Последната група т.е таа што оди од Септември во школо до кој месец идат во градинка? Во Мај се уписи за школо.
Здраво, Миа нема отидено скоро 2 месеца во градинка, планирам од понеделник да ја праќам. Дали ќе треба повторна адаптација?
Мислам може до крај на Август, пред почеток на нова школска. Е сега колку дечиња ќе и ма, веројатно како и секое лето. И јас се мислам до кога да оди мојов. Јуни сигурно ќе го праќам, се мислам за Јули дали да оди или не.
Сакам да земам Молерс. Ради идење во градинка, тргни застани сме. Тоа значи омега што и давам ја прекинувам зашто тоа е всушност молерсот? Може да се дава било кој период од годината? Имате позитивни искуства? На гладно се дава?
Да, Молерсот е омега плус некои витамини. Ќе даваш пола доза, т.е 2.5мл. Таа доза содржи и 200ие Д3. Ќе скратиш толку од другите Д3 што ги даваш. Јас давам насабајле пред градинка заедно со другите витамини. Не правам пауза, освен на одмор и кратки патувања за да не го влечам шишето со мене.
Со тек на време проретчија разболувањата. Дали од Молерсот, дали стекнаа имунитет не знам. На почеток ми беше многу напорно, тргни застани. Кај едното, по него и другото се разболуваше. Сега не е толку страшно, а ни година дена не оди во градинка.
мојата не идеше 2 месеци, си тргна најнормално, ја се јавив првиот ден да проверам како е ни рекоа дека си била супер
Јас и давам мултиомега на Бекутан, капки витамин Ц и Пливит Д. Е сега дали е до витамините дали е до имунитетот на детето, во јули тргна во градинка, до сега да не ја подречам 3 пати се има разболено. Она ќе кивне, нос ќе и потече ама не е ништо драматично.
Jas imam pozitivno iskustvo so mollers I go davam od septemvri do maj oti ima vitamin d letoto prekinuvam
Што и да давате, си сака време, од 1 недела, па и 1 месец нема ефект. Јас од скоро 2г давам Дефендил, 7 полни сега за 1м, секоја година по 3м најмалку и ус тоа плус витамини, плус Д, плус Ц и алое течно. Нежно ми е детето, болежливо, што да правам ако не давам ќе главиме во Козле.
И ние толку издржуваме. Инаку се прашувам како едни те исти деца се секој ден во градинка. Никогаш ли не се болни? Или ги носат болни.