    275
    Пол:
    Женски
    Верувам. Кога го враќаат викаат плачи оти сега пробавме пелена да смениме, а ни пелена е смената ни ништо, а и зошто би сменувале пелена кога го носам во 8 чист среден. Освен ако не е какан, а нр беше за сат и пол нема потреба ама тоа е изговор дека затоа плачи. Не можам да се навикнам на ваков третман, за тоа земаат плата, треба да ја работат професијата што си ја одбрале.
     
    На Осе и Madrugada им се допаѓа ова.
  17. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Мајки дај кажувајте чаре за Мораксела бактеријата. Сите дома ја имаме (најверојатно поради симптоми) кашлица неподнослива иритирачка. Нос сега престана да им тече на децата но сите кашламе, матичниот ни даде Цитерал капки за нос кои малку помагаат но не е тоа тоа, веќе недела дена уште симптоми не престануваат. Од Детска клиника, пулмологот неке да чуе за терапија без тт, спуштање на гради, и таквите посериозни комликации. Тој за Moraxella не давал антибиотици. Како се изборивте со неа, споделете некои искуства
     
  18. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.539
    Допаѓања:
    4.295
    Пол:
    Женски
    Само чистење нос со физиолошки и со шприцеви - види на youtube точно како треба:

    Со ништо друго не може да се исчисти носето толку добро, како со ова.
    А за кашлицата - може и долго да трае, реално без симптоми и не треба антибиотик, до сега јас не сум дала, само вака сме ја чистеле.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ednostaven

    Ednostaven Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    216
    Им го чистам и јас вака кога има обилно секрет. Ама сега немаат веќе престана само кашлица неподносливо упорна.
     
  20. ivana--aerodrom

    ivana--aerodrom Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.039
    Ние зимата ја поминавме сите. Исто додека не качи температура не и дадоа антибиотик, поминувала и сама од себе со редовно чистење на носот.
    Кога качи температура после недела дена и дадоа и антибиотик па се среди, ама цел месец се боревме со неа.
     
    На Ednostaven му/ѝ се допаѓа ова.