Како што и пишав секаде различно, нас ни рекоа секој почеток на месец по две големи шишиња вода, пластични чаши и влажни марамици, првиот ден 15мин, па пола саат …. Затоа најубаво да си праша
Јас би чекала да се исушат скроз бидејќи знаат да се воспалат, така да нека помине и однеси ја. Е сеа паднат имунитет да знаеш дека се ќе ти лепи, тоа е. Нас после коксаки не заредија уште еден куп вируси, на крај и варичела, па коксит, па баланитис, завршивме наголемо со пневмонија и толку беше, до годинава не закачи ништо опасно, мирни бевме скоро 4г.
Zdravo sakam da prasam Dali moze da se zapise dete vo gradinka vo Albania, deteto Ima Mk drzavjanstvo I go nose moeto prezime,, so zenata albanke në SME razvedeni, ona nesaka da zivee tuka so deteto saka da go zapise vo Albania vo gradinka, a i 3 mesecniot prestoj na deteto my izminuva za 2 nedeli
http://lm.facebook.com/l.php?u=http://thaihotnewsdaily.com/archives/415&h=AT1kHsSs_BFqzG9vlCD6qlf__Ylnk_Lbr3M1RB9W3fedEUeKvZOQdDkCtxJ-sjN5OlnrkL47wIguvkTcgZpUnK7OYs9WxtLa5R-GXogcbDhbcjOb4_op--nvPkNODMWwsg Лелеее се згрозив луѓе
Чудно е што се нагласува неколку пати во текстот дека додека е таа директорка. Воспитувачката не е спомната, а всушност таа е виновна нели? Или директорката го направила ова? Ги познава ли некој родителите, има ли слушнато за случајов? Има ли некој од Гевгелија? И бебињата се користат партиски? Најгрозно ми е што е напоменато сто пати дека таа е од таа партија и нејзиниот мандат. Како да не им е гајле за бебето туку бебето е предмет за да ја сменат директорката од спротивна партија. Не ни сакам да верувам дека е вистина и нема да поверувам се додека не каже некој дека навистина вака било, дека е од Гевгелија и знае или мајката на телевизија да излезе. Дај боже да не е вистина. А ако е вистина? Сеуште е отворена градинката со истиот персонал? Каде е особата што го направила ова?
Се чудиш што е отворена градинката? Па, не е прв ваков случај, а за жал нема да биде ниту последен. Јас од ниту еден случај кој излегол во јавност (а којзнае уште колку има кои не ги знаеме) не сум видела некој да добие отказ или да биде казнет. Најчесто ги преместуваат во други клонови додека не се заташка работата Во случајов ќе се зајадат ВМРО против СДСМ и ниту дете ќе им биде важно, ниту ништо. Само партиски ќе си одработуваат. Како и за се во државава.
Јас сум од гвг али не живеам таму 2 години а и мене ме интерисира ова. Знам само дека во таа градинка се лоши условите, незнам дали имат сменено нешто. Ако дознаам ќе пишам
И пак утре ќе се најде родител да каже ајде бе за 1500 денари што сакате вие. Знаеш колку има од муабети за тепње пак е истиот персонал пак си работат. А не се чаршиски муабети само па ај да кажеш...за други скопски градинки, внатрешноста сигурно и бетер е со исклучоци
Сега читав, во игра со деца се изгребале, искасале. Детска игра било, се бранат од градинката. Ова е игра која траела најмалку 5мин, не ми се верува дека тие 5мин детето не пуштила глас, не ми е јасно кај биле учителките во тоа време.
Некако ама ич не ми се верува дека дете ги направило тие повреди од сликата. И да е дете, таму во секој момент треба да има воспитачката да ги раздели., пак е она виновна
Гребаници и каснатинки се, се гледа ептен, возрасен да се обиде на волку мало бебе нема да има толку ситни траги, ќе има големи контузии и хематоми.
Ја видов од линкот само. Може да се не се гледа баш баш дека е малечка сликата и нели блур на очите. Во секој случај, воспитачките не се таму за да пијат кафе нели
Имаше друг линк со поголема слика, шири по нетов. Апла е дека деца се зџапале. Ама да, кај биле вработените.
Мислам пишуваше во првите изјави од лекар со хематом дека е пријавено во болница сликите нр се осудив да ги отворам
Се е партиски за да се промени директорката,која негувателка би го направила тоа кога знае какви последици ќе има од страна на родител???! Како прво зошто случајот не е пријавен веднаш во полиција туку следната ден ? Како второ не можее дете од 10 месеци да е истепано толку силно од друго дете….каде се родителите ? Тука е нешто друго во игра нитууу пак ке може нешто да се докаже
Како не може, охооо, колку може, две деца ко што ги остават во креветче исто, ќе се закачнат за нешто и за 3мин се праи ова, само проблемот е кај биле учителките. И да е за да ја сменат директорката, факт се десило, па користат ситуација. Инаку недајбоже да ти се деси, додека однесеш дете на доктор да направиш лекарски, па во моментот детето ти е поважно од се и на крај памет не ти е да одиш некаде туку само сакаш да го гушкаш и да го утешиш. Не е дека после 5 дена пријавиле, следниот ден пријавиле. А дека сакаат да ја сменат, нормално, и треба да ја сменат. Вакво нешто без одговорност не смее да остане.