Ти си мајката, најдобро си ја знаеш целокупната ситуација и сама ќе одлучиш како е најдобро за сите во моментов. Секогаш слушај си го инстинктот и само напред. Со оглед на други твои постови, би рекла дека е во период кога бара повеќе внимание баш од тебе и можеби треба да го задржиш дома и да му го даваш тоа внимание. Но пак, ти си знаеш што е најдобро сега.
Прво се закачка девојчето, и воспитачката ми потврди, дури и дека сите ги закача, не е само мојата во прашање. Ич нејќам да се мава, ама се замислив за оваа опција жими се, не знам како поинаку, ама па мојава и срамежлива е многу, не верувам дека ќе и врати. Сабајле само што и кажаа дека не е тука девојчето, не е дојдено, си престана да плаче и влезе самата, најнормално како и предтоа.
Леле поддршка за случајот со девојчето. Не знам ни јас како би воспитувала, другарче ја турна ќерка ми 2-3 пати до сега кога излегуваме со мајката. Како да објаснам на 21 месечмо дете? Маж ми вели да и викаме да турка назад ама мене тоа ми е погрешно некако. Не сакам после сама да почне да турка ако и велам така А кога потпишував папири за градинка имаше услов ако мојата ќерка се најде во ситуации да турка, штипе, гриза други деца постојано, дека имаат право да не отпишат од градинка. Секако пред тој чин, би имало терапија, occupational therapy за деца, да се реши проблемот ама ако е постојан проблем дека имаат право да не отпишат.
Toa e дете што следната година во школо ќе оди, мора да се навикне. Мое мислење е дека нашол слаба точка кај тебе, а со неусогласеност со таткото дополнително тоа му дава сила. Ние сме дома договорени, кога едниот кара другиот молчи, кога едниот мази и двајцата мазат. И мене ме боли душа некогаш кога мм го кара за нешто што нема врска зошто во моментот е зафатен, ама тоа е, ќе молчиш и ќе голташ. Кај нас дома јас сум таа што е построга, мм е помек и затоа е омилениот, ама јас знам дека детето не сака подеднакво и двајцата. Ти воопшто не си крива, едноставно хормоните сега ти работат, во иста каша сум и јас и знам многу добро како се осеќаш. Пробај да разговараш наутро пред да одите дека ветил и не е убаво да го прекрши ветувањето зошто и ти следен пат кога ќе му ветиш нешто што сака нема да исполниш, нему нема да му биде убаво, епа така и тебе сега ти е неубаво. Објасни му дека градинката е за децата најубавото место, дека таму ќе учи, ќе се дружи, ќе трчаат надвор, идеализирај ја градинката, не дозволувај да те види незадоволна. Сега летово и моето има некоја криза и со оглед на тоа што е поголем му реков дека и на мама не и се оди на работа, ама кога си веќе голем, а нели сега они сите се големи не се мали никако, мора да правиш работи кои едноставно треба да се прават, а такво е одењето во градинка и школо, одењето на работа, разговарање љубезно со луѓето иако не ти е баш ќеиф... дека тоа се викаат обврски и ако ги исполнува сите значи дека е веќе возрасен и може да биде горд со тоа. Едноставно малку идеализирај ги работите, со други зборови лажи, зошто реално не е баш така нели. И јас не сакам моето да се тепа, не е тепач, ама има едно дете во група што ги малтретира и он трпеше, му реков следен пат врати, не смее да те мава со гумена топка по глава и да те влече за маица, врати и толку бидна, сеа му е брат.
И јас ја учам да враќа... секој ден со плачки ми идеше. Ќе каже на учителка, ќе ја средат работата тогаш за тогаш, другиот ден пак. Викам ќерко од септември на училиште ќе тргнеш, вака со плачки не бива на секое. Ќе те земат под нозе... без плачање ќе си кажеш на учителката, ако не бива, враќај... снаоѓај се, тоа е
Не за џабе индијанците рекле дека за да се одгледа едно дете е потребно цело село, никогаш нема да си на чисто со воспитувањето на детето, секогаш ќе имаш двоумење и нејаснотии, се водиш по инстинктот и моменталната ситуација.
@macalavica ме расплака некако јас ли сум така нешто слаба деновиве или не знам ама солзи ми дојдоа читајќи те. А за враќањето на удирање апсолутно мислам дека така треба да се учат. Колешката ми кажува дека имале такви во градинка и нели као ајде мали се да не направат беља го учела дека само треба да каже на воспитачките. Ама сега во школо веќе го малтретираат многу и дури не ни кажува веќе. Вика па сеедно е дали ќе кажам ништо не прави никој... а да враќа не сака...
