Ако ја пишеш со име и во која група работи, кој клон на која градинка, пак ќе е споделувано од огромен број на луѓе и ќе се знае која е, ќе дојде до медиуми и институции, да видиш како ќе се ангажираат сите Да сум во Мк, тој пат би го избрала. Ниедно дете не смее да трпи вакви трауми, ако чекам градинката да ми најде решение, може ќе те префрлат во друга градинка ама на неиживеаниот монструм што кренал рака на ќерка ти, створил страв до коски, траума, ништо нема да и направат.
Како бе ќе ја префрлат во друга градинка? И таму да тепа деца. Го чуваш како капка, да ти го тепа лудача. Прашајте некои од другите родители дали децата кажуваат дека ги тепаат, заедно повеќе притисок може да направите. И објавете ја. Лани нели објавија за една воспитувачка во Буба Мара и ја избркаа. Само ако е јавно овде се решава. А малата префрлете ја секако во др градинка.
Имав во план судски да го решавам проблемов лично меѓу нас,евентуално да ја објавам со име и презиме по социјални мрежи, откако ќе го дознаам презимето колку да бидат информорани и други родители. Верувам дека и монструмот е родител,веројатно со платата прехранува и дете. Не би сакала ниту на едно дете да му го одзимам лебот од рака,но ова може да продолжи да се случува и со други деца. Клонот е Страшо Пинџур,спаѓа под 11 Октомври,не сакам да ја објавам со име зошто во истиот клон работат две жени со исто име. Мора да го дознаам презимето и да снабдам слика,да биде објавена со слика.
Јас имав таква ситуација со најголемото дете, тогаш беше 3 години. Детето почна на градинка и за 20 дена јас имав ново дете, повлечено, плачливо, исплашено. Одеше само 20тина дена, бидејќи еден ден го земавме со раскрварен нос и на цело лице рани. Исто така не ми се јавија, кога отидовме таму шок за мене. Следниот ден го отпишав. Не можев да со го оправам детето наредните 4 месеци, кога минувавме низ градинката детето вриштеше. Кога се смири целата ситуација и стравот ми раскажа дека го ставале цело време во ќоше сам да седи, му пискале, го тепале и не му давале да јаде. После година ипол си го запишав во нова градинка, таму си прифати се супер, си одеше без гајле. Сменете ја градинката обавезно, не ја оставај таму. Тие се штитат за жал и ќе се заташка работата како и за се друго во нашава држава. Обавезно да ја објавите за да ја знаат родителите и да внимаваат, ма да штом детето вели воспитачките не тепаат сигурно и не е само таа. Тешко на родителите со вакви негуватели и воспитачки.
Браво за човечноста, кога очигледно таа немала ронка човечност кога кренала рака на твоето дете во институција каде детето треба да ти е заштитеено ако некој крене рака на мое дете ич нема да ме занима дали од платата прехранува свое дете. Требала да мисли на време и да работи професионално Да се едитирам, детето ти е трауматизирано и моча во сон, те моли да не ја однесеш во градинка. Те молам ич не и се мисли како ќе живее таа
Леле луѓе што читам ?! Косата ми се крева Значи дефинитивно треба да се воведе некој психички,психолошки испит на личноста пред вработување во градинка. Овие "теткиве" ко присобрани ми гледаат Катастрофа !! @Mama993 имаш наша подршка, немој да се откажуваш од идејата да ја пријавиш секаде каде што треба. Ова е за на ударни вести,сигурна сум дека не е единствен случај ама не секој има храброст да оди до крај
Вие на време сте реагирале,јас цела година го малтретирам детето упорно да оди во градинка,зборувајќи и дека градинката е убаво место кај што се запознаваат дружат дечиња. Ми збори како сака да ги земе сите другарчиња и да одат сите заедно на друго место со други тетки,мислев дека претерува измислува се дур не добив доказ,ужасен родител сум,глупава и смотана. Ќе одам до крај и ќе ви пишам како ќе се одвиваат работите понатаму. Фала ви женски на сите за подршката.
