Па ете 6месеци шо го чував сега како прв пат да оди, ама стварно ми е страв ептен ми е стресно по 5 дена лежење на болница психички неможам да поднесам.. Сега за сега не оди, ама кај и да е ќе го пуштам, збесна дома веќе..
Мајки што им ставате во ранчињата за во градинка? 2ипол год сме не носиме памперс, треба да почне месецов во градинка.
Зависи од градинката , јас на моето покрај памперс резерва обавезно има и облека резерва , маичка панталончиња , чорапки ...
Долен веш (гаќички , маичка), чорапи, алишта ( сега шорц и маичка, после менувам тренерка и блузиче ).
Цел комплет облека резерва (веш, чорапки, блуза/тренерки/маица/шорц зависи од сезона. Секој понеделник нови пижами што ни ги враќаат во петок.
Што носите освен хартиена торта во градинка за честење? Имаше тука мислам и некоја идеја со хартиени кесички, со очиња нешто такво? Што обично се става внатре? Што сакам? На малава до сега и давале хартиена торта, со лижавче, блок чоколадце и ледено чајче И на воспитувачките, бомбоњерка некоја и сок/кафе ли?
Тоа ставаат и кај нас(чоко бисквит, крем бананка, лижавче) и обично носат големи сокови од праска за децата и воспитувачките и пластични чаши. Нашиот роденден е во август, дека тога не оди не сме носеле, ова од другите што гледам. Инаку, јас би однела некоја симболична бонбоњера и за воспитувачките
Секој различно, некој сака побогато, некој му е сеедно. Крем банана,лижавче и мало чоколатце ставам јас. Некој додава, бонбони пример, балонче...и плус сокче. До сега вака частеле кај нас. Имало и спакувано во обични ќесички за замрзнување, во хартиени чашки. Тоа до сега било поразлично. Пиши ми пп ќе ти пратам слики што изработувам.
Сите ли носите нешто за учителките? Воопшто не ми текна на тоа Кај нас хартиена торта и сокче со цевка и тоа не им даваат таму туку за дома ги праќаат.
Од оваа година почнаа (т.е. сега од септември) таму да ги јадат и сокчињата исто таму ги пијат барем што гледам по сликите инаку досега дома ги праќаа и во ковидот не ни носеа , беше забрането ептен пролетта почнаа. Сега изгледа фри мерки и се по старо
Мајки моите се 2 години и 9 месеци, пред една недела започнавме во градинка, само ден два плачки и се супер прифатија (правевме пауза два месеци), полека се опуштаат и внатре да играат со дечињата, сега седат до 12:30 часот, не се брзаме со адаптацијата иако засега е супер. Најголем проблем е тоа што не сакаат да јадат, јадат само парче леб (и дома се премногу проблематични со јадењето), истово беше и пред некој месец, значи одевме од март до јули во градинка и освен леб ништо друго не пробаа, од таа причина не ги оставав со спиење, жал ми беше гладни да стојат толку време, но сега сакам да започнат да седат како и другите деца со престој. Што правите во ваква ситуација, не сум паметна како е најдобро за нив, дали да си ги земам дома или да ги оставам гладни до три часот
Ако ти е за утеха и внук имам и е таков. Само лепче јаде и вода. И некое од овошјата. Седи цел ден, со спиење .
Јас не однесов, скроз заборавиви на нив. После тоа кога се сетив ми падна дури и незгодно. Бар кафе едно да однесев. Ама ај имаше вишок од хартиената торта, па се надевам се почастиле
Имам блиска што раб во градинка во карпош, некои деца ги отпишаа поради тоа што не се дел од општина карпош или се иселиле( родителите промениле адреса ).
Како е правно ме интересира ,дали може да го отпишат , не постои ли некоја конвенција за заштита на децата или закон..И ние имаме прпблем па ме интересира што може да се направи
Може да се обратите до народен правобранител. За жал, доколку секоја година се обновуваат договорите може да не му го продолжат.
Правно општината има право да си изгласа на совет реонизација и да си ги заштити децата од својата општина односно да не биде дека дете од Карпош нема место во градинка додека деца од Ѓорче одат во нивните градинки. И фер е, ама ако сме сите фер ќе беше се подобро, нели, немаше да бидеме во оваа состојба, но сите си гледаме за себе и своето и не ни е гајле кој и како се снаоѓа. Пример Ѓорче си изгласа реонизација и за внатре во општината, да ги распореди децата во училиштата и градинките, да нема преоптовареност во едно училиште и да се фаворизира па другите училишта да зјаат празни и годинава мислам дека најмногу се почитува тоа. Иако да бидеме искрено, и така се прават мучки, од пишување адреси во друг реон до врски фаќање, така да тоа е тоа.
Одлука на градоначалникот. Имало премногу деца од други општини кои иделе таму, а список со деца од карпош огромен. Имаат и проблем на пример во барсовци има градинка, ама они ги носат децата во карпош , бидејки се етички настроени. И тука пак е гужва, ама дека Бардовци е под општина Карпош па ги примаат. Ти знаеш дека Ѓорче околината кај стадион има еден куп згради и многуу дечиња( и дај боже да се множат) а нема градинка за од јасли нагоре, туку мислам е од 4 години. И родители носат деца или хром или ѓорче од другата страна. А пази дека тие дечиња од градинка ги зима баба/дедо…и тие не возат кола, и по сонце 45 степени, по дожд, снег треба да идат пешки да ги земат. Ама битно потписи за згради фрштат без проблем.