Немој вака да ги гледаш работите, супер дете беше, сега какво е, лошо? Му се смениле околностите, ти трудна, градинка, нормално дека нема капацитет да се справи со сето тоа, а он си е истото дете што какво што си било. Супер совети ти даде @KuklickaSk, без лутење никакво, гушкање само, да знае дека го разбираш и сфаќаш, ама некогаш навистина се нема избор и тоа е. После градинка малку повеќе внимание да се опушти дома.
Денеска бевме во градинка,ама многу бил тажен па ни се јавија го земавме рано.Го чекав,му купив играчка, сладолед,го прошетав после градинка и сега е добар.Ми вика дека учителката му рекла ако не сакаш да идеш у градинка кажи и на мајка ти да те отпише,баш се изнервирав,како можат така,знам дека не ме лаже детето.Утре ми вети дека ке оди пак.Периодов дека сум дома на патолошка детето ми поминува низ стрес,го гледам,често не ми е добро,одам на лекар пијам многу лекови и тој сето тоа го гледа и се плаши,и страв му е да не го напуштам,да не ме нема дома,и плус градинкава капак му дојде,ама сопругот инсистира да оди во градинка и тоа му е додатен стрес,почна да прави глупости,не слуша никого,не јаде,се нешто не му се јаде, се стомак го боли,јас го разбирам ама мене не ме разбираат ми викаат дека јас го разгалувам,маж ми се буни дека сум му го срушила авторитетот,и навистина сме во еден тежок период.Кога ке дојде бебето не тешка уште потешка фаза ама ваљда ке фатиме некој ред.Работата е што маж ми заборава дека синчето има 4год го третира и очекува од него како да има 14,он стварно е напредно дете,разбира многу, разговара многу,ама пак е дете,тешко е да му поставиш граница.Јас додека одев на раб маж ми го чуваше дома и беше многу послушен со него,сам се облекува,сам јаде,не прави глупости, шетаат спијат на пладне имаше некој ред.Како сум јас дома него не го ферма,не слуша,се али малку покрај мене,облечи ме,рани ме,дај ми тел за да јадам,нејкам ова,нејкам она за јадење,и јас му удоволувам, можеби сум и самата крива незнам,маж ми се лути и јас сум дежурен кривец на крај.
За некои работи маж ти е во право, не може 4 годишно дете облечи ме, рани ме, дај ми телефон и сето тоа да му го удоволуваш. Веќе е големо и може да поставуваш граници, нормално без викање и без нервози. Од градинката ако си сигурна дека не те лаже, обавезно ќе реагираш што му рекле така наместо да се потрудат да му е поубаво таму, тие што му рекле, ако не ти се доаѓа не доаѓај. А тоа што имаш проблеми со бременоста сигурна сум дека заради тоа се понаша вака, ќе пробаш да не го вклучуваш во се и да се преплашува дека си болна, ако треба да пиеш лекови ќе ги пиеш настрана да не те гледа што ти е, ако треба да одиш на лекар кажи одиш на фризер, да не се главна тема на муабет лекари и болници, затоа е залепено до тебе. Битно многу гушкање и многу тешење, граници се поставуваат и без викање, детето е мало и многу работи му се случиле и ова му е единствен начин на справување.
Како се справувате со дете што каса во градинка? Не ми се верува дека втор пат неделава каснала некого...Многу ми е криво, дома воопшто не е таква, си игра со други деца, братучеди, никогаш не направила такво нешто. И учителките едната ептен бурно му изреагирала на сопругот на зимање, како ние да сме виновни што каснала дете. Има 15 месеци како да и укажам дека не треба да каса, и зборам дома и кажувам дека не е убаво тоа, но незнам колку има ефект. Како на друг начин да и укажам да не прави така.
