Nez mene taka mi rekoa I dr I ucitelkata sto e na mojata kerkicka vo gradinka oti ne treba nisto da odnesam
Бараат во Скопје потврда обавезно. Во короната и за еден ден. Колку пати сум носела здраво дете или јас сум трчала по потврда иако сум го оставила превентивно зошто ми прошмрцал или слично. Сега не е толку сторго, ама еве сега 5 дена не беше и ми бараа. И во договорот така пишува. Не викам дека е во ред, само како е пракса Ск. Затоа и престанав и јас да го оставам дома само ако прошмрца или се накашла некплку пати иако понекогаш ми е жал.
Во ред е тоа. Кај нас нема вакво нешто. Муабетот ми е дека е само папирологија во прашање и ништо друго. Башка што има матични ги издаваат за 100ден. А носевите баш овој период им течат на сите.
Во нашата градинка не бараа потврда за здраво дете кога се враќаа после секое разболување, туку само на почетокот на годината, во септември. Во Скопје ова.
Здраво мајки. Сакав да побарам совет (или повеќе утеха дека се ќе биде во ред и нема потреба да се грижам). Син ми тргна во градинка пред околу 10 дена.. Не прави проблем, не плаче, си игра таму, дома зборува што правеле, НО, никако не сака да седне на столче во менза и да јаде, само лепче јадел и тоа во одење. И воспитувачката ми посочи, никако не сака да седи и кога имаат цртање или кога треба да се јаде. Цело време си бил на нога. Помал е од децата во неговата група (групата е родени 2019, реално тој уште нема полни 3 години). Дома јаде, пишуваме, цртаме, седи на неговото столче, но во градинка не. Јас мислам дека уште му е рано, уште се адаптира и се му е интересно, па не можат да го натерат баш тогаш да црта или да пишува. Но за јадењето ми е проблем, од сабајле е гладен се дур го земам. А од наредната недела планирам да го оставам со спиење, ако не јаде до 3 часот треба да биде гладен. Не се надевам гладен да успее и да заспие. Ми велат остави го со спиење 2-3 дена ќе е гладен ќе видиш како ќе почне да јаде, ама работата е што син ми е јадач и не е научен да биде гладен повеќе од 3 часа.
Ми треба мислење како да постапам, оти е деликатно кога ми е детето во прашање. Оди во градинка од лани детето мое (3 год е) и супер си се адаптираше од 2 ден со спиење, секогаш со ќеф одеше и среќна си ја земавме. Ама сега од овој месец и се смени едната негователка и детево не сака да оди. Претходната недела одам да ја земам и ми кажуваат дека многу била немирна не ги слушала и викам ок ќе разговараме дома. Она си е темпераментна и жива, многу зборлеста, сака да биде по нејзино и понекогаш знае да не послуша наредба, ама од лошо дете е далеку пошто и јас сум во образование и знам што значи немирно и непослушно дете. И одиме дома ја прашувам што се случи и ми вика јас се качив на столчето додека боевме и учителката дојде и ме истегна за уво. (Не бев изненадена пошто претходно ми кажа како учителката други деца тегнела за уво и ударала по газе, ама методава на воспитување на 21 век е ужас). И ајде ништо и зборев дека треба да е умна да ги слуша учителките и тие ќе бидат добри со неа, помина тоа не им реков ништо. Вчера станува со плачење не сакала да оди. Викам зошто и ми вика оти учителките не ме сакаат. И викам од каде знаеш ти, и ми вика вчера ми рекоа ако кашлаш да си одиш дома, да не те носи татко ти. Добро викам мама ќе разговара со учителките и ќе те сакаат. И одиме во градинка и кажувам за ситуацијата со несакањето и ми вика она, цитирам ,,па ние никого со сила не тераме" се врти кон детето и вика ,,ако не сакаш не мора да доаѓаш", и продолжува кон мене ,,се знае кој сака - мајка и татко, јас си имам дома деца за сакање". Се изнервирав од односот ама ајде за добро на детето си викам ќе молчам, а ми идеше да соберам се на куп. И после продолжува демек она не ја слушала и и викам како до сега ниеднаш не се пожаливте сега наеднаш се смени таа - и демек не сакале да кажуваат ситници. Велам јас сакам да знам и да се ситници, може досега ќе се смирела. Тука и други глупости ми спомна што врска немаа ама ај да не должам. Нејсе, не спомнав ништо за тегнењето за уши дека знам, да не ја правам уште поголема работата. Денес како ништо да не било го прими детето, ама она пак оди зорле, го нема жарот што го имаше претходно и многу ми е криво. Не ми се ни носеше искрено, ама па од друга страна не сакам ни на детето да му дадам преголема сила па да почне да ме манипулира. Ако бил некој во слична ситуација ми треба совет и мислење како сте/би постапиле.
