1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Децата и градинките

Дискусија во 'Дете' започната од coca, 23 декември 2009.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    И јас мојата ќерка ќе ја запишам во градинка, треба летото да поднесеме документи за да тргне во септември, тогаш ќе биде 2,5 години , таман , ќе почне и да зборува по-јасно и се :D Според мене по-убаво од градинка нема и ќе се осамостали детето , и многу други работи ке почне да прави само..голема грешка е тоа дека кај баба и дедо е поубаво. Јас сега за сега сум невработена па ипак ке ја пратам во градинка нема зашто дома да седи! Среќа се научи да моча/кака (во градинка не дозволуваат носење пелени и сл.) па да се надеваме ќе почне и да кажува и за ова :) Ја гледам дека сака да се дружи но понекогаш си мислам што ако се смени и почне мене да ме бара и да не сака да седи во градинка? :|
    Како и да е се надевам дека нема да биде така :D
     
  2. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    390
    Мојата ќе мора на 8 месеци да ја оставам во градинка. Дали има некоја посебна процедура за бебиња или исто е како и за деца? Прашав во некои градинки во Аеродром, не можеа да ми кажат за следната година, нема информации :^) Се надевам има искусни мамички да ми кажат, кога да се запишеме ако сакаме да тргне во градинка од Февруари 2014 и дали треба да чуваме и плаќаме место во градинката?

    Ептен сум благодарна на одговорите :*
     
    На silk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Кога бев да ја запишам ќерка ми , и викам на директорката-какви ви се листиве на чекање требаше да дојдам кога се породив, а таа мене -како тргнало треба да доаѓате штом ќе дознаете дека сте трудни :)
    епа види ти сег. Инаку мене ми излего во пресрет и ми дозволија да тргне сега од април, значи ако сакаат може да го примат детето, а ако не :?: Се е работа на добра волја или врски. Другарка ми ја ставија на листа за чекање од септември
     
  4. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    преку врски е најсигурно одма примаат а вака на листа на чекање може и да те извисат ,со врски да ставиле дете на местото ваше
     
  5. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Многу ги мразам градинките :( Се сеќавам на моето чувство кога се обидоа да ме остават, која траума ми беше (па чим ја памтам 28 години, замислете). Не сум сигурна утре дали би го дала во градинка детето, можеби како малку поголемко после 2-3 години (порано стварно ама стварно ептен ако нема кој да го чува).
     
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја маичка да сподели искуство со некоја градинка(било која) во општина Аеродром,како е задоволна за да не го полниме форумот моше и во лп да пише
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Денес моја пријатека била во посета на градинката во која планираме да си ги запишеме децата (двете се по 1 годинка)
    Планирав со две полни да ја пратам во градинка , блиску до нашиот дом
    Е сега од разговорот со пријателката не бев баш воодушевена ... :?: :?:
    Во групата се малку деца 10на мах. од 2 годинки+
    Негувателката и објаснила како децата ги уЧат повеке на самостојност ,што и не е така лошо
    Ама за јадење и пиење мораат децата сами да побараат ,не ги понудуваат, кога сакаат децата нормално и да можат самостојно да си стават дали вода или сокЧе во Чашката
    Ова се подразбира за сите деца безразлика колку годинки имаат :|
    негувателките се тука ако треба да им се помогне
    Децата сами си одлуЧуваат што и како ке прават, нема групно нешто заедно да прават ---
    За дете од две годинки ми е некако рано сето ова , да е толку самостојно ...
    Разговарав и со мм и исто и он не беше баш воодушевен :worried:
    Ке треба изгледа да поЧекам барем со 3 годинки полни или да побарам друга градинка :?:
    Ваши искуства со мали деца и градинките
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Леле исто и кај нас во Грција е така. Јас исто се распрашував од други родители што ги носат децата , па се мора децата сами да прават , сами да одат во тоалет , сами да јадат/пијат , но овде во оваа група се од 2,5 години и штознам пак некако 2,5 години дете да оди само во тоалет , па тоалетите не се како со шољи нели како што имаме дома туку со дупка доле како што има и во средно/основно :| и мене ми е чудно но ајде ке пробам од 2,5 да ја пратам здравје септември па се надевам дека се ке биде во ред :?:
     
