Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    од каде можам да најдам да купам и колку пари се
    Дали може на две ипол год да ги користам
     
  2. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Можеш. оригано спрејот го има во секаде-јас од зегин го земав околу 170 мкд или така нешто. А ацидосалусот од еуро фарм-го немаат во зегин и поскап е ама трае подолго- над пола година зошто нема да ставате баш секој ден-околу 880 мкд е.
     
    На Devojka100 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    ти благодарам
     
  4. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.458
    Допаѓања:
    5.426
    Eve ja lanskata za vo gradinka sami ja praevme top izleze deca zadovolni
     

    Прикачени фајлови:

    На sanjaeva, Tajnaotrovna, muchacha_a и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Како е правена, можеш ли малце подетално во пп да ми пишеш? Ептен ми се допадна! Поубаво изгледа од тие хартиение торти.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    денес го купивме спрејот и и прснав на малата. Почнаа од очите да му истекува жолто и од носот. Бев на лекар а тој ми кажа алергија. Мене искрено ме фака страв полна е со шлајмови дури и ѓи повраќа. Што да правам дали тоа е вистина алергија или нешто друго
     
  7. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Кој спреј го купивте?
     
  8. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    acidosalus
     
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски

    Прв пат слушам за ваква реакција...Но штом реагира не давај. Можно е да реагира на некоја од состојките а шлајмот не верувам да е од тоа. Да не било веќе болно детето? како е сега?
     
  10. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.645
    Пол:
    Женски
    Јас го користам веќе 2г не сум забележала ваква реакција меѓутоа не можам со сигурност да ти кажам дека нема. Види во упатството дали е спомнато нешто вакво. Спрејот прави заштитен слој на слузницата во грло и нос и ги штити од бактерии. Нормално не е 100% заштитено. Мислам дека ни помага но пак нормално некогаш се разболува а пролетва и повеќе од вообичаено но му е паднат имунитетот.
    Спрејот оригано е за чистење на носе и е доста ефикасен исто долго време го користам обично после школо или пред спиење да го исчисти од прљавштина што му се собира
     
  11. Devojka100

    Devojka100 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    не е од спрејот.
    бронхит има детето.
    вчера бевме на лекар еве помина цел месец а не лечат од алергии со сирупи.
    вчера правевме ехо и открија бронхит сега се лечиме со сирупи
     
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Денес изнакупував во Џамбо реквизити за роденденот за во градинка. Зедов капи, свирчиња, и балони за секого по еден.
    Да докупам уште за децава за јадење и завршив.
    Ќе им ги ставам во пакувања како бонбони внатре да ги имаат за дома.
     
    На joy1, azelea и referentka им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    Син ми одеше месец дена во градинка. Веке ни рекоа и пижами да си донесеме, за да почне да спие таму. И беља се подразболе. Морав да го оставам една недела дома. И сега пак ли ке се вратиме од почеток. Пак адаптација, пак плачки од сабајле.(facepalm) ми се темни.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.780
    Допаѓања:
    38.675
    Пол:
    Женски
    Го знам тој проблем. Работам во градинка и имам во групата деца на кои подолго отсуство лошо им влијае. Не сакаат ни да влезат внатре. Вриштат пред врата. Па и внатре кога ќе влезат едвај се смируваат. Лоша работа е што децата со слаб имунитет често се разболуваат. Да дојде едно болно дете и други се разболуваат.
     
    На Kaetana, karak, iki26 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    15.836
    Ирена па една недела не е толку голем период,не се секирај јас мислам брзо ќе се врати во нормала,може некој ден ќе поплаче ама ако претходно одел без проблем ќе се среди.
     
    На pilenka, Tajnaotrovna и irena.1 им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Ама и родителите треба да покажат малку добра воља и позитивен став кон градинката пред своите деца.

    Не ми е сеедно, сакам јас сама да си го одгледувам детето ама немам друга опција освен да оди во градинка.
    Значи пред неа не сум/сме покажале дека ни се темни кога ја оставаме наутро.

    Знам дека е до детето и дека што е поголемко толку потешко се привикнува, ама помогнете му..

    Дома во текот на денот кога сте заедно зборете му колку е таму убаво, колку воспитачките се добри...колку убаво ќе си игра таму, какви приказни ќе му каже воспитачката...внесете му во главчето дека Вие ја одобрувате градинката и дека таму е најубаво.

    Со насмевка и добар збор оставајте го во градинка, нека не ви ја осети нервозата, бидејќи кога се мали дечињата се многу емпатични кон мајката.

