Преку таквото веќе. Трет ден како што почна пак во градинка по седум месеци, еве ја затната, цела ноќ не спиеме. И како да ја носам утре. Уште полошо ќе и е. Да ја носам? Преку глава од несовесни што ги носат децата болни. Срам да им е.
И јас така искоментирав кај педијатарот,ми рече некои болести се пренесуваат и пред да се пројават симптомите. И подобро додека се мали да поминат низ болестите и да изградат имунитет. Никој не сака да гледа болно дете,ама реалноста е таа. Моето од 13м оди во градинка и првите 2год беа хорор. Нон стоп затнат нос,па мрсули,па кашлица,температура, бактерија..сега веќе е 3ипол год. и многу поретко се разболува и полесно поминува. Но оди цело време во градинка,освен летно време по 1м дома.
Taman rabota na sekoe rasteceno ili zatnato nose da sedime doma ili trcame po brisevi. Ako e zatnata prskam sinomarin cistam i cekam,stom nema temp ili kaslica si odi vo gradinka,znaelo i samo od nigde nikade da projde. Na decava groto od rabotite i sami od sebe im proagaat nego nie od panika i strav trcame po sirup. Ako ne se izdrzi sega vo gradinka vakviot period posle vo skolo use potesko e otsustvoto
Мојата е скоро шест години. Од лани оди ( т.е. кога наполни четири години), таман ќе појдеше одма болна. После паузиравме поради бебето, но еве одма пак затната, ноќеска ко да беше малку и топла, но не даваше да и мерам температура. Не знам дали да ја носам денес и утре. Ми е страв и за бебе, да не се влоши кај неа па и нему да му пренесе.
Да е секрет оној прозирен ќе разберам. Мојава 1 ден во градинка и почнува тој секрет. Секој др вид не го разбирам. Или третирам 2 дена. За 2 дена на него не му е пројдено 1000% а не да не заразува други.
Ми помина времето за да се едитирам. Јас сум сигурна дека и болни ги носат. Уште пред да се породам, една мајка ми рече: Му препишаа вчера панцеф, му дадов сабајле и го однесов во градинка,мора да се челичи. Да биде уште полошо мајката не работи, па да речеш нема кој да го чува, иако и да работи, не оправдувам болни да се носат.
Што е најтрагично тоа го кажуваат како најнормална работа, колку пати уз муабет, ми го примаат детето со антибиотик во шприц па и неколку пати со температура без проблем пошто ме знаат и јас им вршам нив работа па нешто како комбензација му доаѓа, или на врата дете овенато па си кажува родител како цела ноќ повраќало… сум била и сведок на врата како се поддават со дете, васпитачка им го дава и вели на мајкава ви плаче малава се жали на болка во ушите ги корне оваа ја убедува ама здрава е ништо не и е…греота за деца со такви родители, а ова е само мал дел да не ја развлекувам.
Затоа што се не едуцирани. Не знае дека со тоа што го прави на крај во козле ќе заврши од лечено не долечено. Да не набројувам примери. Имунитет не се билда со антибиотик, туку без на природна база. Али бактерии дека ќе излечиш на природна база малце тешко или гнојна ангина каде шѕо ќе изгори дете па не дај боже може да биде проследено со конвулзии. Некои не размислуваат за последиците. Имав една познаничка децата ни одеа во иста занимална, а се разболи антибиотик и како што завршува одма во градинка посче неколку месеци завршува во козле и лежат месец дена и сето тоа зошто? Зошто е брзаше во градинка да го пушти и од тоашто не било долечено да му падне хемоглобинот и другите параметри испод долна граница да фати бактерија и вирус наеднаш и плус од предходно што се имал раболувано. И на крај после антибиотил си го чува дома уште една до 2 недели
И јас знам многу случаи. Но овде на темава не убедуваат дека пред да пројават симптоми заразувале. Како па да не. Па уште кога ќе ми побараат потврда дека е здраво детето. Која е поентата не знам
Затоа ние "будалите" на секој 3 дена ќе лечиме деца по 2 недели а паметните после 3 дена у градинка ќе ги пратат. За жал така испаѓа
Отворив да пишам дека маж очекува следна недела цела да врзе детево во градинка. Му реков дека првата година-две ќе биде тргни два дена застани, дур не поминеме се живо од вируси. Од една страна мора да избилдаат имунитет од друга страна прежални се болни да ги гледа човек. За тоа дека болни ги пуштаат во градинка не е фер дефинитивно ама утре и на школо истата песна ќе биде. Кој има појак имунитет може без симптом да ги заразува другите. Што мора да се пројде, мора
Ако ти се однесува на мене коментарот,на мене доктор ми кажа дека за коксаки и пред да пројави симптоми се пренесува. Истото важи и за сипаници. Ама добро,може ти си доктор специјалист па знаеш повеќе. И гледај да не бидеш контрадикторна сама на себе, пишуваш дека детето ти имало ноќеска температура па се мислиш дали да го пуштиш утрово во градинка? Зар нема да имаш грижа на совест,прво за твоето кое што ќе биде изнемоштено кога ќе крене тт во градинка,второ за останатите кои што постои можност да ги зарази? Дека глумиш многу совесна мајка.
