Во градинката на моите имаат три групи јасли, средна и преучилишна. Периодов почнаа со преместување на некои дечиња од средна во предучилишна па стана збор за мојот (4,5г). Со оглед на тоа што планот ни е да не почне во школо за една туку за две години малку се двоумам како е подобро. Колку што знам сите дечиња од предучилишната ќе треба да тргнат на училиште другата година па веројатно само мојов ќе остане уште една таму. Не знам дали да одобрам од септември да го префрлат и да оди две години таму или да барам да остане во средната каде пак повеќе се деца од 2, 3 год. Во среднава моментално е заедно со брат му и иако дома постојано го закача таму се нераздвојни, го чува, му помага... а од друга страна малово не прифаќа да оди без брат му во градинка. Помагајте
Dali vo vasite gradinki primaat deca sto zavrsile prvo oddeleni za zgrizuvanje bidejki nema uciliste?
Сега нека остане во средната група, догодина ќе биде потешко ако само тој останува во градинката, а другите деца почнуваат во училиште. Ако сега остане во средната група, нема да има проблем за прилагодување како што би можело да има, ако следната година ја почне со овие деца. Големиот син така беше, почна со поголеми деца, директно во мала група (кај нас се јасли, мала, средна и голема група), не во јасли, и двапати помина средна група, фактички две години си беше со неговите врсници, а не само една, како што би било ако оди до крај со поголемиве деца. И мислам дека е подобро така.
Не примаат во сите. За ниво на општина се решава кои градинки/клонови ќе примаат деца од прво до трето. До пред КОВИД во градинката каде што одеше моето дете имаше деца од училишта. Годинава баш тој клон нема таква група.
Преку лето, се вика дневен престој, не се мешаат деца од градинка со школски, колку што има услови нели.
Како што ти калажа членката, дневен престој е тоа. Уште се мали сами да седат дома а нема кој да ги чува, па мора во градинка.
Во јануари/февруари е роден? Мојата беше исто. Две години одеше во предучилишна група,не е ништо страшно. Подобро така ,со помали деца од него не.
Укинаа забавиште ради недостиг на место во градинки,почнаа со глупостите 0та група и ги оставија на цедило родителите да плаќаат приватни центри преку лето. До 7ипол год бев во забавиште веќе наредното лето од полни 8г седев дома сама. Ама дете на 5ипол 6г да оставиш не можеш...
Точно.Знам родители што плаќаат по 18.000 ден(за две деца)децата да им ги земат од школо имаат еден ручек до 17 ч седат и ништо др не добиваат освен што се згрижени.Тоа е скоро цела плата на некој родител.
Се сложувам, мислам дека и самите градинки имаат некој правилник, 5 години дете не е исто со 2 години да ги чуваат заедно, кога веќе постои група со поголеми деца.
Да, јануари е. Сега има 4,5г. Најголем во средната, најмал во предучилишна. Се замислив пак и дали да го пуштиме помал или поголем на училиште. Пак истото прашање ќе се врти и за таму .
Јас сум за порано. Сепак зависи и од детето, колку е заинтересирано и фокусирано на школски активности. Пример, ако седи и црта, бои, сака активности кои бараат поголем фокус (игри за фина моторика) и подолго седење, тогаш прати го порано. Ама ако е мирно и подетулесто, нека седи во градинка. Не е развојот кај сите деца ист, на некои природно им доаѓа да се насочуваат кон активности за повозрасни.
Исто и мојата е јануари,крај на јануари..Дилемата е таа,или ке бидат најмлади во школо или најстари. Како педагог сметав дека е подобро да бидат најстари. Но,се консултирав со детски психолог во градинкта кој исто ме советуваше,школото нема да им побегне ионака рано почнуваат. Ако почне да биде најмлад,плус е само што помлад ке заврши средно. Минус е што школските обврски ке му започнат порано,а можат да се пролонгираат за една година и да си игра безгрижно. Ние така направивме.Супер испадна .Со неа имаше околу 10 деца родени во период февруари- јуни.
Јас пак имам разговарано и ставот беше дека има деца кои се спремни да се најмлади. Дури и подобри резултати покажуваат од постарите. Со мене во генерација имаше деца кои беа најмлади, дури и од февруари март, не јануари, и беа во топ 10 од генерација. И денес се многу успешни. Ако родителот се сомнева, нека го однесе детето на проценка, трето лице, психолог, ке даде мислење неутрално.
Јас не се сомневам. Едноставно не му го кратам детството. Ученик цел живот ќе биде. Нека ужива во игрите. Ќе учи , нема да му избега школото.
Спремни се децата,не е тоа спорно воопшто,порано или подоцна. Има различни примери,со мојава учеше девојче кое беше исто јануари најмало.Цело прво полугодие не можеше да се адаптира.На крај родителите се предомислија сакаа да ја остават за следната год.но не им дозволија веќе била пријавена дека почнала со школо. Успешноста не зависи од возраста. Детството е драгоцено. Секако за свое дете секој ке си одлучи. Имаше и порано кога почнуваше школо со 7 год.ги даваа со 5 год.ама дали беше паметно од денешна дистанца не знам баш.
Апсолутно се согласувам, колку и сега прво одделение да е лабаво, они се во школо, со патика на стол. Во градинка во топлинки, игри на под, безгрижност - бесценето е тоа. Ооо голем е за мала група, дефинитивно. За школо е друг муабет, а и имате време да размислите.