Форумџика на годината

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.270
    Допаѓања:
    1.847
    Пол:
    Женски
    Прашај ја тоа, зошто со едната негувателка е ОК, со неа не? Што ако смениш група пак од почеток ќе треба, па можеби и двете нема да се погодат во другата група.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Вака, малава се префрли и таман предтоа беше радосна ќе одела в нова градинка, нема да биде девојчето што ја тепаше и так, арно ама... никако да се привикне во новава градинка, праќаат слики, се гледа дека детево плачело со саати, а не ми се јавиваат
    Отсабајле исто е плачки, а имавме и адаптација повремена, се мислам ко што треба...
    Знам дека е до воспитачките ама што да направам ми е прашањево?
    Др работа е што неибаво и се обраќаат, дома почна да збори; затрај се, затни се, глас да не ти слишнам?!?
    Нит збориме дома така нит неа и имаме речено, приметив дека е од градинка, оти ко ќе ја земам в кола ми кажива, денес таа и таа ми рече глас да не ти слишнам, доста плачеш, и дека и викала
    Да измислива до тој степен не е можно едноставно
    Ноќе почна да пишти, исто и без памперс е одамна нема беља направено, сег почна ноќе да ми мочка....
    Како да ги потберам е прашањево, оти вака не бива :swear:
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.016
    Допаѓања:
    12.401
    Пол:
    Женски
    На eta и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Ова да не го спремале како текст за во училиште? Ма да некои работи ни за прваче не може да се очекуваат. Глупости
     
    На elenaklasik, Meckicja и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.082
    Допаѓања:
    19.014
    Пол:
    Женски
    Азбуката да ја знае?
     
    На elenaklasik и Meckicja им се допаѓа ова.
  6. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    И тоа да ја пее:rofl:
     
    На elenaklasik, Meckicja, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.038
    Допаѓања:
    48.404
    Пол:
    Женски
    И самостојно да си ја турка количката од дома до градинка
    |(Глупости живи
     
    На LucyLu, elenaklasik, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.015
    Пол:
    Женски
    Malce ja utnale rabotava...ke da e za skolo ova ama pak odis u skolo da naucis azbuka i brojki...ne doma da te ucat. Mojata pocna na neceli 11 meseci edvaj znaese da lazi sto se vika ne pa patiki da si vrzuva:D
     
    На elenaklasik, Tea SK, eta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.257
    Допаѓања:
    205.604
    Пол:
    Женски
    Нема грешка. Помали од годинка сами ќе се облечат, баш ко што треба. Ако не, и пелена да си сменат сами :?:
     
    На Oneo, elenaklasik, Tea SK и 6 други им се допаѓа ова.
  10. LjLj

    LjLj Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2020
    Пораки:
    290
    Допаѓања:
    495
    Утнал тој што преведувал..
    :rofl:
     
    На Meckicja, elenaklasik, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Како ќе ја искоментирате "педагошката мерка" дете од 3г да се остави само во трпезарија само затоа што е нејадач?

    Ќе ви ја доловам случката:
    Син ми не е многу по јадењето. Уште од 2 години и некој месец, кога беше претходната родителска ни беше најавено дека на таа возраст треба да фрлат пелени (за што уште од 2г имав обиди) да се соблекуваат/облекуваат сами и да јадат сами. Беше кажано во стилот демек ние не сакаме да ги намалиме нашите обврски туку децата да се научат. Исфорсирано.

    Кажуваат дека сам јаде во градинка,ако требало го дохранувале они на крај. Има денови кога повеќе јадел и денови кога помалку јадел.
    Дома јас го хранам,затоа што ќе си игра со тањирчето и нема да се најаде сам.
    И сега случај од пред некој ден,во градинка за ручек имале супа и ориз со риба или месо. Ја изел супата, не сакал да јаде од другото,под казна е оставен сам од групата во трпезарија, а двете учителки (односно учителка и негувателка) со децата заминале во занимална. При тоа занималната и трпезаријата се на два спротивни краја од градинката.
    Детево плачело и сепак не јадело,па со друга учителка која не ја ни познава како се вика, веројатно во договор учителките негови и рекле да го врати, се вратил во занимална и таму пак плачел.

    Има ли потреба од толку голем психички притисок на детето, дете од 3г да биде оставено само,без другари,без една учителка, без компромис да изеде уште еден тањир супа наместо да јаде ориз ако не му се јадело? Што дека го оставиле кога тој плачел и повторно не јадел?

    Уште нешто би додала, кога моча дома во писоарот го потпира курето за да не го држи во рака. Кога прашав зошто така прави,ми одговори дека во градинка така му викале за да не си ги прљал рацете.
    Прво, како ќе се научи на лична хигиена ако не преку практичен пример?
    Второ,дали е хигиенски секое дете на тој начин да го користи писоарот/шољата и со тоа да си пренесуваат потенцијални бактерии?

    Ме запрепастија учителките,секако ќе отидам на разговор, можеби и со педагогот,но би сакала да слушнам и ваше мислење или искуство.
     
