Што може и што е ефикасно да се користи како превентива од вошки? Се појавија кај ќерка ми во група И друго прашање дали би пуштиле дете во градинка доколку во групата има вошки или би паузирале недела дена
Женскава не би ја пуштила. Прегуста и е косата. Сум прскала спреј од диво оригано нс тилот во косата.
И кај ќерка ми во групата се појавија вошки и јас и прснувам помалку детски парфем на вратот и фала богу она не фати вошки некој малку по јак детски парфем прснувај и на вратот и нема да фате вошки вошките не сакаат јаки парфеми
Има спреј во еурофарм на природна база за заштита. Не можеш да ја чуваш дома зошто секогаш ќе има некое недочистено,немој да мислиш дека за 7 дена сите ќе се исчистат.
Ништо не правиш од недела дена, а ако идеме по теркот од мојава градинка ни два месеци не те расправаат Доволно е само една мајка да има со ставот ко кај нас "е де вошки, зарем и за тоа не се иде во градинка". Абе се иде, ама исчисти првин дете, ама не се докажува Другарка покрај некој спреј од аптека, на девојчето и става и етерично масло на тилот. Вика не фаќа вака, а јас моево мушкарче го прскам по глава со парфем од татко му и еве не донел пу пу
За парфем не сум знаела. Ете баш убаво што споделувате. Мојата лани одвај ја исчистив. Од март здравје планираме да оди пак,па ќе ставам парфем.
Мајки, синчето многу сакаше да оди во градинка ама од минатиот четврток наеднаш не сака да оди, не сака да си игра со ниту едно дете и цело време им седи на учителките во скут. Од пред 3 недели му отиде во пензија едната негувателка со која беше поврзан и сега имаат нова и едно ново дете. Дали е можно вака драстично да реагира поради променава на учителка? Дома си е нормален, си игра, расположен, со сите се смее, нема никаков проблем ама во градинка како друго дете е.
Нема да ти дадат да аплицираш во повеќе клонови од истата градинка. Во весели цветови конкретно во апликацијата бираш во кој клон сакаш да иде. Ако сакаш да аплицираш на повеќе места, мораш во различни градинки.
Здраво мајки. Малата оди во градинка (додуша поише време сме дома). Претпоследниот и последниот пат кога ја земав воспитувачките ми викаат супер си беше јадена пиена спиена а она душиче со темп. Претпоследниот пат не беше страшно ајде да речам 37.8 ама овој пат ја земав со темп 38.9. Едноставно не ја приметуваат. Им посочив последниот пат и каде да пипаат и знаци се меѓутоа не ја распознаваат. Јас ја познавам мајка сум и нормално, но никој друг па и татко и не ја распознава такво си е детето со 39.5 она игра на музика. Муабетот ми е дали некоја мајка го имала истиот случај и како се справила, секој ден кога оди сега јас се тресам дека не дај Боже ќе се случи нешто а нема да ја распознаат. Ептен имам страв да ја пуштам.
Бев денес во управата, ништо од документите не примаат, демек аплицираш само online и чекај си... Прашав дали да аплицирам за повеќе клонови ми рече може. Ајде може ќе се јават пред да стигне за прваче...
Па можно е, кај моето сум приметила ако од друга група се погоди негователка на врата и го викне за раче нема шанси да влезе си ја бара на име стрикно неговата, неколку пати се има расплакано па ќе замолам да ја викнат да го земе, еден ден не беше на работа дома цел ден збореше како не била дојдена, деца се приврзуваат, ова со ново детенце во група не верувам да влијае. Ама биди упорна ќе се навикне на новата
Мене повеќе ме загрижува моментот што одбива да си игра и со децата, што ги знае и многу ги сакаше до сега, со восклици на радост кога ќе се видеа.
Здраво мајки, имам близнаци и најверојатно би ги пратила во градинка наредната година ова време, здравје боже. Е сега ме интересира кога треба да направам запишување во градинка, дали може непосредно месец два пред тоа ког ќе решам да ги носам или како школскава година треба да се запишеме уште во септември. Знам дека е рано, но живееме во населба Хром и имаме само една градинка па сакам навреме да бидам запознаена и да се распрашам за да си резервирам место
Имаш онлајн пријава јас би те советувала со време односно уште сега. Многу тешко се влегува во градинки да не речам само со врски. Мојата се роди ноември јас во февруари по регуларен пат тргнав и ми рекоа дека мн касно сум ја запишала за од септември не може за нареден здравје ќе видиме. Ова во кисела вода па ти види.
Znaci mukoplant moze da ja mackam malce na gradi malce na glavce Kaj nas ne prijavile sega za sega ama ubavo e da se znae