  9. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Имам лошо мислење за градинките ама ги разбирам родителите кои немаат кај да ги остават своите деца па се одлучуваат за тоа (додуша има и такви кои не одат на работа па децата ги носат во градинка). ОК, јасно е дека децата се таму по дисциплинирани ама ипак зборуваме за деца а не за војници. Ако не им се спие мора да лежат, иако не се гладни мора да јадат, ако плачат ќе си поплачат па ќе престанат, стојат под казна во ќош и милион такви примери, на кои не би го осудила моето дете
     
  10. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Бидејќи имам одено на пракса во градинка, а и детето што го чував го зимав од градинка и секако го гледав неговиот (не)напредок, не знам дали би се решила на градинка. Не дека е поубаво баба да го чува, секако дека е најдобро да се социјализира, ама доколку со сигурност знам дека таа градинка вреди.
    Знам една таква, ама не знам каква е процедурата со ова кој во која општина живее и во која општина е градинката, зошто со сигурност нема да е во мојата.
    Е сега за овие 2 градинки кои ги знам, децата во 9 доручкуваат, после демек учат англиски(читај бојат во боенка), физичко демек имале(детенцево си го пукна рачето), и некои такви активности во 12 ручаат и спијат во 3и30 ужинка чоко бисквит, банана или мало кроасанче, за мене не е ужинка. И тоа дете од 12 дур да си дојде дома најрано во 4 е мртво гладно. Како помали ги оставаа помочкани и покакани надвор демек да си играат, а тие седат и пијат кафе.
    Другата градинка, прават класна разлика, имаа некој час за природата и правеа цветчиња на чепкалки и демек ги садеа, дотичната воспитувачка повлече едно дете и рече Петре(карикирам за имево) е од Припор он знае како се сади. Потоа повлече едно девојче, ајде сега ти срце кажи мама што работи, а девојчево срамежливо газдарица е на еден реномиран бутик(го кажа името ама нема да го спомнувам).
    За таа што ми се допадна, секоја чест, познавам многу дечиња кои иделе таму и сите ама буквално сите се капацитет деца.
    Кога ќе го оставам детето, не сакам да го мислам, сакам да знам дека е во сигурни раце.
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Има голема разлика од дете кое оди во градинка и големааа разлика од градинка до градинка.
    Во врска со градинките, има пропишана програма на ниво на Република по која да се водат учителките. Може да претрпи мала измена ама сепак треба да се држи до неа, е сега е знак прашање кој колку и како ја следи. Со оглед на тоа како одат вработувањата таму ништо и да не ве чуди.
    Другите вонредни активности како што се англиски, физичко, логопед и сл. самиот родител се изјаснува дали ќе го прати детето на таква активност или не. Значи, не се задолжителни туку факултативни па кој сака. Родителот е тој кој треба да одлучи.
    Во врска со јадењето, значи доручек 8,30 (во мојата градинка ако донесеш дете во 08,25 не го земаат, затоа што веќе сите се наредени во возче и одат на јадење), 10,30 ужина за помалите, 12-12,30 ручек, 14,30 ужина и нема отстапки од овој распоред. Имаш неделно мени кое можеш да го гледаш што и како јадат со цел да не се повторува со ручек и дома и во градинка. Не секогаш ама понекогаш имам и јас прочитано дека ужинката трпи промени во тој и тој ден. Не сум сигурна ама на ниво на град е можеби како ќе се крои менито за децата во градинките (нели образов. е под локална самоуправа).

    Ме чуди ова Коритсаки што вели дека има чучавци а не мали шољи за децата :x
    За тоа дали јадело или пиело воопшто не му ја мислите. Ќе се запрепастите како брзо и сами ќе се осамосталат затоа што таму се група на деца кои меѓу себе малтене се натпреваруваат. Доволно е 1-2 деца да побара вода, сок или нешто др. и сите други како овчички ќе се наредат во строј.
    На 2 год. возраст се потенцира и срамот кај нив така да кога решите да фрлате памперси и ако таму направи беља ќе се посрами и ќе гледа веќе тоа да не му се повтори - нормално ако е доволно развиен тој центар кај детето.

