Мојава од 8 месеци оди , па знае да се излигави некое сабајле дека не сака да оди. Нејќе јакна ова она , со плачки ќе отидне се додека не влезе во градинка. Зависи како станала сабајлето. За месец дена сосема е нормално така да се однесува, бидете само упорни.
Тие велат ок е но дека и таму знае да побара дома но не плаче и д сум почекаат за со спиење да остане, а до сега наеднаш се има расплакано на оставање сега оди само брбори по пат нејкам во градинка и пак си тера незнам дали му е стварно рано за со спиење да пробаме или сите деца така си зборат. Пошто кога го зимам и весел е и кажува дека убаво си поминал
Темпирај му го времето на легнување со времето за будење кога треба да оди. Јас така правам за да ги избегнам тие врескања ако ја разбудам
Дали има тука некоја мајка што детето го носи во некој од објектите на Детска радост Автокоманда? ако може лп да ми пише
Мајки, откако ќе се донесе нов член во домот, по колку време (недели/месеци) е погодно да се прати поголемото дете во градинка? Како за нов почеток? Како беше кај вас, од искуство да кажете.
И мене ме интересира истото. Јас сум сега породена ,големкото ми полни 2 во март. Јас планирав од април ако секако прифаќа и сака да го пуштам по малку ,па ќе видиме како ќе биде .
@Estella Од искуство не знам да кажам, ама што ја имам пратено Развој низ игра на инстаграм еднаш советуваше да се почека 6 месеци кога ќе наполни бебето, ако детето не е претходно одено во градинка. Имаше пишано и зошто, ама не ми текнува искрено.
Ќе видиме како ќе биде ,јас ќе пробам ако не оди ќе почекаме. Се е до детето на крај ,неможе да знаеме како ќе реагира. Фала на одговор
Мојот во март ќе прави 3. И јас тазе породена, и сега ми текна дека тешко ќе ми биде со двеве дома, особено маж ми кога ќе почне на работа. Ај до 4 работи, мајка ми ќе ми е тука, ама некако ќе ми треба одишка малце. А и за него го гледам дека му треба детско друштво. Колку ти е старо бебето и како го прифати поголемото дете бебето?
Бебето е 10 дена скоро уште е рано и зс поголемово да го прифати , неколку дена сме дома,ама кога како. Еве денес помагаше за пелени за бањање ,му носеше цуце. Е за доење е најверојатно љубоморен тогаш, ич не ми дава па со зборење некако успевам или некој ќе го заигра во тој момент. Сепак е мал морс да му се даде време, не знае реално ни братче што е а за градинка јас ќе пробсм дефинитивно за месец дена ,го гледам и досадно му е а сака многу и деца и да си игра. Пс ќе видиме како ќе тераме.
Да така плаќав во пошта, е сега сакав електронски од апликацијата да платам ама без да пополнам таму неможам да уплатам..
Јас би ти рекла почекај дека не е мешан во колектив. Моево два пати досега префати вирус од големиот и стрептокока во нос има.
Здраво мајки сакам да ми кажете ваше искуство како минувате со прилагодување во градинка. Ние сме 8месеци денес четврти ден во градинка по саат, саат ипол го оставам не плаче кога го оставам но потоа плачело на моменти а денес многу и од плачење заспало. Кажете ми на вашите дечиња колку време и требаше да се прилагоди.. Знам дека е рано дека нема за четири дена да си фати ред ама ме интересираат ваши искуства..
Kaj секое дете прилагодувањето оди различно ..Моето тргна со 1 година постепена одеше адаптацијата мислам дека дури по 3 недели почна да останува по цел ден. Првите денови плачеше само тој при оставање, па потоа и тој плачеше и јас плачев и само гледав во телефонот дали ќе ми звонат ... Сега смени градинка и група по првиот ден почна да останува, но и ден денеска има денови кога знае да одбива да оди ... Само смиреност и позитива ќе се адаптира. Нема дете што не се адаптира, само времето на прилагодба кај секого е различно. Со среќа и лесно
Јас каснам, ама денес добив информација. Ги прашав само која група ќе биде ако во септември тргне и е 20 месеци (21) ми рекоа во група 2-3 години, не во јасли. Кај нас мислам и во април има уписи, така што мислам дека нема шанси со 2 години да го стават во јасли.
Фала ти на споделеното искуство ❤️ Исто и јас го оставам и мислам секој момент ќе ми се јават, мене душата ме боли кога ќе го земам не кога ќе го оставам кога ќе му ги видам очите полни солзи и немир во него.. Ќе видиме како ќе биде секако ќе му треба време да се навикне како и нас што ни треба кога мениш средина работа или било што
Ако нема одено досега, ако му е прв пат подобро почекајте бар 3,4 месеци да е бебе, значи одма на 3 ден ќе ти се врати дома болно, спремај се првата година цела да е болно од сите можни бактерии, вируси, настинки...а со него и малото, претешка беше првата година кај нас, само болен, ретко да има деца кои од почеток помалку се разболуваат, од групата на син ми сите исто поминуваа.