Абе не е во ред да го учиш да се тепа, ама да се брани убаво е да го учиш... треба да знае да се брани, денес во градинка, утре на улица, пред зграда... мора да знаат да се справат. Сум рекла, ти да тепаш никако, прва да не почнуваш, aма ќе се браниш ако треба тоа е. Животот е таков. Не е тепач ич, плачка е... ама со брат и како знае да се тепа, чудо, хахахах
@AngelOfArh Ние со него 2 години збориме за градинка и секогаш најубаво сме збореле дека тоа е многу убаво место за посебни деца,дека неможе секој да иде у градинка дека ги бираат само добрите и умни деца,дека е убаво,ке има пријатели,ке славиме роденден со многу деца од градинка и.т.н и он цело време викаше ке оди во градинка.Го запишав прв пат кога фати ковид,бидна ковид го задржав дома,таман лани требаше да тргне пак и тогаш бев бремена,ми настанаа компликации се породив пред време и го отпишав во градинка зашто си направив филм како ке иде во градинка кога имам прематурче,дома,избрзав,донесов погрешна одлука во паника тогаш,бебето го изгубив на крај, пак почнавме да збориме за градинка, наново врски бркавме со месеци додека не најдовме да го примат,у меѓувреме он си збореше дека едвај чека да иде да има повеќе другарчиња дека му е досадно.Пак останав непланирано сега бремена и марфи,го примија у градинка, а оди и на карате,носи вируси дома,еден ден ке го фати ке му мине, мене пак истиот страв ме јаде,како со мало бебе,еве јас трудна сум цело време болна одкако оди он на карате,пијам едни апчиња што ми го сузбиваат имунитетот зашто имам автоимуно да не го одфрли организмот бебетои нема вирус и настинка што ме одмина,од април сум цело време болна.Што се однесува до несогласувањето со маж ми,свесна сум дека син ми го користи тоа ама физичко казнување нема да дозволам ни во најлош сон,го подржувам да го скара,му викам дека татко му е во право ама повеќе од тоа не.Јас цело време зборувам, се трудам , и предмалце ми вика синчето добро бе мамо штом толку се нервираш ке идам у градинка,не е дека не разбира,ама пак дете,голем стрес е за него тоа,сигурно има нешто што го мачи таму,разбирам буден да манипулира ама да плаче во сон не е глума.Да се дистанцирам да го препушаам на маж ми,мислам дека ке му направам уште полошо,јас сум му сигурноста,ама неможам да му одредам граница очигледно.Мислам дека се плаши да се оддели од мене ,плус и бебето на пат сигурно му е и тоа стрес иако вика дека го сака,ми го гушка стомакот,му прави спортски,му збори,му вика немој бебе да излезеш пред време од стомак,немој да одиш и ти на небо, и мене ме прашува цело време да му кажам дека нема да одам на небо и дека бебето ке дојде дома.Под стрес е детето и се ова се рефлектира, а на крај јас сум крива,зошто му попуштам,многу го галам и ред работи,сите ме наоѓаат мене крива а никој не ме поучува како да постапам.Да е стварно толку разгален да не ми е криво стварно веќе незнам...
Ние почнавме во мај на адаптација, едната учителка супер го прифати, дури и го заспа втората недела, остануваше и за ручек. Другава како доде од одмор ми вика цело време плаче, не јаде ништо, и само ме прашува дали имаме баби на располагање за да ја земале после ручекот. Велам немаме, па нека земат одмор бабите да го чуваат летово. Како се дрзнуваат така не знам.
Следен пат кажи и Како не ни текна на нас ваква брилијантна идеа, алал да ви е, еве веднаш ќе ве послушаме и однеси го следен ден. Некогаш стварно си дозволуваат многу.