Да, дете е заразно и пред први симптоми. Не, зелен секрет, посебно кај деца не значи дека има бактерија. Може да е индикатор ама никако финална констатација. Секретот се обојува заради големата количина леукоцити во организмот, значи имуниот систем работи и се бори против вирусот (или што да е) И мене ми е незамисливо да пуштам болно дете во градинка, пред се' за детето ми е, само ќе се мачи. Сите знаеме како е кога си болен и се' живо те боли. Од јули е "тргнато" во градинка, а ефективно има одено 3 месеци максимум...
Да, несовесни се оние што ги пуштаат децата со температура и со повраќање. Не зборам за коксаки или сипаници. Мојата сега нема температура, не ја пуштив, ја следам денеска. Ноќеска ми беше топла да, се беше покрила многу, па може и од тоа е. Каде пишав дека е со температура,м? Немој ти мене дека глумам совесна мајка. Јас сум совесна, се снаоѓав и кога работев за да не го праќам детето болно. Јас само кажав дека имам примери што со два дена пиење антибиотик ги пуштаат, а ти ме испонавреѓа. Срам да ти е тебе.
Точно. Мојата уште првиот ден од растечено носе е со зелен секрет. И додека не и престане носот е цело време со зелени мрсули. 10-15 дена... Бактерија никогаш немала. Нон стоп е вирусно. Оди во градинка нормално и од таму закачува се и сешто.
Мајки ве молам за искуство слично на моето или совет да споделите! Ќерка ми има скоро 2 години и сме во странство доселени скоро. Претходната недела ја заносив ќерката во градинка и седев таму цело време 4 до 5 часа со неа. Таа си играше и сакаше да биде таму. Оваа недела требаше да седи сама цела недела. Ској ден од сабајле кога ја носев таму почнувала да плаче и од панка повраќала по еднаш. Вчера знаеше дека ќе ја оставам пак и седеше залепена до мене кога ја носев. А денес само што влеговме во двотоѕ почна да плаче и поврати. Јас си заминав а таа плачеше. Кога отидов да ја земам ми кажаа повратила 5 пати. После кога ќе се смири се е ок Кога одам да ја земам за дома ме гушка и вели дојде мама и сака уште да седи таму. Но наутро е тешко. Незнам дали ќе се навикне
Не знам зошто така прават во странство, сум читала и од други мајки. Не треба да примаат родители во градинка, треба од старт децата да знаат дека таму се сами со негователките и мама или тато ќе дојдат после да ги земат. Вака е мачење за сите. Совет конкретен немам освен многу да збориш дома дека е убаво во градинка, да си игра со другарчињата и ќе дојдеш по неа.
Mom's Јас да се испофалам дојдов. Јас сум просто запрепастена од лепешкава моја. Од средата седи до 12. Се подава на негувателките да ја земат. Трета недела истераме. Денес прв ден без плачки кога ја земав. Е само им протестира за јадење. Им ги буткала рацете, нема шанси а дома кога ќе дојдеме у стање е мене да ме изеде. Ама рекоа од следна недела ќе работат повеќе на тоа. И чудно не ми падна болна (пу пу да не ја урочам).
Да бидете така . Мојата 5ти ден, ова трет обид......ми се јавија блага температура и гласот и е заспинат