Ако му е воспитувачка зарем немаш слика од групните за Нова година или за крај на годината што се сликаат? Само ќе ја исечеш неа и ете слика.
Немаме слики од градинка,баш кога беше групното сликање малава ми беше болна,немаше смисол да ја однесам да се измеша со други деца само за да се слика. Каков баксуз сум,ќе најдам слика тоа е најмал проблем сите користиме fb. Најдов име презиме и мобилен тел од директорката на градинката преку официјалниот сајт на министерство за труд и социјална политика. Се се наоѓа ако се бара...
Браво што го тераш судски. Јас би во друга градинка во друг клон барај да ти се префрли веројатно е траума. Инаку можеш да пробаш во ИРЛ да ги контактираш ако сакаат да направат истражување за градинки слободно и мене пиши ми во ЛП и јас ќе ги контактирам со моите случувања по државните. Ако се нафтат да направат сторија и истражување пошто си поткрепена со докази. Па ако се соберат повеќе родители со случки од различни градинки ќе има некаков ефект и притисок
Гарант не на избркале Најчесто ги префрлуваат во други клонови. Ептен ретко е бркањето од работа. И ќерка ми кога одеше имаше таков случај (Буба Мара, Пчелка 2) негувателка тепала дете, родителиве ептен се побунија и ко ја избркаа, ама од инсајдерски изоври знам дека ја префрлиле во друг клон.
Не, не си ниту глупава, ниту смотана, ниту пак ужасен родител, ти си само мајка која сакала и морала да го остави детето во градинка, а тоа што некои жени таму сакаат да си играат мајтап со децата, тоа е нивна вина се додека не погодат на некој родител што ќе и го покаже местото. После се оваа не треба да се чудиме ако почнат тепачки и во образованието, како во здраството. Префрли детето во друга градинка или ако има кој да го гледа некој месец, уште подобро, ќе заборави колку толку на оваа траума. И на родителите обавезно да кажеш ако имате група, ем ќе знаат со што си имаат работа, ем ќе видиш и ти дали имал некој таква ситуација. Бидејќи кај мене беше само на моето, бидејќи им го пуштивме во март месец, па не сакале уште деца, им било терет де
@Mama993 Нели се по две една воспитувачка, а друга негователка? Каква е другата? Ако е ок тогаш прашај го детето дали сака да остани во истата градинка со другарчињата со таа друга тетка и со уште една нова или да оди во друга нова градинка со други деца. Ако сака во друга немој да чекаш до септември. Побарај од управата, затоа што веќе се запознаени со случајот, да ти најдат место во друга градинка која тебе најмногу ти одговара по локација. За ова со објавување со име, презиме и слика консултирај се со адвокат прво. Инаку јас би му верувала на детето, но ако можеш да најдиш и други родители, најдобро група да направиш, на фб или вибер било како, да се распрашаат по дома па да споделат сите. И ние имавме, не толку екстремна но слична ситуација, за среќа со заменска воспитувачка, но имаме група на фб со родителите и таму комунициравме се што дома кажуваат децата. Одлично би било кога би нашла и други родители на кои децата им пренеле нешто негативно што се случувало.
Здраво, дали некоја мајка знае дали се ослободија места во градинкиве низ Карпош од кога изгласаа да не се запишуваат деца од други општини во Карпош? Конкретно за градинката Орце Нкколов ме интересира.
Дали во вашите градинки има згрижување летово, со спојување на групи од повеќе клонови? Со оглед дека сме уште во пандемија, дали е дозволено вакво спојување?
Кај нас да, ама од другите градинки децата не ги спојуваат со групите од нашата градинка тоест клон. Кај нас има два влеза, и другиот клон е во друг влез.
Nie sme vo drug klon letovo radi renoviranje na nasiot...sigurno i grupata e smesana ama pa ne gledam problem i nie odime po odmori treba j tie realno deca vo grupa pak se na broj tuka negde