Благодарам на одговорот. Но, дали тогаш помали од 9 месеци се носат во т.н. детски јасли? За нив прашувам. Имам познаничка која поради работата од 3 месеци го носеше детето некаде ама сега не можам да стапам во контакт со неа да ја прашам.
Јаслите почнуваат од 9 месеци до 2 или 3 години. Зависи од градинка до градинка. Јас каде што ја носам малава има две јасли групи, голема и мала јасли. Малата почнува од 9 месеци до 2 години, големата од 2 до 3 години. Јас не сум чула државна градинка да прими дете на 3 месеци. Можеби некоја приватна градинка. Еве тука има мајки со искуство ќе споделат.
Државна градинка не прима толку мали бебиња во јасли. Евентуално приватна ама немам слушнато за некоја. Ако ти дозволуваат фина сии најдобро да најдеш некој за чување дома
Толку мало бебе нема шанси да го земат во градинка , ќерка ми едвај на 8,5 м ја примија . И немој да плаќаш жена за чување , искрено имам траума од таквите Подобро ќе останам без работа или нека го чува баба му одколку непозната жена НЕ
Малата од 7,5 месеци тргна во градинка. Нема реска граница за примање,ама барем да седи и да знае да џвака. На 4-5 месеци не верувам да примат детенце,ептен е мало.
Мајки какви обувки носат вашите деца овој топол период во градинка? Топлинки ни се мали веке а и не се соодветни со пролетното топло време, па се мислев да купам нови обувки ама не знам какви би одговарале. Ми се допаѓаат пролетните топлинки од Кеги, ми се допаѓаат и како квалитет и како дезен ама да не и со нив и биде топло? Какви носат вашите деца во пролетно-летните денови?
Ние вакви користиме, таман се тенко ѓонче не се многу високи нагоре накај глуждоти што е најважно не му се потат ножињата, од поефтините понеквалитетните жива вода му се прават. Па не може босо да оди во градинките и не е како надвор 30 степени.
@An-na Ептен убави! Јас нарачав од Кеги па се надевам дека не сум промашила големина http://www.kegishoes.mk/1718205
Зависи и од слободното време на родителите. Тие што се на работа и немаат каде да го остават детето, градинката е неизбежна. Немаат сите баби и дедовци каде можат да ги оставаат а и голем дел од оние кои ги имаат се стари и не се способни физички да чуваат дете а и да го воспитуваат онака како што треба. Некои можеби можат да си дозволат и дадилка но искрено после оној случај со дадилката која го мачеше детенцето би размислила сто пати на кого би го дала на чување моето дете, здравје кога ќе го имам. Во градинка барем не прават такви глупости, може не им посветуваат внимание како дома што би им посветиле но сепак не ги трескаат од земја.
Зависи какви воспитувачи ќе се погодат. А и тоа како толерираат испади на деца кои ги малтретираат останатите.
Женси што носите во градинка за роденден? Мислам од грицки, сокчиња, тортичиња...? Дали носите плус некоја друга декорација: топери, торбички, балони.... Оваа година прв пат ќе славиме роденден во градинка па да се спремам по малце. И дали на воспитачките им давате нешто? Ако имате слики може и во ЛП да ми пратите ако не сакате да постирате. Фалааа однапред.
Сокче за секое дете, од тие хартиените торти со некоја тема направени и внатре лижавче со 7 деис тортица, оваа година и детско шампањско со пластични чаши однесов а за учителките или мино ролат-торта или некое благо со сок и кафе. Кај нас не даваат вистинска свеќа да дува. Мислам дека нема да има проблем ако однесете балони и сл. Инаку од сњ што носам им даваат по една работа а др.во ранче за дома.
И ние славевевме роденден во градинка, за малата беше прекрасен момент. Ме ограничија учителките на хартиена торта, иако првично ми беше планот да носам ,,вистинска,, торта, но по правилата во градинката не било дозволено да се носи таква торта. Однесов хартиена торта, внатре имаше чокладце (атлантис земав) и лижавче, и плус купив сокчиња за децата. За учителките купив исто Атлантис чоколадца, сок и кафе. Им направиле роденденски амбиент, со чаршавче и свеќичка, па малата моја славеничка ја ставиле да стои на столчето демек она е главна! Учителката ми долови дел од амбиентот со сликички, а искрено криво ми е што не не пуштаат нас родителите да бидеме присутни. По сликите очигледно е колку се среќни децата! @iki26 Добра ти е идејата со балони, баш ми е криво дека мене не ми текна. Ама за догодина секако ќе ги имам во план. Убаво да поминете и те чекаме да споделиш роденденски имресии!
Некоја мајка аеродромка да ми даде мислење за новиот дограден дел на градинката Чекорче кој се води како Штркче? За јаслите прашувам.
На глава ви се качив со моите муабети за градинки, ама ете се нешто ме мачи и морам да си прашам. Малата три дена останува на спиење во градинка и три дена не заспива таму. Си лежела и не заспала. Имавте ли таков проблем, од кога почнаа да спијат таму, дали брзо се навикнаа, применивте ли некоја метода со која го олеснивте тој дел од адаптацијата? Инаку така и е супер таму, бар како што кажува воспитувачката, јаде, си игра, среќна е, пее песнички, соработува, бои... се најнормално, ама ова со спиењето е проблем! Се изнервирав искрено дека не сака таму да спие, а дома секогаш преспива поручек. Стварно не знам што да превземам!
За роденден носев сокчиња и некои чоколадца најчесто најлепше жеље малечките. Нас од старт ни кажаа само спакувано да биде никако торти ем поради служење ем да си биде со декларација да не имаат не дај боже проблем ао тровање или нешто слично.
здраво на сите. Сакам да ве прашам дали давате нешто на децата од спрејчињата во уста за настинка и какви се тие да не надтинуваат. Ние еве една недела сме во градинка и веднаш настинавме. Во градинка зборуваа за спрејчињата но не знам какви се тие ако има некој користено и дали има ефект искуство ако може да пише благодарам. две ипол год имаме
Оригано бејби спреј за носе-има антибактериско дејство и ацодосалус за во уста-одвреме навреме им ставам јас, инаку и тој за заштита од бактерии. За три дена не се нервирај, почекај уште малку. Ќе види дека сите спијат и ќе се навикне. И моиве на почеток ми кажуваа дека само си лежат ама почнаа да спијат.