soncogledi vo vlae ideshe sinko super pominavme. Inaku sega opshtina karposh zapishuva samo po l.k. nema moznost za biranje osven ako nemas dve l.k ili dogovor za stan i se sto se bara. Ne e kako porano i ne e bilo koja gradinka vo karposh. Decata koj se zapishani ne gi premestuvaat ama novite samo po l.k
Ти благодатам. Ние сме во Карпош па Сончогледи спаѓа кај нас, аплициравме таму и во Мајски цвет и во двете не примија па за тоа прашувам.
На мисла сум жени шо да правам. Син ми 3 години е, од 1,5 оди во градинка. Лани летото ко го одбив од доење фати стомачен вирус лежевме во болница, Октомври месец лежевме заради бронхо пневмонија од стрептокока, од тогаш до пред две недели не го носев во градинка, сега таман почна фати стомачен вирус 6 дена лежевме во болница Тој сака да оди во градинка, јас сакам да го носам оти знам дека му е убо ама премногу ми е страв од вирусите и настинките. Зборав со докторката шо го прими на детско ми вели ако има кој да го чува барем уште една година да не оди, многу е нежен.. За чување ке се организираме некако то е најмал проблем, ама незнам дали да го отпишам.. Трауми имам од се шо поминавме, а допрва се настинките.. Да се редактирам не спомнав дека таму само леб јади др ништо, дома си јади одбрана храна, пробано на многу начини ама неможиме да се убедиме никако..
Денес ваков го земав Не знам зашто само прмолчев минатиот пат.Знам дека и моето е не мирно но она кај гледала.Инаку ова се случува во градинката ПОНИ во Хиподром.
На жалост е често, посебно во помалите групи. Икс пати сум ги земала апнати, ми споделиле што се случило, ставиле ладна облога и ги информирале и родителите на “гризачот”. Најчесто биле фази кои минеле… само едно детенце е сега 4.5г сеуште добива некои напади на бес и апе, но родителите побараа веќе советување и помош од дефектолог за да работи со него, па се трудиме сите заеднички да допринесеме да ги надмине потешкотиите со кои се соочува. Доколку не е поединечен случај, се затегнале за играчка или слично, најчесто воспитачките обрнуваат малку повеќе внимание на детенцето кое е во фаза на апење…Оти буквално секунда треба за беља а не се залепени до нив нон стоп. Но да ве информираат треба.
Ова е гризнато најверојатно од друго детенце,такви работи се случуваат и јас не би замерила кога е меѓу деца. Би изреагирала само кај била воспитувачката во тој момент. Барај си друга градинка..
Здраво мајки. Има ли некој да сподели искуства од градинката Калинка од хром? Поточно од улителките Магдалена и Катерина.
Дали е пуштен клонот Црвенкапа од градинката Срничка во употреба? Знам дека го реновираа, но не знам ситуацијата каква е, дали примаат нови дечиња?
Цела 1 година, од лани февруари кога почна в градинка до овај февруари беше болен, 3,4 пати стомачни вируси, температура лани летото на 2 пати имаше по 4 дена а лето ќе речиш, бактерија моксарела...нон стоп мрсули без прекин, кашлање, 3 дена в градинка, 2 недели дома. Февруари оваа година беше дома да се накрени малку оти јануари многу се разболи, цела недела тт имаше и помина без антибиотик патем, па од март до јули супер беше, само конјуктивит фати пролетта ништо друго, значи стекнал колку толку имунитет, зимата пиеше мултивитамин со омега од бекутан сирупот, потоа ништо. Ми е збор, џабе ќе го чуваш дома, дури стекни имунитет ќе се разболува, мора се да помини, ретки се деца кои не се разболуваат често. За јадење и моето не е јадач, в градинка јади само леб. Во декември 4 год ќе прави.
Дали некој има искуство со јасли во градинка Буба Мара - Сонце и Буба Мара - Пчелка 2? Сега го запишавме малиот. Иницијално беше пријавен за во Сонце затоа што ни е многу поблиску, но од градинката ни дадоа совет да го префрлиме во Пчелка 2 затоа што таму групите биле помали. Генерално како сте задоволни од јасли? Дали во сите градинки се една воспитувачка и 2 негователки на 20 деца? Не можам да сфатам како 3 жени постигнуваат да се справат до 20 деца што не јадат сами, не одат сами, не зборат, носат пелени...
Мамички син ми треба да почне во градинката сега од Септември. Има година и три месеци и сеуште ја нема примено МРП вакцината. Во план сме наскоро да ја прими. Јас сум бремена и во Октомври треба да се породам па не сакам сега да му правам плус стресови и да се изложуваме на ризик па затоа сакам да му го одложам одењето барем за некој месец но ми е страв да не ми го испишат. Ве молам за совет како е најдобро да постапам, каде да се обратам за да наидам на разбирање?
Син ми го испишав некаде јануари, во мај негователката ми бараше уплатници да и однесам. Ниту ме праша детето зошто не оди, ниту кај е. Може и мислела дека оди не знам што кажам Така да зависи од градинката, ако се како кај мене тие едвај чекаа некој да не оди од 30 деца