Мислам дека со поголеми дечиња што веќе одат побрзо оди адаптацијата зошто и повеќе можат да ги занимаваат. Денес имав можност да ѕиркам низ прозор и тие што одат си играат едни со други, чепкаат, се пентарат, ама сфатив дека никогаш не е тивко, нон стоп неколку вриштат. Апдејт, лош втор ден за нас. Плачки 20 минути, ми ја дадоа цела потресена и вознемирена и едвај се смири. Малку сум гневна зошто буквално одма ја остави во креветче и не и се обрати нит ја зема… а намерно ми рекоа покасно да ја однесам “да се посветеле”.
искрено многу подобро е побрзо да се адаптира, ја поучена од други, од втор ден им настапив дека нема кој да ја чува, дека немаме баби и дедовци на распологање и сл. не знам зошто ама другите бебиња што тргнаа со нас ги развлекуваа, мојата од одма се потрудија да ја адаптираат и никогаш ми се немаат јавено да си ја земам, дури и кога плаче знаат да ми кажат денес плачеше цел ден, еве ко сега после месец два пауза од прв ден си седеше до 4 ипол, ама им кенкала им се јавив да ги проверам накај 12, ми рекоа кенкава е нормално , ама не се секирај ти ќе се справиме ние и се супер, уште да не се разболуваше толку таму
Уф за тоа креветче трауми имам од минатиот пат. Исто ни одеше ни лазеше кога тргна. Па фала богу дека дете ќе открие next level рикање така затворено.
Што правите кога ќе пријават во група дечиња со големи сипаници? Јас сум што иде нека биде еднаш секако ќе ги пројде, мм изваден од памет вика нема шанса свесно да го пуштам и онака уште пола саат иде на старт на адаптација сме.
Ништо, оди во градинка. Тоа може 4 месеци да се редат со сипаници. Од 7 до 21 ден е инкубација незнаеш кое има кое нема.
Продолжи да иде во градинка. Долг е периодот на инкубација и тешко е за изолирање. Ќе треба со месеци да не иде за да не прифати. Кај моето пријавија во ноември, тој фати во февруари. Еве сеуште има дечиња што немаат или дури сега појавуваат.
Подобро сега нека фати, него штом ќе се адаптира да ти остане дома 2 недели. И онака некогаш мора да прележе. Кај нас во група пријавија сипаници во ноември, си викам супер таман да прележи пред родеден во јануари, сипаниците и избија ден пред нова година. Преку месец ипол секој втор ден имаше нови деца со сипаници додека да фати и она.
Моево е година и 10 месеци, секогаш ги легнуваат да спијат околу 12 саат, па кој колку му се спие, знае да стане во 1, во 2, да се успие до 3. Прерано е 10 ипол, не знам како им заспиваат децата воопшто на таа возраст толку рано. Во секој случај не ми се јавиле да го земам дека премалку спиел, само ни кажуваат на земање дека не е спиен.
Нека оди. Веќе сте биле во контакт, така да џабе и да седи Јас го пуштив мојот па чекам , леле колку лошо звучи И бебе имам дома од речиси 9 месеца Кај мојот цела недела нема никој пријавено. А немале сипаници во група во јасли им се појавило еднаш и сега првпат. За 8ми март цвеќе. Нема некоја организација за групен подарок, можеби требаше бидејќи последна година им е . Некој гифт ваучер.
Треба да го чуваш 6м дома за да не фати, а и тоа не е гаранција зошто веќе било во контакт. Кај син ми се појавија во јуни, он фати последен во група во ноември. На секои 2/3 недели по 1 дете се исфрлаше.
Фала ви на сите за споделените искуства. Од понеделник продолжуваме со адаптација па каква ни е среќата така ќе биде.
Поголемата пак ќе појде во градинка, бебето ми има седум месеци. Страв ми е за него за разболувања и слично Превентивно на бебе може нешто да му се дава? Некое искуство да споделите. Страв во коски имам за малото.
Кај нас лани ја затворија цела градинка ко имаше коксаки 3 недели беше затворена, иначе како и секој вирус и тој, штом поминат симпоми и е добро детето нека си оди.