Здраво мајки,стравот од градинка помина,сега оди синчето веќе не прави проблем,ама седи до 12 и го зема мм,сега имам друга мака, воопшто не јаде ништо во градинка,не сака да јаде ниту пред да тргне,не сака ни млеко, а таму воопшто не пробува од храната,јаде само по едно суво лебче без ништо и тоа не секој ден.Веќе ослабна а поминаа само 2 недели,а и онака беше слаб,коски и кожа е,се плашам да не се разболи,и дома после градинка многу слабо јаде,одбива скоро све ваљда е прегладнат и му е мачно, зборувавме со учителката рече дека не сакале да го тераат да јадедане створи пак револт кон градинка,јас секој ден разговарам со него,му зборам да јаде,дека таму храната е баш специјална за деца,дека затоа другите деца јадат,да јаде да е силен,ама уште без резултат.Дали да земам некој сируп за апетит,дали треба време и за тоа да се навикне ако има некоја мајка со слично искуство да ме посоветува.Сака да остане подолго да спие ама како да го оставам гладен до 2 реков нема шанси додека не почне да јаде
Услови го останувањето со јадење. Мора да јадеш барем еден оброк ако сакаш да останеш да спиеш со другарчињата и да си играте потоа. Кажи му дека играта после спиење е уште позабавна, играат послободно бидејќи ги спојуваат, играат само игри, не работат теми и така натаму.
Ќе почне. Штом син ми почна да маца манџи има надеж Гледаат еден од друг и така се силат . И син ми обично ручекот му е лепче и салата, не го јаде. Давај нешто киндер имуно или б комплекс. Исто и нашата рече со сила не терам дете да јаде. Сака да јаде, сака не.
Јас му дадов на синко пробиотик на Хемофарм за возрасни, да напоменам има 6г и доктор ми рече сосема е безбеден да го дадеш и тој, како се разјаде дете, нон стоп бараше да јаде.
Мојата од септември оди во градинка и цело време јаде само леб. Сега почна да јаде по нешто од доручекот ама воглавно само на леб е и евентуално ужинка. Кога и да збориме дека треба и таму да јаде со другите дечиња она вика дека не сака и дека само леб ќе јаде во градинка. Учителките имаат пробано на многу начини ама никако не бидува, бега под маса, затвара уста, плука ако успеат да и пикнат во уста.
Здраво на сите.Какви искуства имате со примање во државна градинка во Аеродром?Прво аплициравме во Срничка во Јануари , за од Јуни немаше место сега аплициравме и во БубаМара.... Дали некој може да сподели искуство и помош како да не примат во градинка.
исто скроз од прва до последна... нека сподели некој нешто фамозно за да ги натераме децава да јадат во градинка, аман веќе!!
Мајки од градинка ни бараат копија од картон за имунизација. Малата ги има примено сите освен ММР, ќе ни прават ли проблем за запишување?
Зависи од градинката, ама генерално прават проблем. Всушност таа е и најбитна за запишување. Толерираат до кај 15-16 месеци одложување.
Ама запишани од помали и никој не ом бара. Или родителиве цело време кажуваат дека се болни децата и не примаат...ама не може да им кажат не го носи од утре освен ако не избие пак епидемија А кога ќе го запишеш на возраст од 12 13м тогаш ќе ти побараат во управа
Верувај ми има и деца од 12/13м и деца запишувани на 20м. Лично познавам никој никаков проблем не им прави ниту им побарале вакцина. Жално но веке нормално во нашава држава.
Мене ми се чудеа од гр зошто сум го вакцинирала. Па кога го вратив дека не беше адаптиран,почнаа да ми набројуваат симптоми на аутизам. Значи 10 дена после примена вакцина. И уште ми збореа не било исто детево,пискало не знам ти што... 8м покасно во приватна оди еден муабет благе везе нема, нити па со моево дете нешто не е во ред.
Вие немавте среќа со градинката, се сеќавам на муабетот. Ваму знам во септемви им имаа дадено рок на родителите до кога да стават вакцина во спротивно ќе ги отпишат.