Кај нас јасли е до 2г. Во група беа 18 дечиња, но најчесто се 13 редовни. Кога ќе тргне, негувателките ќе ти кажат се, колку памперс да носиш и резервна облека. Активности во јасли немаа тука. Тие што одат беа надвор од креветче и си играа со играчки, си возеа туркала, а останатите се во креветче по цел ден. Еднаш во денот и ги ставаа на нокшир.
Леле мојава 2 ра недела ја оставаме по 1 час ама многу плаче. Учителката вика дава отпор нејќе ништо... Дајте некој совет што да се прави
Мајка, од септември до декември едвај се навикна. Цело време плачеше. Еден месец на адаптација одеше, послето 1 недела во градинка, една дома, затоа што нон стоп фаќа некои вируси. Еве го сега трета недела е дома, кога ќе појде пак сигурно пак ќе плаче.
Мајки на адаптација како ви зголемуваа време? Моево сака да оди не плаче а веќе една недела оди не бил повеќе од саат ипол... секаде е така или тука малку бавно им оди
Моето не плачеше, сакаше да оди после една недела ми кажаа да го оставам да спие. Очигледно секаде си имаат различна политика.
Првиот ден пола час, вториот повеќе, па почна да останува до спиење. Следната недела го остаивме да спие. Кажи им дека тргнуваш на работа да побрзаат кога веќе детето соработува.
Им кажав ми рекоа немало шанси за 3 недели со спиење деца со месеци се учеле за со спиење, ме нервира што тоа си соработува сака да седи а они упорно малку го оставаат
Леле ние 2 недели и стигнавме до 1 час не знам што да направам од 9 до 10 си оди, се мислам наредна недела да им ја оставам 2 часа