Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.900
    Допаѓања:
    28.608
    Голема е разликата? Се согласувам со @Annath, јас првпат за струјно коло учев во седмо одделение по физика, не во прво, второ или трето.
    Муабетот е дека не учат права, крива, коса линија...туку многу повеќе. И за 6 години, а камо ли за 5.
     
    На mal.ecka, Cosmi, Mantub и 2 други им се допаѓа ова.
  2. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Не од прв од втор :)
    Секако треба прво да изучат 31 буква,а после и читање.Наставниците кажуваат дека децата не постигнуваат баш лесно па се јавува фрустрација кај децата.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Meckicja

    Meckicja Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 јуни 2017
    Пораки:
    6.664
    Допаѓања:
    8.205
    Пол:
    Женски
    Ova me zasega I.mene posto mojata e rodena na 29 noemvri imam vreme uste 2 god da razmislam sto kako ke bide ama uste sega se dvoumam dali da ja pratam na skolo na 5 I pol god ili ne ja zapisav na gradinka sega I od septemvri ke treba da pocne da ode I ke videme I ucitelkata sto ke kaze dali da ja zapiseme na skolo porano ili ne
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.834
    Допаѓања:
    122.889
    Пол:
    Женски
    Ќе мораш тогаш да ја запишеш. Сите што се родени во истата година со ќерка ти мора да одат на школо за две години. Само тие што се во јануари родени ги прашуваат родителите како сакаат.
     
    На JoyJoy и Meckicja им се допаѓа ова.
  5. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Немам лично искуство со свое дете во школо, но имам внучиња на кои некогаш им помагам за домашните и тестовите, па доста ми е познато што учат.
    Мое мислење е дека со почнување на школо на 5,5-6 години не се скратува детство, напротив може одлично да се снајде и да учи, а и да си има детство.
    Програмата во школото не е тешка за возраста, само е поинаква од таа на која ние сме навикнати.
    И јас кога бев дете имаше посолидни деца на 6 години и помалку солидни на 7, индивидуално е, а зависи и од воспитувањето и навиките стекнати пред да почне прво одделение. За игра има време и после школото.

    За струјното коло.. да ние првпат учевме ова во 7мо одделение, но тоа пак е предоцна. Децата се попаметни и поспремни од што мислиме и убаво е да се насочуваат на логичко размислување уште од старт и да учат за различни работи, а не само букви, бројки и линии.
    Кога ги гледав книгите и што учат, уствари јас бев збунета и мислев дека е тешко за возраста затоа што споредував со моето школување.
    Дете од 6 години веќе знае англиски, барата со смарт телефон и компјутер, користи интернет.. зашто тогаш не би учело за струјно коло кое логички работи исто како и уредите кои ги користи :) ?
    За многу од децата тоа детство што "им го кратиме" голем дел поминува во играње на мобилен или гледање тв, па и не гледам што тоа им е скратено.
    Цел живот е учење и на тоа треба да се навикнат од мали и пред прво одделение. Ако ги учиме уште од мали дека школото е учење нови работи, а не обврска што треба да се заврши ќе им биде многу полесно и позабавно.
     
    На azelea, nevermet18, lilyen и 5 други им се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.085
    Допаѓања:
    19.016
    Пол:
    Женски
    Наставник ако каже дека деца не постигаат, значи не предава добро. Во моето школување јас разбрав се што може да се разбере од добри наставници. И работи кои не ме интересираа ги научив затоа што ми ги објаснуваа добро.
    Ако можев математика да одам по натпревари, како може физика да не разбирам ништо? А на факултет магично да разберам се?
     
    На nevermet18 и Meckicja им се допаѓа ова.
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.937
    Пол:
    Женски
    Зборуваме за дете што до вчера спиело во градинка.Реално е краток период за се да совладаат.Прво учат буква по буква,па им се мешаат,учат и да ги напишат,учат песни да рецитираат,учат броеви да пишуваат и препознаваат.Читањето не е едноставен процес,а е многу важен.Друго што им прави проблем е што им се меша со латиница.Дај боже на секое дете да му е лесно,се да си совлада.Ама во прво одделение треба тоа дете прво да научи да седи на час што трае 45 мин да следи и прати,да научи што е концентрација.
     
    На KuklickaSk, Slonce91, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.662
    Допаѓања:
    92.485
    Пол:
    Женски
    Затоа реков кој како сака.Границата е до 31 декември со тоа што јануарските можат да тргнат по барање на родителот.
    Има и многу амбициозни родители.Кои сметаат дека децата им се многу паметни и знајни во однос на врсниците,мали научници кои перфектно пишуваат и читаат уште пред прво.
    Кои би го пратиле и на 3 год.во школо,сум сретнала многу такви,и со големата ќерка каде имаше притисоци и беа примени деца родени во март па одбиени па протести и пак примени деца дека многу знаеле,пишувале веќе.
    И тоа во почетокот во првите генерации деветтолетка.
    Во второ веќе сите беа горе доле исти.
    Ќе научат сите да читаат и да пишуваат .
    Како се запишавте со 5,5 во школо кога не може?!
    Детето треба да има минимум 5.8 месеци во септември.
    Деца родени во април нема да наполнат 6 год до 31 декември/јануари и не можат да тргнат во школо.
    И уште нешто како знаеше дека е спремен да се носи со предизвиците на школото?

