Abe da ama za kovid ako ne kazes nema da znaat tie tamu. Ks ke e ok, na slusanje isto valjda. Jas sea bev resena ama pak me predomislija deka kovid imavme od start na godinava
Мамички како е во Црвенкапа во стар Аеродром дали знаете? Треба да го запишам па ме интересира како сте задоволни
После колку дена од завршен антибиотик ги носите во градинка? Го однесов на преглед ок е ама матичната вика да поседел некој ден дома за имунитет а мене кнап ми е време со адаптација..
Мислиш на новата. Ние сме таму, ама сеуште на адаптација, градинката е преубава немам зборови. Ние сме во јасли група. Не знам што конкретно те интересира.
Ако е добро детето, уште додека е под терапија го пуштав (последните денови од терапијата), и со двајцата така правев. Матичната ми велеше да не ги чувам дома, да ги пуштам, за да јакнат имунитет и така поретко ќе се разболуваат, што се покажа како точно. Е сега сезонава е надвор од сето она што порано го знаевме, па не знам дали да го чуваш дома, или да пушташ во градинка. Ама ако немаш избор, пуштај, давај д3 и пробиотик.
Како тоа која е таа матична бре што вака зборува дете што прима терапија не се пушта на градинка од проста причина што може да се заразе и од нешто плус оти и така и така му е паднат имунитетот и јас мое дете кога е болно и прима терапија не го пуштам на градинка откако ќе ја исприма дури тогаш ќе го пратам на градинка а дотогаш не
Моиве не се заразуваа, напротив. Како и да е, тој совет си беше на место и логичен, оти колку повеќе го чуваш дома, толку полошо правиш, се виде со пандемијава, сега на сите ни се удира од глава изолацијата и дистанцата. Правете како сакате, ваше право, јас само споделив каков совет ми беше даден. Иначе матичната е веќе во пензија, за жал, оти такви дијагностичари ко нејзе веќе одамна нема, не даваше антибиотик од врата како повеќето што прават, уште непрегледано детето, еве Алмацинче.
Грешка си и нашата не дава туку така антибиотик и да од постарите ретко кој не е давал антибиотик туку така иначе и мојата ќерка ретко се разболува
Мојот од последни симптоми му поминаа 5 дена веќе си е супер само носето по малку му тече му беше 5ти ден од антибиотик го однесов на преглед супер е ама матичната вика да седел дома уште 2 3 дена... затоа прашувам ако така го чувам веќе 1 недела е дома треба на секое по 2 недели боледување да зимам
Сум го чувала и една недела, сум го пуштила и нареден ден од завршување на антиб. пак иста песна така да мислам дека нема врска
Ама дури е под терапија макар и последни дена нема шанси во градинка, не е во ред ни од страна на воспитувачките да земаат шприцеви со антибиотик
Луѓе, иде не иде во градинка ако треба да закачи нешто ќе закачи. Ја чував месец дома, скроз здрава, не се дружевме со никој, сами излегувавме да шетаме и пак мрсули и кашлица си закачи. Се излечи 10 дена супер беше и за празнициве сега дома седевме значи никаде со никој не се дружевме нити излегувавме некаде, ајдее по 10 дена крена Т 2 дена само температура од нигде никаде. Помина тоа, за 5 дена пак температура, мрсули, кашлање=грип!!! И ај сеа кажи од каде??? Кога никаде не идевме 2 недели . И тоа само она, сите останати ништо не ни беше Така да, сфатив дека ако треба да закачи нешто пак ќе закачи. И се мислеме сега да ја пуштам да не ја пуштам во градинка....не знаеш веќе кој крај да го фатиш
Никогаш не сум оставила да даваат антибиотик во градинка. Дома си примаа во соодветното време. Дете во градинка не оди ако има температура, повраќа и има пролив. Тешки кашлици исто се причина за неодење во градинка, ама ако има растечен нос, поткашлува повремено, не гледам причина да се чува дома. И за училиште е исто, еве наставничката пишала да не се носат деца што киваат и кашлаат во градинка, мојов не е сопрен со кашлица цел распуст, а друга симптоматологија нема. Да го чувам дома? Нема шанси.
Не се разбравме, пиша погоре дека ги имаш пуштано децата в градинка и додека биле под терапија, има антибиотици што се даваат на 12часа што значи шприцот со антиб мора да им го дадеш на воспитувачките, според мене не е фер, а за останатите состојби течење на прозирен секрет или кашлица која може да трае и месец и повеќе а чисто на гради не гледам и јас причина да седи детето дома
Пак ќе ти кажам, не сум дала шприц со антибиотик на воспитувачка. Ако е сирупот на 12 часа, давам сабајле и вечер (пример 7-19), ако е на 8 часа давам кога е дома (7:30-15:30-23:30), да е еднаш дневно како Панцеф, давам во време кога е дома. Оделе моиве во градинка со антибиотик, ама тоа не значи дека биле заразни за околината, оти во таа фаза кога се во добра општа состојба не се заразни за никого, а антибиотик треба најмалку 5 дена да се пие, моиве 7-10 дена пиеле, пошто антибиотик не се прекинува додека не помине одреденото време за терапија. Веќе третиот ден има големо подобрување ако е погодена терапијата, нема зошто да седи дома. За детето е подобро така, во однос на имунитетот. Лекар ми го кажува ова, не го измислувам.