Јас би била загрижена ако не луфтираат, затоа што има многу "одговорни" родители кои ги носат децата мртви болни во градинка. Ама немало температура од синоќа, немало кој да го чува детето. Нема ни моите кој да ги чува, па се снаоѓаме како знаеме и умееме ама во градинка не ги носам болни. Кај нас не ги примаат тие кои се видно болни, ама сепак има. Јас имам влезено во занималните на децата на родителска во септември, и кога китевме за Нова Година. Толку. Немам ни желба да влезам, доволно е што слушам како брчи усисивач нон стоп и што мириса на чисто.
Кажете ми кога им е ручекот и во колку саат ги легнуваат да спијат? Зборам за градинките во аеродром.
Градинката позади Лептокарија е 6000 денари, со тоа што имаат и мини бус кој децата ги зема и носи до дома (ако се поголеми)
Таа да не е само за жители на Карпош поевтина, а и мислам дека прима само деца од три години нагоре. Ако е таа што мислам, IPS.
Заборавив како се вика, а мислам дека за иста збориме. Не сум баш информирана од која возраст примаат..
Мислам дека таму е само на англиски, ако не сум грешка. Инаку, за деца што не се жители на Карпош е поскапо, околу 12000. Искрено, не сум некако за приватна градинка. Сега навистина има избор, и има навистина прекрасни приватни градинки, ама внука ми од брат одеше во приватна градинка, една од првите што се отворија во Скопје (не знам дали уште постои), и доби труење со храна на година и пол. Некако тоа искуство ме тера да мислам негативни работи за приватните градинки, иако не е добро да се генерализира. Башка што оттогаш многу се сменети работите. Знам дека може да се случи било каде, ама ете.
Off lele jas treba da cekam godina za da go primat vo drzavna gradinka ful bilo a Moram so rabota da pocnam zatoa baram nekoja poevtina.12 000 Mnogu e
Можно е...иначе за 6000 денари би имало тепачка. И јас не сум за приватни градинки. Децата во приватните градинки немаат посебен третман (ако родителите мислат дека таму некој само по неговото дете трча). Можеби помал број деца има поради високите цени.Во главноМ концентрирани во Козле и Влае (каде најмногу се издадени куќи на странци).
Ne znam nemam nikakvo iskustvo so gradinkive i nemam niso protiv drzavna ili privatna samo sto vo drzavnive puno e.
Предност на приватните е добриот сооднос деца/негувателки. Живеам во Аеродром и тука бројот на деца во група е вон сите стандарди.
Секаде е така, не само во Аеродром, за жал. Има голема потреба од нови градинки, или реадаптација на постоечките. Општо, во Скопје недостигаат градинки, а персоналот во постоечките се растргнува од работа, затоа што не се планирани една воспитувачка и негувателка на минимум 30 деца. Затоа има муабети од типот дека намерно им отворале прозори додека си играат или спијат, да настинеле, за да им се намали обемот на работа. Жалосно е до кое дереџе се дојдени.
Вчера читав за затварање на две приватни градинки поради тоа што просториите биле несоодветни,децата спиеле на обични душеци на земја,имале пукнати водоводни цевки итн
Сите приватни што ми се во околината се во куќи (изнајмени, не градени за таа немена туку за домување) Кај ги собира тие деца во тие куќи-незнам. Плус куќите на спрат...по скали..како успеваат со децата нагоре-надоле.. Под градинка подразбирам голем објект, рамен, светол, со многу прозори, со двор за да играат децата и место кое е безбедно во поглед на сообраќај. Ова што го гледам е сушта спротивност..
Премногу деца и преголеми паралелки има во градинките. Учителките не можат се да постигнат,а плус дечиња мали,сами не можат да јадат, памперси им менуваат, да научат по нешто,е тоа е навистина напорно. Затоа јас никогаш не се расправам со учителките,иако ср криви за некои работи. Ние дома некогаш нашите не можеме да ги истрпиме,а не по 25-30 деца. Кај малава во градинка 28 деца се со 2 и учителки Ама тоа е,ако ти одговара така носи го детето во градинка, ако не дома или жена плаќај по 8000 ден.
Мене па тоа не ми е изговор за да некој не ми го чува асално детето.Шо ми е гајле дали излегува на крај или не со толку деца кога она сама си ја избрала таа професија.Плус ја плаќаат,за викенди дома си е,за празници дома си е.И лекарот денес може да има 30 пациенти па ај нека лечи некој асално а некој само делумно и до пола.