     
    Последна измена: 30 јуни 2022
    На zuto и Meckicja им се допаѓа ова.
  9. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.897
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам премногу. Малце сум исплашена како ке оди адаптацијата зш досега не сме ја оставале повеќе од 2 часа
     
  10. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Не е голема разликата,само сакав да те исправам.
    Инаку по новата програма генерално ок се содржините по општество и природни науки според возраста.
    Но затоа се комплицирани и тешки македонски и математика.
    Каде што од 6 годишно дете(некое уште нема развиено графомоторика и не знае да држи молив) се очекува да пишува и чита-чита со разбирање:!: да прочита текст и самото да ги одговори прашањата. Од лично искуство можам да кажам дека :
    Третина од децата- знаат самостојно да прочитаат.
    Третина од нив-читаат буква по буква, едвај во слогови и не разбираат што прочитале.
    Останатите едвај по некоја буква запомниле.
    Да не ја спомнувам математиката, каде во трет час собирање на броеви како бонус задача имаат судоку(facepalm) и ред други нелогичности за да уште толку ги збунат наместо да ги увежбаат задачите.
     
    На Meckicja и simona_baby им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    42.034
    Пол:
    Женски
    А ако е родено детето во февруари, кога би почнало во училиште? На 5г и 7 м или на 6г и 7м?
     
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.834
    Допаѓања:
    122.889
    Пол:
    Женски
    6г и 7м
    На другарка ми детето е тогаш родено.
     
    На mal.ecka, macalavica и forumce им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.192
    Допаѓања:
    42.034
    Пол:
    Женски
    Супер.
    За малата прашувам. Големата на точно 6 ќе си почне. Во септември е родена. Догодина прваче, лелее:(
     
    На mal.ecka, macalavica и fana им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.834
    Допаѓања:
    122.889
    Пол:
    Женски
    Ќути срц и мојата догодина прваче :tmi:
     
    На kukla21, mal.ecka, macalavica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    38.051
    Пол:
    Женски
    @Cosmi технички имаше 5 и 8 месеци. Роден е во Јануари.
    Инаку почна да се интересира за математика и научи да собира. Знаеше да следи инструкции, почна да се интересира за букви. Можеше да се фокусира на задачи итн итн. Почна да му станува досадно она што беше програма во градинка и сакаше да знае повеќе. Ги собираше бројките од предучилишната математика, наместо само да ги пишува. Имаше многу нешта.

    Проценката беше позитивна од градинка, педагогот од школо, мајка ми (психолог која цел живот правела проценки со инструменти), исто и мојата беше позитивна (и јас сум психолог).
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.662
    Допаѓања:
    92.485
    Пол:
    Женски
    Јас те разбрав дека е април роден,недоразбирање.

    Инаку не е само психичката спремност туку и физичката /биолошката.

    Во емоциналната зрелост и неколку месеци играат многу разлика.

    Иако поголем дел се спремни зрели за во школо од предучилишната група.
    Некои знаат да пишуваат, да читаат, да собираат и на 5.

    Но, не се спремни за обврските што школото нормално ги наметнува.
    Оптеретувањето да се седи на столче подолго од 20 минути.
    Сепак во школо поголем дел од денот го поминуваат седејќи.
    Башка дете кое е најмало во групата и нема 6 год. ќе има повеќе проблем со седењето од дете кое е постаро една година.
    Да ќе научат да седат но зошто?!
    Од мое искуство со деца од мојата предучилишна група кои тргнаа порано сите имаа проблем со извршување на обврските.
    Сакаа да играат наместо да пишуваат и да читаат.
    Не можеа да ги седнат да седат.

    И на крај најважно детската игра.
    Зошто да ја скратиме ако не мора?
    Факт е скратување една година безбрижно играње, и започнување со обврски кои крај во животот немаат.
    Од денешна дистанца со денес веќе големо јануарско дете кое тргна кога требаше,а не порано, ние многу лесно поминавме во основно школо.
    Беше во програма за надарени деца иако кај нас тоа ништо не значи.
    Но немавме проблем со вниманието,со седење во школо ни со читање,пишување,сметање.
     
    Последна измена: 30 јуни 2022
    На eli25, forumce, Mari-Li и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.922
    Постојат развојни фази, не на наше око дали знае да пишува и бројки да рачуна. Развојот на 5 години и 6 години не е ист и неможе да биде. Кај нив неколку месеци и кај нас не е исто. Кај децата за 6 месеци се случуваат огромни развојни промени, и има разлика дефинтивно.
     
    На zuto, macalavica, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  18. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.297
    Допаѓања:
    4.954
    Пол:
    Женски
    Син ми собира и одзима до 10 уште пред полни 4 год,мислам на усни прашања од типот ако имаш 5 бонбони ако ти земам 3 колку ке ти останат,и слични примери,и ден денес го прашувам во играње обично,дури сега прашувам и над 10 ама пак сметам дека би бил мал да тргне пред полни 6 само затоа што не го држи место.Ако бои или ако игра со песок тоа е мах 15 -20 мин и тоа под услов и јас да играм со него.
     
    На Mari-Li му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mari-Li

    Mari-Li Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    2.922
    така е, еднаш имаат 5 годинки. Тие годинки се за играње:inlove:
     
    На eli25 и fana им се допаѓа ова.
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.622
    Допаѓања:
    38.051
    Пол:
    Женски
    @Cosmi ОК те разбрав. Грееешка сум огромна. Ти најдобро секогаш се знаеш.

    Јас појма од животот немам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.