Од сегашна гледна точка кога имам прваче и гледам што се случува во школо само ќе речам дека под итно треба да се поработи на системот во градинка. Деца од 6-6ипол-7г немаат никаква навика за седење на столче и масичка, немаат навика да работат ништо, немаат навика да послушаат учителка... не ги оправдувам учителките, да се разбереме, и ти си во образование и ако си одделенска знаеш за што зборувам, и многу ми е драго што се трудиш да постапиш правилно и кон учителките и кон детето, значи не си родител кој слепо му верува на детето и тоа е тоа. Би ти рекла да поразговараш со учителките без детето, не пред неа, да зборуваш и да кажеш и за потегнатото уво и за се, зошто тоа е многу поважно од сакањето, иако за воспитувањето е многу важно тоа, но пред се казниве им се ужасни. Ти дома си свесна дека детето ти е со специфичен карактер, знаеш дека погрешила со качувањето на столче, но и тоа на нејзината возраст ама апсолутно не е толку страшно како што е претставено, има начин да се воспита поинаку од тегнење за уво. На 3г мое мислење е дека не е толку голем проблем качувањето на столче, проблем е на 5-6 години ако се случува зошто следната година кога ќе оди во школо тоа ќе и биде проблем. Поработи и ти со неа дома на убаво однесување, но и со учителките на начинот на воспитувасње.
Ете тоа не го напоменав и реков дека со неа не треба со лошо оти од мала е живец и секогаш кога сум пробувала со лошо да ја превоспитам се случува спротивното, уште полошо е. Само треба да и се сврти вниманието на нешто друго да и се даде активност некоја и се смирува. (А ако и се даде да црта, пластелин да меси или со ножички да сече може со саати да си игра глас нема да и чујат...) И одговорот беше дека не може она така со 20+ деца. Значи не наидувам на соработка од нејзина страна туку отпор само. Сум работела и во оделенска и во предметна и во приватно училиште и досега не сум ни помислила да удрам дете иако има невоспитани деца. Секогаш прво разговарам со детето, па со родител и барем малку се ублажува проблемот. Ама вака никогаш не би се обратила на родител, и да не е во право гледам да ублажам. За жал не се сите такви и штета е што во образование се ,,напикани" луѓе што ги сакаат само сопствените деца, не ми е прифатливо тоа.
Поголема глупост АМИН! Оти ако погали или сака дете дома овие ќе имаат помалку љубов. Значи под итно да се воведе психолошко тестирање за воспитувачки во градинка, имам дома воспитувачка, како се грижи за децата и на 60г ги мисли дури и кога е на боледување и одмор, а камоли кога е на работа. Срамота! Факт е дека воспитувачкава не и е место во градинка со деца, факт е и дека стварно има премногу деца и не може секому посебно да му се обрати внимание и да му се даде посебен третман, особено ако треба другите да пеат а она да црта, тоа не може, но може да покаже малку внимание.
Не знам ни зошто го смени однесувањето таму, дали е некој револт што и ја сменија воспитувачката. Таа секогаш ја фалеше дека е супер и ми ја предаваше со исплетена коса, средена, детето пресреќно ми беше. Сега нова воспитувачка, повеќе деца, поинаков третман и можеби и фали вниманието што го добивала па сака да го привлече. А и да напоменам дека повеќето во групата се машки и ќерка ми кажува дека се тепаат и дека се немирни, па претпоставувам дека е безредие и гледаат едни од други децата. Лошото е што кога наставникот не знае да ја одржува дисциплината нема ни авторитет и отиде се во вода... Стварно не знам како да постапам, еве ќе оставам да видам како ќе биде понатаму дали ќе оди на подобро или полошо. Сакам детето да ми има позитивен став кон образовниот процес, не вака одбивност уште сега.
