Што покасно тоа подобро. Не се лажете со тоа топ 3 во генерација, сите деца исто завршуваат на крај само што си вртиме филмови дека нашето е најдобро. Детството не се враќа, на школо можеш цел живот да учиш.
po zakon vo r.m. gradinkite se dolzni da primaat deca do 10 god. vozrast. E sega porano i poveke se primale vo poveketo gradinki, so kovidov dve godini po red ne se primaa, a sega zavisi od gradinkata ili opshtinata. Decata skolski najcesto se vo golemite grupi na deca. Isto dali nekoja gradinka ke prima ili ne skolski deca zavisi i od brojot na decata koj redovno posetuvaat gradinka i ke prestojuvaat leten period ( zemajki vo predvid deka letno vreme i personalot raboti so namalen personal)
Јас го пуштив на 5 и пол во школо. Сега заврши прво и ОК се адапатираше. Немаше никаков проблем. Во градинка одеше во група со помали од него. Најстар беше. Тогаш кога запишував не можев да решам за толку мало дете кога ќе појде на училиште. На 5 и пол веќе знаев дека ќе може да се носи со предизвиците на школото. Разговарав со учителката од градинка и таа сама сугерираше дека е подготвен зашто почна да сфаќа одредени работи и едноставно беше понапред од другите деца во групата. Имаше уште едно дете родено во Април што беше когнитивно на негово ниво, другите не. Учителката од групата прилично добро работеше со нив и си беше спремен. Во школо во клас е најмал ама во Декември има родено 4 други деца така што тука некаде се. Најпаловото дете во клас е најстарото (роден е во Февруари и е скоро година дена постар од мојот). Сега за сега се најдобри другари. Од моето дете има далеку понеспремни за во школо, имаше деца до Јуни што плачеа. И тоа немаше ама апсолутна никаква врска со возраста. Најголем дел до тие што плачеа не оделе во градинка па седење во школо од 8 до 3/4 многу им се виде (кај нас има само целодневна настава до 3-то одделение). Јас одев по логија кога јас и маж ми (двајцата родени во Јануари/Февруари) сме пошле во школо. Ние појдовме на 6,5 во прво одделение и по таа логика детево е на 5,5 (секако со проценка дека е спремен). Животните исходи на децата не зависат само од тоа на колку години тргнале на училиште. Зависат од многу други фактори. Примери има и позитивни и негативни и секогаш ќе ги има. Ете и поинакво искуство. Од една немајка што му скратила детство на детето. Поентата ми беше дека ти и учителката како и педагогот/психологот од школо ќе може да процените дали ќе биде спремно детето на 5,5 да појде во школо или на 6,5. @Milkiway и забавишатат порано завршуваа во Јуни. Барем јас таму каде што одев. И Јули и Август немаше забавиште. Барем не во училиштата (јас одев во забавиште во училиште). И пак беше проблем со чување.
Син ми е роден на 30.12 какво е правилото за запишување во школо, дали се носи некаде на проценка на психолог или на училиште кажуваат? Он е многу интелегентен, ама е многу хиперктивен, цело време е во покрет, сега им 4.5 год и не е застанат како е роден, мислам дека ке му биде тешко да седи мирен во школо ако појде на 5.5 год. Иначе многу разбира, разговарам со него како со возрасен, може да разбере, прифаќа, регира само на позитивен пристап, со карање не прифаќа ништо или нема шанси да го нтераш нешто ако му наредиш, ако го условиш или уцениш, а со убаво ако му објасниш ке послуша повеќе, еве градинката ја прифати јас колку се плашев а само 3-4 дена беа драма и сега не прави проблем, веќе има и другари ама мн е темпераментен само тоа ме плаши за во училиште.
Мора на 5,5 да појде во школо. Само родените во Јануари може да бираат. Според описов ОК е со однесување. Во прво барем кај моево толерираат станување и мрдање. И пак сите имаат со тоа проблем. Мојов на пример завршува (особено математика брзо завршува) и станува или зборува. И такви се 80% од децата според кажувањето на наставничките. Во прво затоа им дозволуваат почести паузи за размрдување. Два дена беше онлајн и знам дека после 15 минути правеа пауза.
Мојата е крај на јануари. Ќе си тргне во школо следна година. Нема потреба пак исто да учи две години по ред, спремна е
Лично не сметам дека е скратено детството. Ако детето има интерес секако. Има секакви деца. Кој кажа спротивно? Лично да имам дете родено во јануари, и да сметам дека разбира повеќе за возраста, би го носела на проценка и порано би го пратила во училиште. Сум сретнала деца повозрасни и поразвиени психички за годините. Имаат интерес и родители што работат со нив, знаат работи кои деца од второ одделение не ги знаат. За такви деца сметам дека е уназадување да го чуваш дома да си игра, а веќе покажало интерес да црта и пишува. Има и деца кои не знаат молив да држат, никој не кажа дека не.
Што е скратено ако детето на 5 години му е интересно да црта линии прави криви во тетратка? Само покажува интерес да учи тоа што според програма се учи во прво, забавиште кога бев за јас дете? И нас ни дозволуваа да станеме, да се размрдаме. Денес родителите многу работат со децата, секаде се достапни игри кои ке вежбаат развој на фина груба моторика говор сензорни активности од најмала возраст. Порано децата се играле без намена, игра како игра. Сега се достапни информации за како играта да биде продуктивна, да има ефект позитивен врз развојот, а да е интересно за возраста, да не биде само колку да пројде време. Од сите деца родени во јануари има една група на деца кои се спремни. И родители кои го познаваат тоа и го праќаат порано.
Сега првото одделение не е цртање криви и прави линии,туку изучување на буквите,читање,собирање и одземање,и запознавање со множење и делење.
Детството е скратено. Струјно коло учат во прво, знаеш? Интересни работи може да му се многу, ама баш на школо не мора да почне. Внуче од братучед на 10 години го интерсира географија сите држави во светот ги знае, ама никој не мислиме дека треба сега на пмф да го запишеме.
И синко знае поголемо помало високо ниско, па не кажав дека ке го пратам во прво од септември. Не, ако имаш прилика сликај ми, ме интересира како изгледа тоа. Токму во донесување одлуки е убавината. Јас споделив мислење, кажав што би направила. Ти кажа, други кажаа. Мислења, искуства. Членката побара мислење, ке прочита и ке одлучи. Веднаш букви? Од прв ден?
Да и да спојуваат жици на бандера учат. Директ сосе ХТЗ опрема. Во второ учат да изработат спејс шатл. Во трето одат на Андромеда. Во реалност учат броеви, собирање и одземање до 20, мерење одокативно, споредби, множества ама применето (не како ние да црташ множества туку да работат со податоците од множествата). Учат букви и почетно читање и пишување. Учат за емоции, убаво однесување, правила и слично во општество. Учат за растенија и животни, звуци, сили (ама турка/влече) и слични ствари.
Еве и кај нас нешто слично tinkerlabs.mk. Само јас дете од претшколска не пуштам на структурирани активности ако оди во градинка. Слободна игра им треба. Исто и првачево го оставам да се изигра после школо. Нема структурирани активности попладне. Само маалска дружба у парк. Кал и дрва им требаат најмногу. Иако сака фудбал од догодина па ќе видиме.
Мене и 6 години ми е рано за програмава што ја форсираат, ама како сакате. Јас лично не би пуштила дете пред полни 6 години, колку и да е спремно.