кај нас не си подаруваат, само славеникот части во градинка пакетче за секое дете. Според мене и подобро е вака, зошто да се впуштаме во дополнителен трошок, кога и онака се наоѓаат триста мани, кој поскап кој поевтин подарок
500? Да не бидам сфатена погрешно ама што е со родителиве? Па нема секој по 500 да одвојува. Ние тетратки или бон бонс парфемчиња си носевме и супер беше, нешто што секој родител можеше да си дозволи.
Јас кога беа помали зимав маичка и гаќички сетче од Стружанка. После потпораснаа зимав едни книжулиња со развојни игри. Е последнава година купувам комплетчиња памучни и фустанчиња или Лего копии, ама не поскапи од 300ден. Имаа 28 деца во група, од нив 20 да викаат на роденден нас не фаќа премногу за детски роденден да давам по 500ден. И 300 се многу, сум проаѓала и со 200 искрено, а кога беа помали и со 150ден сетче.
Знам, и мојата реакција беше таква ама кога од 5-6 блиски го добив истиот одговор, сфатив дека умреа времињата за рамки со слика, касичка, несесер за боици, албумче за слики, споменари и слично Жално е ама види погоре, друштвени игри, маички и слично коштаат околу 300 денари.
Друштвени игри има и од 180ден, од типот на Не лути се човече и слични, поасални во Галакси се по 250-300ден, а одличен подарок е тоа, јас еден период затерав кај сите пират во буре, многу јака игра, 240ден беше и ја намалија па дури и на 180 некој период. Има и добри Не лути се човече по 250 во галакси.
Пoлека самите си ги наметнавме oвие рабoти, oд декoрации, пoклoни и така натака..затoа и пoчнуваме да избегаваме рoдендени, сoбиранки, дружење oд oвие скапи пoдарoци. Не е oкoлу рoденденoт, oпштo е муабетoт. @AngelOfArh дoбра идеjа. Фала
Бидејќи често низ темава се поставуваат прашања за разболувања во градинка, имунитет и сето тоа еве нова тема за да не се мешаат овде прашањата. Нека биде оваа за адаптација, уписи и други работи поврзани со градинката. https://forum.femina.mk/threads/Разболувања-во-градинка-и-превентива.34016/page-3#post-6315857
E da ama i rodendenite se vise u igroteka ne doma so sendvicinja od bagetce smoki i sokce...pa animatori pa cuda i gleas da im go vratis trosokot...ko na svadba mu doaga
Како што ти пишале некои кноги со активности, шише за вода од тие шарените во просветно, комплетчиеа шнолички и слични дрангулии. Алишта јас избегнувам да купувам зошто деца на играчки се радуваат не на облека.
Од тазе родендените и јас мислам околу 500. На мојот му донесоа комплет тренерчиња, друштвени игри... (не знам точна цена) и една кола која случајно ја сретнав во продавница (600ден. беше). Баш тогаш барав подарок за роденденот на кој моите беа поканети и и двајцата одбраа различен подарок 650 и 400 (плус и стегаче мораше да купиме ) Туку учат ли кај вашите песнички? Нели после одиш ли во градинка следи знаеш ли песнички?
И јас се мислев истото. Ќерка ми почна во оваа градинка од јануари, единствената песна што знае да ја каже е Моето маче од Дарко биберко. Прво мислев цртани им пуштаат, ама кажува дека само на телефон им пуштаат песнички. Пее и некои англиски, ама тие и дома ги пуштаме, не знам дали во градинка пуштаат. Ама класична стихотворба до сега не кажала. Во групата децата се родени ноември 2018-јули 2019, значи сега би биле 3-4 години. Не знам дали се мали, ама јас имам снимки на касета на 4 години како кажувам 3 различни песни од кои едната и ден денес знам да ја кажам.
Учат песнички Спајди, мојата е таа генерација. Лани учеа песничка за мече во гората, за штркот, за 8ми март, за зајче што вежба нешто, за нова година. Јас песничките сосема случајно ги слушам од мојата зошто ако ја прашаш за песничка ќе ти каже некоја дома што сме ја учеле од златно славејче и поточиња. Најчесто на куклите им ги кажува
Ти прашај ја воспитувачката, јас бев изненадена кога ја прашав и ми кажа дека се јавувала секогаш она прва да каже, најгласно да ја изрецитира, дека супер соработувала, и дека сите песнички ги знаела. А јас дека знае песнички дознав во „второ полугодие“ на случајно потслушнување и откако саат време ја молев и поткупував да ми ја каже песничката. И сега е таква, знам дека учеле зошто секогаш прашувам за што и ставиле петка на рачето, ама она за жива глава не сака да ми ја каже песничката, ама затоа ќе ми каже што секое дете рекло, кое со кого играло, на кого учителката рекла ама ти малку претеруваш, кој со кого оди во тоалет, кој со кого се карал, си играл, кои топлинки чии се, права озборувачка
Учат. И јас немав појма додека не дојде короната, па ни пуштаа активности за по дома. Еден ден учителката праќа снимено како рецитира песничка и мојов како од пушка почнува да рецитира Ама кога го прашувам многу ретко е расположен да изрецитира. Ама мојов по бројките е повеќе па може затоа
Мојот рецитира 3 песнички јас што му ги кажувам со помош од првиот збор или кога ќе заглави. Пробајте ги лесно се памтат. Ние ги кажуваме кога патуваме и кога играме. Пред некој ден одеше по улица и сам почна брм брм пчеличке едно 5 пати ја кажа. Од градинка не се пофалил дека научил песна. 1. Едно мало маче Со часови плаче не сака ни млекце Не сака колаче Вика каде си мамо, Не сакам да бидам само. 2. брм брм пчеличке брм брм сестричке Еден шарен цвет а ти дај ми мед брм брм пчеличке брм брм сестричке сите сме во ред штом јадеме мед 3. едно две и три Кај си (името) ти Ти се криеш како лав А јас немам страв. Едно две и три Кај си (името) ти Мене ми се јаде леб Стави ми ти во џеб Мене ми се јаде знај А ти мамо дааај.
А за деца нејадачи во градинкаНе можам да се помирам,цел ден ништо не јаде ниту вода пие. Заби вади дали е од тоа не знам и дома почна слабо да ми јаде. Веќе е адаптирана со малку плачење ја оставам ама брзо се смирува и си седи без проблем,си спие ама многу мие мака што одбива храна.
I mojata nejke da jade vo gradinka iako e 3 i pol god nesaka da jade nisto tamu 1 ned veke odi na gradinka i nesaka da jade tamu
Мајки дали го има некоја менито за градинка корчагин (пинокио) група 3-4 години? на страната нема апдејт на менито од летото