Nez jas ne fakav vrski za gradinka voopsto nemav ni potreba dodusa da fakam vrski oti ako ja primat ja primat oti jas ne sum vrabotena doma sum od zdrastveni pricini
@azelea јас моето Јануарско дете го оставив со неговата генерација во градинка. Имаше разлика меѓу децата ама воспитувачката беше супер па го оставив.На крај по нивна проценка тргна во школо со тие што се родени претходната година. Сега е второ одделение и ич не му пречи што е најмал. Математика е супер и чита течно. Прилагоден е и има другарчиња (иако никого не знаеше на почеток од одделение). Ако е сега напредна и остане така нека си појде во школо до 5 и пол. Јас од градинката бев презадоволна. Мене уште ми фали атмосферата од таму.
Sakam da te prasam dali samo tie deca sto se rodeni vo januari samo imaat pravo roditelite da biraat dali ke gi zapisat na skolo so tie deca sto se rodeni vo ista godina ili so tie deca sto se rodeni prethodnata god prasuvam oti mojata kerka e rodena na krajta na noemvri mesec
Сите деца родени до 31.12. мора да тргнат во школо со таа генерација, а децата родени од 01.01. - 31.01. можат да бираат дали ќе тргнат со нивната или претходната генерација
Ок тоа што ти си имала среќа да не ти требаат врски и си запишала дете без проблем не го поништуба фактот дека 90% од родителите се соочуваат со проблем со запишување. Незна што толку многу се сврте против тие што ја кажуваат реалноста. Сигурно никој не фаќа врски за да запише дете зошто така сака, туку зошто нема друго решение за жал.
Jas kazav I pak ke kazam mozda za skopje e taka ama ne e sekade taka da se fakaat vrski za upis vo gradinka
Во помалите градови повеќе слободни места има. Јас не знам некој да фаќал врски за запишување во градинка.
Ок не беше тоа поента на муабетот. Се дискутираше за нешто сосема друго. Пак ќе кажам дај боже никој да нема проблем бикаков со градинка
Не е секаде вака. Кај нас до 2,2ипол е јасли, 2 или 3 негувателки се. Потоа се во групи, мала,средна,голема во зависност од годините на децата. Големата ми е родена 2017 септември. Во септември кога се уписите и кога ги преместуваат децата ја ставија во мала група кај што сите деца беа родени истата година 2017(има деца родени март 2017 и декември 2017). Сега ѝ е последна година и се веќе голема група. Малото ми е родено почеток на февруари 2021 и е во јасли. Дури во септември 2023 ќе ја преместат во мала група кога ќе биде 2г и 7м со децата родени 2021. Ќе биде најголема ама тоа е. Овој септември не ја преместија оти беше мала. Инаку од почеток се додека не ги префрлат во мала група се во јасли и негувателките не им ги менуваат. А во групите има една негувателка и една воспитувачка. Инаку кај нас не ги преместуваат во текот на годината, само во септември
Па истото го зборам и јас де, дека по правилник јасли е до 2ипол. А за тоа дали секаде се чекаат редови, верувам дека во мали градови како Валандово, Дојран, Богданци, Делчево да не ги бројам, не се чека, или во некои клонови од големите градови, ама факт е дека се чека. Сега во/после ковид велат од градинките е подобро, родителите уште се плашат, ама сеуште постојат редови. Пред некоја година во нашата градинка, 5 клона, имаше листа од 200 деца, сега е намалено дека се отворија 3 нови занимални, али реалноста е таа.
Па оти кажа дека ако немале 2 и пол години во септември ги оставале во јасли. Кај нас некои со неполни 2 веќе се во мала група, а не јасли
Вие што викате дека сте морале врски да фаќате за прием во градинка, пробавте прво регуларно да си ги запишете децата или прво за телефонот се фативте?
Не ти е јасно прашањето што го поставив? Особи шо бараат врски за сѐ, не пробуваат воопшто да функционираат како што е редот, повеќе од исфрустрираност и комплекс на мала вредност го прават тоа, па ги читаме после "знаеш ли која сум јас, директорката ме знае" Гарантирам дека прво врските играат, па потоа се бараат документи за упис. Ама не се криви они, криви се партиските директорки шо се пучат секаде за глас плус.
Прочитај ја темата и ке ти биде појасно. Ама лесно е кога не ти завршува породилно, место во градинка која ти е во близина нема, мора да бараш врски во некоја што е барем на пат накај работа и се молиш да го примат. Со чекање ред по закон ке чекаш и ке почне со училиште а нема да ти се јават.
Епа кај нас ги ставаат секако сите, нема ако. Ќерка ми се одвикна од пелени кога беше во мала група. Исто и најголем дел од децата што беа со неа. Не знам зошто упорно се правиш дека не разбираш. Не е секаде така како што ти пишуваш.