Во врска со спиењето, бебе има 8++ месеци и ние сега уште сме со 3 дремки. За две три недели треба да почне во градинка и ко што разговарав сметаат дека би и биле доволни 2 дремки. Но ако втората заврши до 14ч, не знам како би издржала до 19-20ч вечерта, барем во прво време. Какви се вашите искуства со 9месечни бебенца во градинка и спиењето?
Во градинка две дремки другата дома. Зошто да не си го заспиеш дома бебето? Моето после годинка ја отфрли третата дремка.
1 прашање, кога ќе затопли и преју лето какви топлинки треба да им се земат? Има некои посебни, зошто овие што ги има се потопли. 2 прашање дали малите, до 2 годинки ќе ги "маскирате" во нешто за 1ви април?
А ако не заспие, плаче? Не можат да го смират па ти ѕвонат? Оти мојава коа не спие, и наоѓаат занимации. И научија дека такво е детето, некогаш спие некогаш не ама не ми ѕвонат. Дури и се зафркаваме насабајле со негувателките, се кладиме дали ќе спие денес
Е тоа не сум ни видела . Не знам дали мешто ќе има ама дека прв пат ми е, не знам дали да му купам нешто
Имаше на инстаграм во светот на играчките 18-24 месеци , прашав и во АндрејКомпани каде што е карши Џамбо.. ќе разгледам и ќе пишам доколку најдам
Наводно да, не бил мирен и одел да ги буди другите деца. Понекогаш кога го земам е расплакан, ама најчесто не. Занимација не му наоѓаат очигледно, според нив мора да спие.
Здраво, би сакала ваш совет. Детето ми е скоро 5 г. оди во градинка веќе година ипол но никако да се навикни. Секое сабајле е со плачење, повраќање буквално со сила оди. Не сака да јади само леб јади ама последно време не сака ни тоа да јаде затоа што од стрес таму повратила и учителката другиот ден и рекла денес ако повторно повратиш нема да те преслекувам и таа од страв да не поврати не јадела воопшто.. Таму си игра со дечињата и се враќа среќна но во последно време забележувам дека градинката и предизвикува многу стрес не спие се буди во 4-5 часот и плаче оти не сакала да оди во градинка. Зборувам секој ден со неа ама таа се плаши ако не јадам ќе ме кара учителката, како да се плаши од реакцијата на учителката. Зборував и со воспитувачката ама не наидов на разбирање според нејзе глуми за да не ја носам незнам веќе што да направам како да го решам проблемот не сакам да ја отпишам заради тоа.
Јас искрено од мерак ќе ја маскирам за низ плоштад. Во градинка АКО оди тој период посекако во сабота нема да работи.
Размислував за тоа ама таа си ги сака другарчињата во оваа група веќе се навикна со нив. Незнам дали е проблемот до учителкава или до детево. Ќе мора пак да разговарам со учителката да најдиме решение.. Тоа е.
Во градинката би требало да има психолог. Ако нема, побарај детски психолог, можда ќе може некако да помогне. Детето како да ти е анксиозно, ама многу е мало за тие стресови...
Па како е твој проблем што ги будел др деца?! Нека си се снаоѓаат, они се платени за чување на децата. Да ми се јават да го земам детето зашто не спиело...свашта по градинкиве.
Иди над нив. Јас не би го трпела ова. Мојата кога не спие ја носи у занимална едната негувателка и таму ја занимава како шо и треба нели. Другите си спијат. Значи може, само не сакаат да се замараат. На крај краеви, кажи им ќе го зимаш секој ден у 12 ама да плаќаш пола цена. И да видиш како ќе почне да преспива или да го занимаваат.