Ти никако не можеш да влијааеш ако она во градинка каса кај што не си присутна. Тие саде прво им е па уште ќе се расправа со мене затоа што детето што има 15м каснало. Пошто тоа студирав, можам само да ти пренесам од една конференција што слушав на таа тема. Конференцијата беше за воспитувачи во градинки... Кога детето ќе касне друго, тогаш негователката треба да го смири каснатото, да му обрне внимание да го "сожали" пред очите на детето што каснува. Треба да се свртат кон твоето и отсечно да кажат "НЕ да гризеш". И свртување на внимание. Ако едно дете гризе, треба да се најдат начини како да биде "зафатено" и да се обрнува внимание да се сече од старт. Пример ако има цуцла да му се даде, бисквита во оној момент кога не можеш да го гледаш. Маж ти нека им го каже тоа дека они се тие. А ако ве гризне вас тогаш ова што погоре ти го пишав ќе го прајте дома или во парк. На крајот од денот фаза е што секое дете ја поминува.
Мхм, фала ти, кога ќе е пред мене ќе пробам вака да постапувам. Проблемот е што не е во мое присуство, и многу ме налути реакцијата од учителката. Ако е вака и понатака нека и обрнуваат повеќе внимание, сепак греота за другите дечиња, незнам што да кажам. Се надевам дека ќе и помине брзо ова, дека нема да продолжи вака.
Епа тоа и ќе им кажеш. 15месечно бебе како да му објасниш. Син ми е поголем 20м па ништо не слуша. Ти можеш да пробаш да објаснуваш дека треба на друг начин да се изрази. Ама сепак се мали. Со нив поминува најголем дел од денот сепак 8-10саати се таму. Син ми е 10часа во градинка. Он ако 10часа гризе некој таму, а со братучедите и другарите не гризе онда проблемот е таму
Мајки, ми треба совет. Имено на 1ви Јуни почнавме во градинка, 2 ипол години сме. Првите 10 дена беше океј, ретко кога не сакаше, дали два дена ако беа вкупно. Одеше од 8 до 10 и од 8 до 11:30 тие денови, па добивме одобрување дека може да почне со спиење. Почна во понеделникот со плачење додека стапне таму, после си е супер, ама кога доаѓало време за спиење тој почнувал со плачење и така го земав неколку дена во 12:30, четвртокот заспал, и вчера од 9:30 до 3:30 плачел. Па си заработив коментари дека не ги оставил другите деца да спијат, дека имал многу лош период на адаптација( се менувале по неколку пати во денот негувателките) и сл. Буквално со солзи на очи си заминав вчера од што бев толку револтирана. Како вие би постапиле во ваква ситуација?
Имам другарка со слична ситуација. Долг период на адаптација, не остануваше на спиење. Кога пробале да спие, секој ден добиваше коментари дека не бива, не можеле да се снајдат, не знаат што да прават. Отиде се пожали на некоја координаторка во градинката, за неколку дена останал да спие скоро без никаков проблем. Па сега ти види дали пробале друг пристап или детево магично сменило карактер и решило дека сака да спие. Пробај збори со учителките, ако не бива барај да збориш со некој друг (координатор, психолог, некој друг одговорен). Знам дека има многу прекрасни учителки, ама реално премногу има и вакви што полесно им е да ти набиваат вина и да ти создаваат стрес отколку да бараат решение за децата со потешки адаптации.
Јас знам дека јуни, јули и август деца на адаптација не примаат, поради тоа што се користат одмори и тоа не е добро за детето пред се. Знам од лично искуство, јас вратив кредит за самовработување зошто не ми го примија. Свекрва ми работи во градинка и она потврди, деца во лето на привикнување никако, тоа е преголем стрес. Прво и основно го зима кој му дојде, го враќа сосем трета, го заспива една, го буди друга, ги мешаат групите, тоа уште на неговите не се навикнало а не па од 4 групи измешани... каша попара. Ти си знаеш зошто тргнува сега, може немаш избор и потполно почитувам тоа, али ако имаш некоја опција, летово задржи го дома зошто можеш скроз контра ефект да имаш. Не викам дека нема дете навикнато во лето и совршено да одело се, ама факт е дека полесно е каде каде во есен, и за дете и за вас.
Еве моето 10 месечно на 1 јуни тргна буквално само 3 дена одеше по пола саат и саат и веќе е со ручек и спиење. До детето си е, а дома е ептен плачко таму бил одличен.
