Синчето е 3 години, само што почна во градинка, таман да почнеме со спиење ми настина. Одеше без проблем, дури сакаше и да седи повеќе. Две недели беше дома. Од понеделникот пак почна, ама се подмочкал во ѓаќички, два дена по ред. Одвикнати сме од пелени пред 6 месеци, дома тоа го нема направено...му збори ме со мм, му кажуваме дека не е убаво така...јас стварно не знам зошто така прави...се си мислам дали се има случено нешто таму, па да ми е исплашен или слично...некоја мајка дали била во иста ситуација со детенцето....
Можеби се занел во игра па се случило, или од некоја друга причина одбива да мочка таму. Не мора да значи дека е исплашен. Ќерка ми кога ја земав од градинка ме брзаше да одиме дома за да мочка. И тоа стана секојдневно, и мочкаше баш долго. Сфатив дека или пие многу течности, или не мочка во градинка. Ја распаршував секојдневно каде мочка, дали се бриши убаво, дали мие рачиња... добив одговор - јас не мочакам таму. Еден ден и беа подмочнати гаќите. Кажав на учителките за тоа и тие обрнаа внимание, поточно ја потсетуваа. И јас и зборував дека мора да оди во тоалет таму. Сега веќе нема проблем. Кажи на учителките да го потсетуваат.
И јас знам случај на детенце кое не мочка за жива глава во градинка, си го земаат во 12часот а дури е таму трпи, се срами
@snegulkata @TeddyGrey Да го прави и тоа дома, да не ми е криво...ама спие по 13 саати, се нема ни еднаш помочкано ни во спиење од прв ден на одвикнување... учителкава вика му викала, он викал не ми се мочка...два пати се има до сега случено...ама зоќто така да прави....за срамење ли му е, јас стварно не знам...незгодно ми е, зошто баш он да биде тој, срам ми е таму, што слушаат и други родители..
Прво, дете е. Нема зашто незгодно или да ти е срам. Сигурно е честа појава кога им се развива чувството за срам. Ќе зборите со убаво со детенцето. Не му викајте срамота е. Не е. Ќе кажеш дека и вие мочате (одите во Вц) на работа, дека не е убаво да се трпи. Со смирен разговор. Учителките треба да имаат пристап зашто верувам дека им е честа ситуација.
@ifv не е воопшто срамно, туку состојба која треба да се надмине со разговор од двете страни. Истото ми се случуваше со Антонија со таа разлика што она беше 2ипол години. Проблемпт беше што она многу тивко ги викала учителките за да им каже дека и се мочка, а од друга страна тоалетот многи далеку и додека да ја слушнат, додека стигнат до тоалет она ќе пушти. И кажав да вика на цел глас ми се мочка и сама да трча накај тоалетот па учителките ќе ја стигнат и да не трпи, да не чека до неиздржување. И на нив им кажав да обрнат внимание зошто најверојатно се срами да им каже погласно зошто во групата тогаш само 4-5 дечиња беа без памперс и она да не руши ред тивко кажувала.
Денеска трет ден адаптација. Вторникот беше 2 саата со маж ми заедно. Од 10 до 12. Тој период после доручек биле надвор цело време. Вчера два ипол часа ама од утрото, од 8 до 10ипол за да доручка демек таму. Малку само на почеток плачела, после се било ок. Денеска исто од 8, и го пратиле маж ми дома, му рекле околу 10 ќе му јават да ја земе. Си влегла сама во игрална, учителот ја земал за раче си отишла со него. Што да очекувам? Се? Ако може да споделите, дали ви пројале децата во градинка, оти целата надеж таму ми е. Со оброци се бркаме цела година. Само 3-4 работи јаде и од нив минатата недела ми откажа пола. Гладна е. Сама кажува дека е гладна ама одбива се што ќе и понудам дури и она што го јадела до тогаш. Многу сум загрижена. Овие 2-3 дена гладна заспива ноќе си умирам по малку секоја вечер.
Се јаде во градинка, многу ретко дали 2 пати се десило да ми кажат дека изел Половично или одбил. Еве дома јаде само житарици со јогурт и намаз на леб, по некоја бисквита толку ништо не сака. Ама штом јаде таму искрено ми олеснува бар негде јаде. Ги гледа другите деца и он исто ги копира, така да има шанси да ти пројаде
Баш ми е жал, потполно знам како ти е. Истата мака ко што знаеш, скроз ист случај само во машка верзија, да не те обесхрабрувам, дај боже да си пројаде в градинка што кај нас не е случај, ни таму не пројаде.
За дома и ќе се помирам да не јаде, само да пројаде таму 2 оброка. Цела година е хаос со јадењето. И тоа малку што го јадеше недела дена како го одбива. Не знам више што да праам. 3 има. Очекував да пројаде а не да престане и тоа што јадела да јаде. Знам. Ама нели и вие сега скоро почнавте? Дај му малку време може ќе пројаде таму, мене цела надеж ми е во градинката макар месец два да помине.. Морам да се држам за сламче некое, ќе пукнам иначе.
Колк често децата се надвор во дворче во градинката, колку често ги изнесуваат? Знае некој? Ние скоро почнавме , ниту еднаш немам слушнато дека ги изнеле. Во градинка Корчагин сме инаку. Не разбирам зошто по цел ден пикање децава во занимална при дворчиња во секоја градинка?
Ги изнесуваат секогаш кога е убаво времето. Прашај, ќе ти кажат @ifv слична ситуација сме. Одвикнат од мај за еден ден, дома без грешка, во иста градинка втора година, и од овој септември редовно мочка во гаќи таму. Зборувано со воспитувачки, педагози, психолози... Разговараме редовно и дома, што е проблемот не знам. За каран, не е каран сигурно. Ќе кажеше. Се надевам ќе се средиме брзо...
Лани есента кога тргна, многу ретко - изговор многу нови деца и сеуштр се учат за да може една сама да ги носи. И навистина од пролетта, цело лето и еве сега од септември пак, секој ден се надвор
Во која градинка одите, ако не е тајна? Чисто ме интересира дека дозволуваат присуство на родител, се секирам големиот како ќе ми прифати па си мислам ако сум јас присутна дека полесно ќе се адаптира