Јас не би реагирала за изгребано колено освен ако не било ептен лошо. Тргнувам од себе, колку сме паѓале како деца и не ми текнува некогаш да сум кажала дома или да ме дезинфицирале освен еднаш кога ептен беше одрано. Доаѓа и мојов изгребан од некое дете, се удриле, се закачнале, немало реакции досега, деца се.
Па да ама еве сп години ниедна група не купила инаку тоа останува во наследство. Само радио и им пуштаат музика
Кај нас во група колку што сум запознаена не пуштаат таква музика. Доволно е голем и раскажува и кога и да сум прашал ми кажува детски песнички. Ниту па некој од родотелите спомнал или се пожалил за вакво нешто
Сериозно реагирате зашто паднало дур трчало? Зошто? Да го врзат ли? Или да го остават да гледа преку прозор дур другите трчаат...
Ni jas...detevo vo gradinka do sega ne padnalo ama malo e 15mes. Ali zatoa doma u eden vikend rascepi usta i izroni kecovite od sto padna i sledniot den plesna so glava na masata i bese so rascepena potecena usta i modro oko....zar ja nejkeme doma ne ja gledame li...do nea si ama ete se desava. Jas im se cudam kako gi dopazuvaat svaka cast...
Ако е нешто сериозно нормално дека ке реагирам ама за гребнато колено не. Каква ја праќам ко шо е бесна здрави колена нема никогаш.
Никаде не дезинфицираат изгребано колено. Имаат медицинска сестра за повеќе клонови која доаѓа на повик ако е посериозно, односно поголема рана и треба да се дезинфицита и преврзи.
Благодарам за одговорот,според мене беше голема раната,отприлика 2x2cm, влажна од крв, до вечерта едвај се засуши... Сеуште немам изреагирано,не знам дали да се бунам
Не да се буниш туку можиш само културно да прашаш дали воопшто имаат нешто за дезинфекција, зошто можи и да немаат. Некогаш не се ни тие криви.
Не реагирам зошто трчало,прочитај првин за што пишувам не знам дали уствари да реагирам некако сеуште. Погоре пишав ми го даваат со рана на колено од која тече крв, не го дезинфицирале ниту му залепиле фластер, па се прашувам дали тоа е вообичаен третман кое детето ќе го добие таму... Јас како родител не би го оставила така,а освен тоа,после трчањето надвор со крваво колено седел внатре,ручал,мачкал крв по масичките таму којзнае што било И уште една членка пишала,зашти читате како што мислите а не како што е напишано? Деца,трчаат,паѓаат и т н... Ама нели овие треба да спречат инфекција или јас тоа многу се занесувам и очекувам саглам да ми го чуваат? Ај ако не,да се надевам дека ги тераат да мијат раце пред оброк,или ќе пише некоја на улица кога расневме и јадевме кришка со ајвар рацете да не ни биле измиени?
2х2 цм не е воопшто голема рана. Уствари не може да се нарече ни рана. А ова до вечерта едвај се засуши, влажна со крв, искрено да ти кажам, звучи толку драматично ко којзнае колку да ја расцепил ногата. Ако дезинфициравме на секоја гребнатинка од децата, ќе требаше секој ден да трошиме по едно шише алкохол. Такви површински рани се чистат со сапун и топла вода и толку, си има имунитет детето и ќе му се обнови за брзо пошто само кожата му е оштетена површински. Не бива ни на децата најнормални настани од детството да им ги претвораме во медицински ситуации, доста ги дезинфицираме цела пандемија. Можеш да побараш да му стават фластер зошто коленото е место кое и да се засуши, при виткање пак потекува крв, или стај му еден ханзапласт во ранец ако немаат тие и тоа е тоа.
Чоек, дојде дома со рана на колено што три недели не се опорави. 2 на 2 е ништо, цело колено буквално му беше партал. Стрес е, знам, ама буквално изборот е тој. Или ќе седи внатре или ќе има спомени со белези. Не ме сфаќај погрешно ама второто е дефинитивно подобро за детето...
Епа ни тоа,не го исчистиле нити залепиле... Може претерувам,до вечерта му течеше ваљда лимфа е тоа како вода и едвај фати кора,на бетон се одрал и му фали парче кожа,мене ми личеше страшно, е сега да сум доктор на ургентно ќе ми игледаше као мачја кашлица ваљда
Абе чоек ти пак не ме разбра... Прашањето ми е дали треба да очекувам интервенција од нивна страна како дезинфекција/фластер и пошто тоа го немаше,а сметам дека е нормално дали да се бунам... Во ниеден момент не реков не треба дс трча или да седи внатре или да не иде у градинка... Се извинувам,оптеретив на темсва ем не знам да спојам мислења
Те разбрав. Ама не треба ништо, уживај. Лесно се регенерира кај децата, затоа и не се замараат околу такви повреди. Мое мислење е дека не треба да реагираш ако не е повреда од типот глава...