    Колку мајки се закануваат со ,,е ќе видиш од понеделник во градинка кога ќе те однесам,,...]:)
     
    На bambusce, Kitten, PUPICA и 10 други им се допаѓа ова.
  17. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.365
    Допаѓања:
    21.351
    Пол:
    Женски
    @referentka
    И збориме и се смееме, и воспитувачката што ја сака ја збориме. Односно јас зборам, а тој вика аха и да. Затоа што детето уште не збори. Имаш ке одиме утре кај дечињата? Аха :) Ке си играш со нив? Аха , утре ке седиш со тетка .... ( воспитувачката) аха. Ке ручкаш со неа? Аха. Убаво е таму? Да да :).
    И сабајлето цел пат плачки, таму на влегување плачки, кога го земаат плаче. После месец дена стигнавме до фаза по пат не плаче, само на влегување малку да плаче, ама оди за раче со воспитувачката, на земање насмеан да биде. Јадел по малку и доручек и ручек. И ни рекоа дека е веке време да се навикнува и да спие таму. Понеделник е најнапорно, после се опушта. По мене е ова голем напредок. Но ете се разболе, два дена имаше тт, носе растечено, поткашлување, и најдоа бактерија во носот. Па го оставив десет дена дома дур да се среди. И сега од понеделник процесот од почеток ли ке го одиме.
     
    На danichap и referentka им се допаѓа ова.
  18. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @irena.1 и малата знае некогаш да поплаче кога оди накај градинка. Ама кога ќе влезе се смирува.
    Не е дека не сака да оди, и не е дека и е лошо - знам дека и е убаво и со децата супер се дружи, ама ете... знам дека се тантруми во прашање и знае да негодува за се и сешто.
    Да не е случајно слична ситуација? Или досега сте немале такво искуство...
     
    На Tajnaotrovna и M&M им се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.941
    Допаѓања:
    203.228
    Пол:
    Женски
    Тотално се разочарав од градинката на синко... поточно, од една негувателка која воопшто не знае да работи со деца, воопшто нема познавање од детска психологија, а е веќе пред пензија. Поради неа, детето пролетва ја замрази градинката, иако до крајот на завршната година останува уште малку време.
    Значи толку незаинтересирано и апатично суштество немам видено. Постојано ги остава сами децата од група кога ќе си замине воспитувачката, се посветува на нејзината внука која е во друга група и овие деца се препуштени сами на себе, затоа многу од родителите почнаа да се снаоѓаат како знаат и умеат да ги земаат децата пред спиење (после ручекот), бидејќи често има плачки, таа не е тука да ги надгледува. Ги малтретира и дискриминира децата, чудо едно. Вчера синко ми кажа дека некое дете частело во градинка поради запишување во школо, негувателката не му дала да земе од чоколатцата бидејќи тој не донел ништо да почести за запишувањето. Од една страна си велам да не измислува, ама од друга страна, си го знам детето, не знае да лаже, дури и да не го прашаш, сам ќе ти каже што се случило, иако тоа е кога тој сака и е расположен да зборува. Не е само ова, ама најсвеж пример ми е. Колку пати сокрила дека синко паднал и се удрил, или го закачале други деца, детето само ми кажува дома. Не ми треба да го тинтра посебно, нормално е деца да се закачаат и да паѓаат, ама не е во ред да сокрива што се случило, или да ги дискриминира децата по било која основа. Исто така, не спомнуваат дека имаат дете што ги малтретира останатите во групата, т.е им ги растура игрите, и кога ќе се скараат, им ги соблекува панталоните и им става играчки во гаќите. Знам дека не е единствена ваква незаинтересирана, ама ми е криво што синко поради неа ќе биде со лоши спомени од градинка. Три и пол години без проблеми, последниве месеци сè падна во вода, и тоа откако воспитувачката што ги водеше замина на породилно отсуство. Имаат замена, се сменија неколку, а последнава воспитувачка добро се покажа. Ама негувателката... хорор! Мене ме лажеше дека не го тера со сила да спие, дека може да си црта или да прави нешто друго, само да биде тивок, а детето ми кажува дека му викала и го терала да лежи во креветче. Го делела од девојчето со кое што сака да си игра, под изговор дека биле мали за љубов, а децата само си играат заедно.
    Уште многу имам да пишувам, и искрено, да немав уште едно дете што здравје Боже догодина ќе оди во истава градинка (се надевам), ќе отидев да и кажам се' што мислам за неа.

    Извинете за негативностиве, ама морав да се испукам. Не барам совет, само сакав да си кажам што ми лежи на душа. И сега барам опции за летниот распуст, како да не му биде досадно на големиов дома со баба, дедо и братчето.
     
    На sanjaeva, azelea, MilaP и 14 други им се допаѓа ова.
  20. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.082
    Допаѓања:
    154.645
    Пол:
    Женски
    Сте требале да се пожалите не дека ќе се сменеле богзнае колку нешто ама пак треба да им се даде до знаење каков кадар имаат.