Мене ми е страв само од пандемија на морбили, ќе треба ептен порано да ја ставам МРП тогаш, барем така консултираат педијатриве… Инаку детево е плачка по природа, се плаши од луѓе што гласно зборат, од црни луѓе, некој што носи наочари, од звуци… не е весело “оди кај секој” дете па затоа се надевам нема долго да трае адаптацијава.
Не го пуштам, стално кога има кашлица кашла се корне, ноќите се тешки не може да спие.. ќе си видиш по детето ако е весело, си јаде, чисто на плуќа, носи го
Моја цуца чекаше мама да отвори сефте боловање и оп ја снема температурата . Остана само носето. Сега треба да чекам да ми истече боловањето па после во градинка? Дека ќе ми бараат потврда за здраво дете, или? Никако да тргне возот со нашата адаптација.
Ајде и ние да се пријавиме сефте со градинката дека правиме. Ко за прв ден подобро од очекуваното пројдовме. Ми рекоа Изјава потпишана од Јане Сандански треба да им однесам пошто уште една ревакцина треба да прими. Прашањето ми е дали од Јане имаат готов формулар таков или сама треба да склопам изјава, а таму само печат треба да ми стават? Вака ажурно да беше за се, државава Швајцарија ќе ја шиеше
Боледувањето можеш да го затвориш и порано, не мораш да чекаш да истече цело ако не ти треба. Чисто како информација. Но сега можеш да чуваш уште дома ако не си спремна да ја пуштиш назад во градинка.
50 минути другарке Кога ја земаа ми рекоа пола саат. Ама си ја оставиле. Плачеше кога ја земаа ама после се смирила и си разгледувала 15 минути па после поплакала малце. Се гледаше по неа дека не рикала. Ај ваљда по друго е кога оди.
Да знам дека може да го затворам порано. Ама мислев да го терам 2 недели, а во измеѓу да почнам пак да ја носам, но ќе ми треба потврда од матичен. Пошто сакам јас да ја носам и земам. Оти кога одам на работа не ми е изводливо. Излегувам многу рано. Да знаев дека нема да има температура ќе земев ден два одмор. Ама то ти је.
Е да ако бараат потврда за здраво дете, ќе треба боледувањето да е прекинато. На нас само за варичела ни побараа потврда.
Мајки, што купувате на учителките во градинка за 8ми Март? Ова ни е прва година во градинка и навистина немам идеа какви подароци вообичаено се носат.
агресивна? мојата првиот ден остана 40 мин, од вториот исто одеше веќе и на доручек, седеше по саат ипол, втората недела веќе идеше до успивање и толку за адаптираше за недела дена, одма ја оставме од 8 до 4. не и се секирај толку
А на сите негувателки, воспитачки во група ќе давате поклони? Кај нас се три, и никогаш не се сите три во исто време таму. Не можам да знам која ќе биде кога ќе го оставам, и дали ќе е една или две.
Па што знам бе чудно ми е пошто многу блиски ми кажуваат дека се заебавале со по 15 минути со недели. Ама ок, сега вака поголема е подруго. Денеска саат седеше, утре ми најавија саат и пол. Не плачела многу, поише викала