Мојот кога беше во јасли,а од септември неговата група преминуваше во прва мала група ме прашаа дали и он ќе премине. Со неполни 2г. Во октомрви направи 2год.
Како се адаптираа дечињата на 2 години во градинка, нејадач е голем со сила дома јадиме, млеко место да намалиме повеќе бара, тешко заспива на дремка, дали е проблем да се носи млеко ад во приватниве градинки, во последно не сака ни шишето да го држи морам јас право бебе.
Многу е индивидуално, секое дете своја приказна, имам и погоре пишувано, моето на 2,5г супер се адаптира ама не јаде ни дома ни таму, ама тоа е наше искуство дај боже да е поразлично кај вас, кј нас не смее ништо да се внесува, ни храна ни пијалоци, пробај намали од млекото тоа го заситува
Не е вака секаде, еве син ми во септември немаше 2 ипол, а отиде во мала група (2-3 години). Наполни 2 години во јасли, не може и третиот роденден да го слави во јасли. @Bebence29 Да си преземеш се што треба, не може да има бебешки активности и блендирана храна на 2 ипол години.
Таа е прва мала, ја спомнав погоре, кај нас само е во склоп на јасли, иначе ја водат како прва мала, од 2ипол до 3. По правилник е така. Само се зависи од градинка до градинка како ќе се организираат. И немаат којзнае колку активности во прва мала, ама пак не е бебешка. Е сега што има градинки без основни услови па сите јасли се во една занимална, тоа е веќе проблем. А инаку и кај нас даваат шанса да одат децата кои се порано самостојни во погорните групи, ама што дека кога за во школо пак ќе треба да седи во голема група па 2 години.
Тогаш е до организацијата на градинката очигледно без правилник зашто во нашата група има и дечиња што сега полнат 2 години.
A zaso revolt? Vo gradinkata na kerka mi e edna jasli grupa od 8 mes dokaj 2 god deca ima pa niti imalo problem niti ja revolt iam ne te razbiram
Saka nejzinoto dete da ode so negovata generacija oti Ima golema razlika od dete od 2 god I dete od 9 meseci mojata kerka I moeto vnuce se 10 meseci razlika pa se razlikuvaa koga bea pomali I vo govor I vo od I vo se a se 2018 i toj I taa rodeni
Не постои таква градинка во Македонија каде што така ги двојат децата, иначе треба да се огромни градинките и да примаат по 10 деца во група, таман работа ако ги двојат деца само од неколку месеци разлика. И во школо сега, едни се со 6ипол години, други тек полнат 6. Факт е дека е голема разликата од 9м и 2-2ипол години, ама тоа градинки нема доволно за децата а камоли за да се двојат по година на раѓање, не знам што не ви е јасно. Не е идеално, условите се тие и нема абер да се сменат, скоро во секоја градинка има листа на чекање од по минимум 50 деца, ако не и повеќе. Ни во приватните не се двојат децата по возраст, а чинам ни во Германија немаат таква реска граница, нека ме поправат мајките германки ( ја спомнувам бидејќи на сите им е Германија рол модел нешто на форумов).
На сите во градинките посебно државните нешто не ни е погодено. Шѕп и да одлучиш мада мислам дека убаво те советувале членките имај на ум дека ако не се заврши приказната како ти што сакаш тие во најлош случај ќе треба да продолжат детето да ти го чуваат а во најдобар ќе си бараш нова градинка.
Срц моето на 1 и 10 м одеше во прва мала. Една воспитувачка и една негувателка. Правилниците остај ги за Немачка, во северното гомно тоа не важи
Баш сте начнале тема што во моментов ме задира и дојдов да споделам ситуација. Ќерка ми почна во јасли лани октомври со 8,5 месеци,оваа година ја оставија повторно во јаслите а тие што беа со полни две и кои прават 2 години до декември (2020) отидоа во прва мала,а мене ми рекоа дека ќе остане и оваа година во јасли (родена е јануари 2021).На почеток не ми беше сеедно ама ок како треба така си реков па ќе си биде со нејзина генерација. Во петокот му се јавиле на сопругот од стручна служба во градинката му кажале дека сметаат оти малава треба да се префрли во групата од 2-3 бидејќи во јануари ќе полни две години и е можеби најголема од сите,повеќето се бебиња од 9 месеци и има и по 1,5 година.Искрено се изненадив дека ја следеле педагог,психолог ,логопедот,рекоа дека сама јаде,разбира многу,само говорот не и е толку развиен,но дека во поголемата група ќе биде повеќе стимулирана за напредок,па да одлучиме ако сакаме уште веднаш да продолжи таму. Јас сум во недоумица малку,ради тоа што таму ќе биде најмала ,па дека е родена во јануари после да не и се фати две години да оди во голема група пред училиште или порано ќе треба да ја запишувам . Големата ми беше исто вака најмала дека во декември ама па она беше некако позрела и си одеше со цела нејзина генерација 2014 та,ама овие јануарските деца се ни ваму,ни таму. Ако има некоја мајка што има јануарско дете да каже искуство со групите во градинка. @Skyler уште сте во нашата градинка? Ај ако сакаш пиши ми пп да те прашам кај кои учителки сте
Ова ми беше поентата, убаво што пиша. Вака функционира нормална градинка, а не направи ги списоците како што ти е најлесно и остави ги децата.
Стварно не би ја менувала градинкава за ништо,каков кадар работи со децава значи немам зборови,од негователки до воспитувачки и стручен тим.Наутро кога ја оставам тоа е една милина да гледаш од сите групи како ги пречекуваат децата со љубов.
Во градинките во Аеродром што се под Срничка ова им е како правило. Во август се прават групи за од септември. Децата што во таа година полнат 2 одат во прва мала. За Јануарските ги проценуваат децата и прашуваат родителите. Мали кога почна со 19 месеци беше во јасли. Во септември истата година го префрлија во прва мала и во неговата група беа сите 2017 и две девојчиња Јануари 2018. Е после во короната малку се измешаа работите па Септември 2021 кога го вратив во градинка беше во некоја хибридна група 2017-2018. Овој Септември ги испеглаа работите и ги направија чисти групите и сега на мали групата е чиста 2017 зошто и сепак им е последна година пред училиште. Едното од девојчињата Јануари 2018 се отпиша, а другото по проценка и консултација со родителите го вратија во група родени 2018.
Ima i vo pomalite i vo selata lista na cekanje.vo gevgelija da zapises dete vo jasli e naucna fantastika bez jaki vrski,ushte od 5 meseci trebe da im dosaduvash
Jas ne brkav vrski no kerka mi bese 3 I pol god koga za prv pat trgna na gradinka I ja primija bez vrski
Епа не знаеш добро, тетка ми фаќаа врски за внукот да го примат преку снаата на Заев, па види колку немало листи. Второто го примија без врски ама тетка ми се одмкна носејќи поклони и услуги правејќи.