Nezavisno koga e adaptacijata muabetot za spienjeto sekogas na site vozrasti ist. Moeto trgna vo mart na 11 mes i isto bese gi budi drugite nejke da spie i stvarno imase mozda nedela dena ne im spiela koa ja zimal tatko i odma vo transporter zaspivase i posle doma. Zatoa se vika period na adaptacija ke tera inat i ke pomine ke vidi nema drugo. A letoto se menjaat da j malce.potesko moze da odi. Eve moeto od 1 juli odi vo drug klon nejziniot ke se renoviral taka da novi ucitelki novi deca ama ona e veke adaptirana
Па и јас тоа пишав де на крај, не дека е правило, ама од искуство на вработена во градинка 40г го пишувам ова, не од памет. Сепак таа жена поминала генерации и генерации деца, знае многу повеќе од нас, има зошто е општа препорака адаптација на есен е најлесна. Е сеа сите деца не се раѓаат во декември па во септември да тргнат у градинка, така да ќе има деца што ќе одам и у март и у јуни и сред зима ако има потреба, тоа стои се, на нив е да дадат препорака.
Потврдувам и ја за муабетот со спиењето 3 мес поминаа они уште на тоа дека не можат да го заспијат,нр бил адаптиран можело после 1ч да заплаче и другите да ги буди. Поминав намерно под прозорите накај 13ч пола вриштеа ги презаспиваа Мене породилно ми заврши во јуни не го примија тек од септ. А после дознав дека други си тргнале и во јуни и во јули и полесно поминале адаптација помалце деца.
По колку одмор имаат воспитач ко/негувателки, па цело време што се менуваат преку лето?! Веројатно колку и сите ние. Значи, со “различни” би било детето некои 2 недели. И тоа ако двете од група заминат во исто време. Во лето и помалку дечиња се. На есен сите нови, солзи, плачки еден куп. Не знам како некој решил дека е полесно. Па јас кога ги слушам се вознемирувам, не па мало дете. групите уште си функционираат, барем кај моето девојче. Може има помалку дечиња, ама забавно им е. Секако дека ќе ротираат и дечињата, кое ма одмор, кај баба и сл, ама горе-доле некои сериозни промени не гледам како би се случувале баш овие 3 месеци.
Проблемот во градинките е што мора да искористат повеќе од одморот во лето, нема како кај нас 12 дена и остави уште 12 за на зима. Мислам дека 20 користат во лето, остатокот во зима. Од годинава двократно нешто читам се менуваат, односно пола во јули, пола во август, јуни користат стари одмори. Со одмори градинките се утепана, што да ви кажам, мора според колективот да се договараат, па ако годинава биле јули, следна август и се така, освен ако не се снајдат да се сменат. Бар од мои блиски што работат во градинки, да напоменам дека не мора да значи секаде дека е така, да не се фатиме за тоа дека е правило.
и 20 да се, тоа е еден месец. едит. И да се дополнам. Не знам што е толку страшно кај нив. Верувам дека се договараат и комбинираат да се покриваат. Така е во секој колектив, сем онаму каде има колективен одмор. Ако колективот е сложен, секој ќе си отиде на одмор согласно својот личен избор. Колективен договор да дефинира како ќе ротира персоналот не сум чула да има до сега. Што ако некој се пензионира, отиде во друг објект, се вработи нов.. то повеќе ќе да е некој интерен договор за некоја рамнотежа во користењето на одморите.
И син ми тргна сега во јуни,ни рекоа дека е подобро за да се привикне до Септември има 4.5 год и ич несака да оди.Плачки се секое утро, и навечер кога ке му се приспие плаче, а до сега никогаш не бил плачливо дете,дури ни бебе.Стрес му е голем,ама се тешам дека со време ке се навикне и дека ке му биде убаво.
Епа 1м едната учителка, другиот месец другата и у меѓувреме кој како има слободно улетува. Не се знае кој ќе го прими а кој ќе го издаде зошто они одат во различни периоди, едни од 6, други од 6ипол, трети од 7ипол, четврти од 8ипол и некои дури у од 9-10, со оглед на тоа што некои си одат во 1ипол, некои во 6. Заради тоа ротираат цело време.
Најлош период на адаптација е јуни/јули/август. Вработените се на одмор по еден месец. Се спојуваат деца,групи,се менува персонал. Не треба да примаат воопшто во јуни -јули-август. Најдобро е октомври.