    На Lija.ska, TarantulaA, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    9.191
    Допаѓања:
    42.018
    Пол:
    Женски
    Да го остават само детето да плаче оти не јадело има да ги пријавам кај што треба уште еднаш да не им се десе такво да направат. Ау ептен се изнервирав сега.
    И мојата е нејадач,ама притисок до сега не правиле учителките
     
    На daniangel, MilaSs12 и joy1 им се допаѓа ова.
  13. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Секако ова е едната страна на приказната, кажано од страна на син ми. Ќе видам тие што имаат да кажат,но искрено верувам дека детето ми ја кажува вистината.
    Речиси на секое земање го коментираа нејадењето и веќе престанав да прашувам како поминал. Штом за 1 година не најдоа начин да му пристапат бар половина од оброкот да изеде,сфатив дека треба да замижам и да си го нахранам дома. Не е можно за викенд 3 комплет оброци и ужинки да јаде,а во понеделник да ми вика само едната ужинка ја изеде. А пред ручек славеле роденден со смоки,соленки и крембанани:^)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    971
    Нивната "педагошка" мерка не е воопшто во ред, ама извини на директност и твоето хранење е сосема погрешно. Причината не е за оправдување, ако не се најаде еднаш, два пати, нема да му е ништо. Така да ако сакаш нешто да смениш, почни прво од тоа да си јаде само, воопшто не е мал - моето е дупло помало, па помагам ептен ретко, не го хранам повеќе од пола год. Има периоди јаде мн. (скок) и кога јаде ептен малку (излегување на заби). Никогаш не форсирам. Оди во градинка со врсници и сите си јадат сами, да ти е мерак да ги гледаш колку се интересни така мали и самостојни на маса. Да не правиме муабет колку така ја вежбаат моториката и соодветно им се развива мозокот.

    Возраста е таман за да се соблекува и облекува само и таквимити работи. Треба да сте задоволни што сакаат да ги учат на самостојност, ама џабе е они ако ги учат а дома сосем различна ситуација, па нормално е децата да пружаат отпор - на секој му е полесно ако др. му помага т.е. му ги завршува работите. Јас во тој поглед не гледам проблем.

    За последниот дел може прво треба да прашаш дали е така, може грешно разбрал. Може му кажале нешто и тоа има логика, ама детето пренесува нешто др. Ако е вистина тогаш ќе ги замолиш да не го учат на нешто што не е во ред.
     
    На eta и Anya321 им се допаѓа ова.
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.082
    Допаѓања:
    19.014
    Пол:
    Женски
    Јас би ги пријавила. Никој не смее да врши таква тортура врз дете. Ке му направат трауми. Замисли тебе како би ти било да те фрлат во рандом град и да немаш никој познат, плус да те присилат да правиш нешто што не сакаш. За дете од 3 години тоа има 300 пати поголема тежина.
    Срам да им е.
    Ако си мајка на нејадач можеш да збориш. Ако не си не ти е местото.
    На син ми не му е проблем со денови да е на едно оброче.

    Друго, да потпира пенис на исто место со други деца е опасно. Едно да има ешерихија и урината да стигне до друго дете на глава ке ти излезе самостојност. Која не е правилна на прво место. Се знае како мочаат мажи, потоа мијат раце. Да сакале ке ги научеле да мијат раце. Син ми знае без проблем научи, интересно е за поголем дел од децата.
     
    На daniangel и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.762
    Допаѓања:
    114.294
    Пол:
    Женски
    Син ми е бавен јадач ама ултимејт бавен, цел клас го има чекано сега во школо да се дојаде. Во градинка јадеа во занимална па другите си легнуваат он си јаде. Јас го форсирам ама не успева, бавно јаде, јбг што да му правам, ама мораш да го оставиш сам да јаде и да се преоблака бидејќи тоа е единствениот начин да се осамостои. За мочањето, немам коментар! Јас би реагирала ама прво ќе се јавам кај другите мајки да прашам дали децата ќе ја потврдат случката.
     
    На daniangel и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  17. *katja*

    *katja* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    971
    @MilaSs12 Може пак не е нејадач оти никогаш, ама баш никогаш не било присилувано да јаде. И да не е тоа, не можеш да ми кажеш дали можам да зборам или не. Не зборувам само од искуство, ок? Имам доста и литература читано на темата, така да не тресам од ракав. Ако тебе не ти одговара слободно прескокни ме.
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.288
    Допаѓања:
    125.606
    Никако да го оставиш ова вака. Педагог. директор и учителките сите по ред. На син ми вода не им даваа, па сега кога реагирав ми раскажува дека цело време го прашувале дали сака вода да пие.
    Каква педагошка мерка е ова , кои педагози се тие? Турско ропство е?
    Ми падна жал за детето твое :( Душичка
    Син ми исто ретко го јаде ручекот во градинка, обично јаде леб и салата само, ама учителката од старт ни кажа јас дете не терам на сила да јаде. Те молам реагирај
     
    На dunika, daniangel, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lisandra

    Lisandra Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2015
    Пораки:
    2.200
    Допаѓања:
    3.529
    Пол:
    Женски
    Ако не му се јаде зошто казни само за да плаче не е во ред. Разговарај со негователката за ова нека си јаде колку шо сака. Колку можи дете да изеде плус супа прво па после ориз со месо, едно треба да е, да го наполни мешето со супа после не може друго да изеде, толку му е вниманието не е ко возрасните па ајде и десерт шо не му текнало. Не е во ред ни тоа да го потпира курето на писоарот се пренесуваат бактерии како и да е за ова ти учи си го дома како треба, и да се измие раце после.
     
    На daniangel, Kolache na mama, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.487
    Допаѓања:
    18.814
    Јас сум за осамостојување,ама се во свое време. А не на 2 години и 2 месеци одеднаш да знае и да се облекува,да фрли пелени и сам да се храни. Фрли пелени на 2ипол, одамна знае сам да облече/соблече обувки, сам се соблекува/облекува за во вц. Знаеше да облече и соблече тренерки,а откако ни кажаа дека ги учеле и за горен дел(сега на 3г) вежбаме и дома. Немам ништо против самостојност,ама малку претеруваат со казните.
     
    На Lisandra му/ѝ се допаѓа ова.