Mene sega panika me faka za adaptacijata kako ke e od 1 sept treba kerka mi za prv pat da trgne vo gradinka a e 3 I pol god kako ke bide nez
исто и мене син ми е 3,5 год а бебево 10 месеци се плашам од адаптација а појке се нервирам шо одма ке се разболат и се дуговлачува адаптацијава:/
Да прашам, ако не оди дете цел месец, дали уште се плаќа по 500 ден или поскапено е? Пошто цел месец не одеа и ми стигна 750 ден, па да знам дали да се побунам.
Ако е без пелени маичка и гаќи, ако уште мочка повремено од ова х2, комплет алишта за преслакање, ако е како кај нас во јасли до 2ипол исто стави х2, а и да се измоча да има да ја преслечат. Ако носи пелени плус пелени, мене ми бараа 3 на ден. Тоа беше кај нас, креми и влажни носевме еднаш месечно.
Да кај нас во Ѓорче дете под 2ипол е во голема група јасли, немаат креветчиња бебешки туку како во големите групи и јадат пасирано не блендирано, имаат малку повеќе простор и масички, ама се води како трета јасли. Синко беше во таа кога во септември немаше 2г и 6м туку 2г и 4ипол месеци, не сакаа да го префрлат во прва мала.
Дали има некоја мајка искуство со дете со интолеанција/алергија на храна и исхрана во градинка? Дали во градинката се спрема храна и за вашето дете според тоа што несмее да јаде од менито за тој месец или сами носите храна?
Ја па те сфатив до 14:30ч ги чуваат бебињата викам не е можно. И ова не е подобро безврска е, мислев дека се унифицирани. Тоа останало од порано кога немало толку млади ама сега Ѓорче ептен е живо и населено како и сегде
Кога ќе дознаеш нешто пиши ми, мене во градинката на малиот како единствено опција ми посолија сама да носам храна тие денови за тие оброци што не одговараат, но храната да е спакувана и со декларација итн, што за негова возраст значи купечки кашички. Мене тоа не ми делува како разумно репение бидејќи станува збор за интолеранција на лактоза а во менито за јасли секој ден барем еден оброк е со млеко… и материјално ми делува многу а и не ми е ок детево да ми е константно на купечки каши.
Јас искуство со 2 градинки имам. За упис не ми барале,ама од како ќе тргне уште на прв ден да однесам.
Колку што се сеќавам за првото не ми бараа за упис, но да прашам да не се смениле правилата. Што всушност треба да приложан за упис? Потврда за двајца вработени, друго??
Здраво мајки. Го земав синко денес од градинка негователката или воспитувачка не знам што и која беше (прв пат ми го дава) ми кажа дека малиот не знаел да си ги облече сам патиките додека сити други деца веќе сами се облекувале а мојот не. Не знам дали беше запознаена дека син ми е најмал во групата од сите деца и дека има 3 ипол години додека другите дечиња имаат по четири и некој месец.И реков во ред ќе се потрудиме да научиме и појдовме на кај колата,но малиот се пожали дека го повлекла за косата односно искубала а на моето прашање зашто ти направила така ми кажа заради тоа што не знаел да се облече сам. Се осетив како мене некој шамар да ми мавна, го кажав ова на сопругот но тој вели да не кревам галама бадијала дека можеби бил немирен. Како би реагирале вие.Јас не знам како да постапам дали да се карам утре или не,колку и да не знае да облече патики или да е немирен мислам дека не е решение да се однесува така со детето а притоа кога го прашав дали утре ќе оди во градинка само рече одсечно,,не,, а секогаш со радост оди а сега вака одговори.