За маливе во јасли добивате поплаки од учителките дека се брливи? Секоја недела некој нов бисер од ѕверкава моја. Јас ја мислев дека таму бајче е. Она еден ден се гурала за проодувалка, друг ден преку некое бебе што не оди прошла со проодувалката, вчера се соблакала блуза, топлинки, фрлала се, тегнела хулахопки да соблака. Ми вика вчера учителката на 16 мес бељи и текнуваат ко на 2 ипол год. Зарем мирни се другиве дечиња во јасли?
Мојата беше на почетокот мнооогу брлива, играчките на децата им зимала ништо не давала ги мавала со нив... Како проаѓање времето се стабилизира и сега е бајче. Сметам дека беше тоа период ако сте тргнале сега брзо може да и е ко на мојава протест некој.
Не бе, 6 месеци иде веќе. На почетокот исто правеше, ги маваше децата со играчки. Јас ја знам дека е ѕверка ама мислев не збеснува во градинка
Не мора да значи дека е нешто посебно може да е период, мојава е у некоја лоша фаза дома за се се лути и тепа. Да беше во градинка таква ваљда ќе кажеа
Девет месечно бебе кога ќе го разудиш во 7 наутро, секако ќе заспие во градинка, дури мислам дека и пред терминот за успивање што му е. Зошто ако го чувате дома сигурно ќе преспива два пати, а кога ќе оди во градинка еднаш
Си иде од градинка во 3 и јаде овошје или пие сокче. Во 4 и 15 ручаме, па кај 6 ужинка , во 8 вечера. Денес понеделник, леќа имале за ручек. И тетката ми кажа дека јадел и тој потврди. Ама детево мое три дена по ред бара ќебапчиња. И денес му купивме. За ручек изеде 6, а татко му си дојде подоцна од работа и седна да јаде, и тој седна до него и продолжи да јаде од ќебапите. И изеде уште 4. Не ми се веруваше. Татко му го праша - ова прво ли јадење ти е денес? Беше во неверување бидејќи за него имаше помал број од што очекувал . Абе леќа јадело дете, не го држи тоа, треба нешто калорично,. Зарем лани со леќата не им даваа и јајца?
И во школо сега им даваат леќа со јајце варено, секогаш им давале јајце. Можеби случајно да немало. Инаку да, леќа не држи ситост воопшто. Инаку 6 ќебапи јадам јас, ако јадел само ќебапи ок, ама ако јадел и лепче и компири и салата, многу некако...
Само ќебапи, и две три компирчиња. Не сака да јаде леб, и речиси никогаш не јаде. Ама затоа месо сака многу
Абе ако, убаво тоа, ама многу се 10 ќебапчиња. Башка кој квалитет има во месото од ќебапчиња. Ајде сигурни не јаде секој ден па не е страшно. Моето не јаде месо и да побара ќебапчиња сигурно ќе му дадам, да внесе било што од месо, секако не е секој ден.
Како иде упис на дете во градинка? Административно и дали дете треба да се носи одма откако ќе се упише или има рок пример месец, два? Нели имаше најави ако не оди 2 месеца се испишува или не? Ние уште не примени ама сакам да знам . И потврда за непримена мрп дали уважуваат од матичен педијатар?
Не е, тој јаде само домашно јадење, и само од мама зготвено. Не знам што му текна три дена бараше И кога правам кофте дома пак јаде 5-6 сигурно. Проблемот е што не сака леб да јаде, затоа и е слаб, не знам како да го натерам.( Ама ако му направам дома леб го каде) а кај имам време уште за леб секој ден.
Потврда за непримерна вакцина од никаде не уважуваат, мора да е примена ммр ако има 18м. За примање не знам каде живееш, населба, град, али кај нас упишуваш дете чекаш 2-3г или пак фаќаш врски да го примат. Најчесто тргаат септември-октомври, кај нас ако не одат 3м им се јавуваат и ги испишуваат и фер е скроз, зошто некој се тепа за место а некој држи а не иде, не е убаво нели. Така да оди си во главната градинка во местото каде што живееш и стави го на список па се ќе ти кажат таму. Дури тргне може да прими ммр и после ќе носиш документ, секако прв ден ги носиш документите.
Најди на нет има разни рецепти за лебови без месење, со лажица што се мешаат, шеф Фичо имаше еден, го правев бааги време, ќе ти олесни. И моето си е по домашна храна.
За годините за чекање врски јасно ми е, тој дел го знам. А како не уважуваат потврда за мрп кога овде членки пишуваат дека носат и децата не се вакцинирани, а се над 18м, пример.
Не знам каде тоа носат ама кај нас не проаѓа тоа, со 18м мора да има примено мрп. Само потврда од имунолог признаваат дека поради некоја причина детето не смее да се вакцинира. Нека ти кажат тие што им успева.