Na maz mi taka 2-3 pati mu iskomentirale lele cel den detevo u gradinka posledno ostanuva i ednas mu rekla neli imate baba dedo porano da ja zima demek da ne sedela cel den i toj mrtov laden ama jas samo edwm roditel imam i od togas.mukla ne spomnale veke takvo nesto. Tocno svekor mi e pocinat ama on za inat taka im rekol da ne zamaraat
@macalavica хормони ти се во прашање и многу му ја мислиш. Антонија почна во септември во градинка, јас се породив во ноември, башка и лежечка бременост ама морав јас да ја носам и земам од градинка во адаптацијата првите и најтешки две недели. Јас сум построгата и јас не попуштам, плачеше Антонија внатре, плачев јас надвор. Излегува она од градинка и убаво и било, утре пак ќе идела, за после два саата да "вергла" како не и е убаво, не сака да оди. Со липање заспиваше и во сон кажуваше дека не сака да оди. Маж ми еднаш и рече ДОБРО ќе се договорите со мама ајде спиј сега и она виде дека татко и ќе и попушти и сабајлето плачки уште повеќе и го кажа тоа ама тато рече добро. И плачеше по него а не дека не и се оди. Секоја вечер кога прашуваше утре ќе одам во градинка јас и викав да ќе одиш, само сабота и недела се седи дома. Во петок кога ќе прашаше утре ќе одам, не утре нема да одиш бидејќи е сабота а после и недела но во понеделник ќе одиш. И објаснив дека додека мама и тато се на работа таа мора да оди во градинка. На прашањето дека јас сум дома и можам да ја чувам и одговарав ама мама со мешето не може да си игра брканица, не може да скокаме на песнички а тоа го прави со другарчињата. Дома ќе ја караме зошто прави бељи а во градинка ќе има цел ден активности и ќе и стават петка на рачето. Во градинка ниту еднаш не плачела да дојдам јас да ја земам туку секогаш тато да ме земе зошто знае кај кого може а кај кого не. Се роди бебето она си продолжи во градинка. Не ја пуштав само Јануари ем поврзавме празници ем имаше страшен коксаки во градинката. Си оди цело време сега, носи петки, има другарки, иако знае да каже дека не сака во градинка ама сепак си оди. Сега плачките наутро и се: не сакам да одам во градинка прва плача, втора плачка дека и се спие уште, трета плачка сакам тоа да го носам, не сакам тоа д аго носам, ај нешто друго да облечам. Мој совет ти спреми го, татко му нека го носи, кажи му мора да одиш во банка, на работа, дека имаш обврски, нема да бидеш дома, и нема кој да го чува, кога ќе се врати пак посвети му се. "Дали утре ќе одам во градинка,да мама, исто како што мама сака да оди на работа и таму да има пријатели така и ти треба да си имаш твои другарчиња од градинка, другарчињата те барале, ти најубаво знаеш да раскажуваш приказна, да редиш коцки и слично и ќе се среди полека. Со лесно Пс Многу е полесно кога имаш помош, поддршка и совет од воспитувачките за полесна адаптација
Вчера заспа син ми без проблем, спиеше 1 саат и почна драма, плачење вриштење во сон, главата го боли, лошо му е, спие и плаче на најјако а не се буди да го расониш, маж ми на крај во раце го зема да го носи низ соба да го шета и некако успеа после пола саат да го смири , после едно саат ипол пак , плаче во сон, сакам дома, несакам во градинка.Сабајле кога го разбудив пак писна да плаче, го спремив и маж ми плачејки го однесе, го пречекала учителката штом влегол таму престанал да плаче, остана од 8 до 12, после го прошетал маж ми, му купил играчка дојде супер расположен,кажа добро било ке одел утре пак, дај боже да потрае. Можда и ке се навикне, ке видиме вечер каква песна ке биде.
Не е прво што оди така. Јас кога го носев исто 4ипол год дете со влечење го носеа буквално со солзи. Ако таму е добар има другари јаде пие весел е не го мисли. Лошо е цел ден да плаче. Ја тргнав директно во забавиште на 6год плачки уште памтам како ја и сите плачевме таму После па убаво ми беше. Ама и ја цело време плачев за дома да седам. За останатото што пиша околу бебето тоа може треба со стручно лице да збориш може сето ова што го прави има некоја позадина кај него, страв да те остави сама итн. Па го искажува вака. Добро е што учителката е на ваша страна и сака да ви помогне. Можеби ќе помогне и да видиш со децата и вон градинка да се дружи во парк или слично. Внук ми така се дружат цело време и еедвај чекаше да оди во градинка заради другарите.
Денес поминавме супер,вчера после градинка цел ден се игравме,попладне го прошетав кај една другарка,си збореше пак дека не сака да оди ама не толку многу,вечерта спиеше без плачки, и сабајле кога го викнав се побуни малку ама стана,се спреми,морам ли мамо,му викам мораама малку ке седиш само другарите да си ги видиш и отиде.Се надевам дека ова е позитивен знак дека прифаќа веќе,само да продолжи вака
Ако може и јас да добијам информација? Ти благодарам многу однапред во кратки црти може да те замараме премногу
@Estella @BeLLaDona23 Односот на персоналот (воспитувачи/негуватели) одличен. Секој ден се ангажираат децата со разни активности, ја реализираат програмата предвидена за возраста максимално. Исхраната им е супер, отворени се за комуникација со родителите за сѐ што треба. Добро се организирани и вложуваат многу труд во работата со децата. Барем нашите учителки беа вакви. Од неколку досега што се ни се сменија сум многу задоволна, а од една (негувателка) сум презадоволна. Ја препорачувам градинката искрено. Ако нешто поконкретно ве интересира прашајте слободно.