Како прочитав се напнав (со нивниот однос), не разбирам само, кога треба да ја направиш поголемата? Кога ќе почнат да ја тепаат? И тегнењето по уши и плескањето по газ е насилство и како такво неприфатливо, тоа не смее да го направи воспитувач/ негувател во една градинка побогу! Би се потрудила да извлечам што повеќе инфо од детето, не со директни прашања туку преку игра, улоги играње нешто такво, или додека правите некоја заедничка активност со тоа што од околу ќе се збори за денот во градинка.. Ти и си во образование, овој дел подобро го совладуваш и сигурна сум дека ќе најдеш најдобар начин да комуницираш со неа... Да му се обратиш на дете со зборовите “ако сакаш не мора да доаѓаш“,дрско, таму сигурно нешто повеќе се дешава (она веќе и признала со тоа што рекла дека не е за сакање, никој не бара да ни ги сакаат децата, туку да ги почитуваат како особи со свој карактер и душа, да се однесуваат милно и културно, да не ги пренесуваат нивните фрустрации врз нашите најмили, толку) , ако пред тебе се однесува лабаво и се однесува како што се однесува, мое мислење и став, јас веќе би барала начини како можам да интервенирам, дали прво со надредени да зборам, ако е со врски јака (пошто жално ) па мисли шериф е, “закана““ за објава по медиуми, не знам било што... да не ја оставам вака ситуацијата ( со неа не верувам дека ќе најдеш зеаднички јазик). Ви посакувам среќа, се надевам ќе најдете решение.
Многу проста жена нема да се разбериш со добро со неа, прави страв кај детето за да не сака да оди повеќе во градинка. Кажи и дека не смее да го тепа детето затоа шо е мало, колку е да е немирно има други начини,вие дома не го тепате, ако се повтори ќе ја пријавиш кај директорот
@lady.N јас пре би реагирала за тегнењето уво. Не верувам дека за ова би лажела. И би ја направила големата и до директор. Маж ми ако слушне дека недај боже го удрила, тек тогаш ќе се чуе
Се изнервирав само што го читам ова. Ко прво кој е тој однос со дете " ако не сакаш не доагај", ова го сфакам како " дај боже да не доагаш , помалку деца за чување да имам". Второ: Ти мајка си таа што треба да го заштити детево ( и таткото нормално) во случајов, не постои оправдување за дигање рака / тегнење за уво туго дете, јас рака не сум кренала на моето не е пипната (нема ни да кренам) не па да се дрзнам на туго! 21 век сме , каде со односов тегнење уши и плескање со газ, нема други методи?? Детето не е криво и жал ми е што проага низ ова, дефинитивно дотичната особа не е ни за на каса во маркет не па со мали дечиња. Јас би одела да се жалам и кај директор. Едноставно необјасниво ми е колку дете треба да е немирно или да не слуша за да го плеснеш , на крајот од денот е дете од 3 години , а тие што работат по градинките треба да се доволно стручни за да знаат како разумно да се справат со секој карактер на дете , не да плескаат и да тегнат уши. Да не даде Господ мене вакво нешто да ме снајде за керка ми , има на бело магаре да ги качам.
Фала ви на сите за мислењата, сега кога ја земав излезе негователката (другата), весела, и ми вика супер си беше само многу малку спиеше, ама нема проблем со неа си лежи она ми е многу мирна. ваква останав. Мислам дека решиле да го сменат односот. Детево среќно, имале музичко со некој наставник, пееле песнички. Значи и вака можело. Ќе следам дали ќе потрае ова или е привремено да ми замачкаат очи.
Имам дете од 4 години, пред скоро 2 месеци се породив со второ. Големиот си оди во градинка без проблем веќе година ипол со исклучок на летово кога не идеше во градинка 2 месеци. Од пред недела дена повторно го пуштив во градинка бидејќи си ги бараше другарчињата а и дома постојано се жалеше дека му е досадно, 5 дена одеше и се разболе. Сега и малава ја префати, а кај малите бебиња настинкиве не се баш лесни. Сакам да ве прашам од кога ги пуштивте поголемите деца во градинка, дали да го чувам повторно дома или пак како се справувате со настинките и вирусите што ги носат поголемите деца на помалите. Веќе памет немам што е најдобро.
Носиш бебе редовно да го слушаат на лекар. И си викаш, второво ќе е спремно со ојачан имунитет кога ќе тргне у градинка.