    Да, или ќе лежат или ќе одат во друго катче (така е бар кај мене) а и кое 2-3годишно дете не спие на пладне?!?! Ако плаче значи има причина зошто плаче, учителката можеби ќе го смири а можеби и нема. Најбитно е што тоа дете не е центар пажња како што сите дома правиме и попуштаме на крај, оваму нема попуштање. Не само таму туку и кај мене функционира тој метод на казна - стоење во ќош т.е седење на едно место од креветот. Да се разбереме ќотекот не помага, само тој принцип на казна има ефект (според мене) и сето ова не го сметам воопшто за војна обука :wasntme: . Ако не се покаже строгост во воспитување и налагање на некои навики незнам како на друг начин можат да се воспостават (ќе прави се` во граници кои јас ќе му ги воспоставам)

    Во еден неврзан муабет со една учителка од основно образ. вели дека има голема разлика од дете кое одело во градинка и дете кое не одело. Како прво дете што одело во градинка е навикнато да седи на столче, да дига рака кога му се оди во вц, да слуша учителка, развиена креативност, социјализација пред се....сепак некои навики и социјализација колку и да се трудиш неможеш да му ги дадеш.

    Факт е дека тешко се доаѓа до добра градинка и добра учителка
     
    На babymama, SuperGirl24 и Espadrila им се допаѓа ова.
  12. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Не сум баш сигурна за ова. Јас немам одено ни во градинка нити во забавиште, а сепак бев најдобра во класот, читав нај течно и нај брзо. Моите тетратки секогаш ги земаа за пример, кога доаѓаа да го проверат напредокот на децата. Сме седеле на стол со рацете позади грб и не сме смееле да мрднеме, ама тоа си е до учителката, како и колку ќе не научи. Имавме и деца што оделе во градинка. Но, за жал ништо не знаеа, а тешко и учеа а сега на 25/6 гидини не знаат некои основни работи. На 6 години тргнав во школо(на тестирање ми рекоа сум била печена за во школо :lol: ), зборев и српски и македонски, течно. Ама јас сакав да одам во школо и да учам, сакав да пишувам домашни, да читам, да цртам....
    Значи се си е до детето.
    Сум за градинка, само заради дружбата, претставите, така детето се осеќа важно. Ама дека со сигурност ќе научи никогаш не се знае.
     
    На mona2022 и Espadrila им се допаѓа ова.
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Исто како Саншајн погоре, 1 ден во градинка немам поминато, па ептен бев напредна во школо :D
    До детето е, до карактерот, интелегенцијата, како и до учителките кои или ќе ја уништат или ќе ја поттикнат креативноста, впрочем исто како на училиште.

    Во предвид мора да се земат и негативностите кои ги носат од градинка, а тука не мислам само на болести, зошто нив и од нас домашните ги добиваат. Деца влегуваат во кланови од мали, се оговараат и отфрлуваат на база на „не носиш фустан, не можеш да играш со нас денес“ на нивни 4-5 години. Се тепаат без усул, за се` што сакаат да добијат учени се да се „борат“, ама не метафорички туку навистина :D .
    Ред, ако се има доследност, се добива и дома, и тоа според мене многу подобар, зошто е индивидуален скроен кон личноста на детето, а не 30 деца вадени под ист калап од најмали нозе. Сепак, социјализацијата е еден плус, и затоа размислувам ќерка ми за некое време да оди, ама само до ручек, на 4 саати, мислам дека доста ќе и` е (ваљда) :)

    Значи, си има предности, си има и негативности, ставајте на кантар и одлучете.
     
    На mona2022 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.605
    Допаѓања:
    250.864
    Пол:
    Женски
    Ме ставате на мисла жениии...А бев со идеја да ја пратам од мај госпожава моја у градинка, не за друго за малку социјализација. Да се одлепи малку од мама а може и да научи нешто па и да се осамостои.
    Сум за неколку саати да поминува таму за да се привикне а јас секако не сум на работа па од септември да поработам и на тоа поле кога би имала навика и би сакала да седи полно раб време во градинка.
    Што фино вака звучи во теорија а имам впечаток дека нема да сака 15 мин да седи без мама. Како се ближи мај јас имам трема ко да ќе ја праќам на студии во странство а не на 2-3 саати во градинка.
     
  15. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    20.715
    Јас лично сум за градинка.
    ЈАс ни 1 ден немам поминато во градинка, баба ми ме чуваше, а на школо бев меѓу најсолидните.
    Но денес работите се поинакви. А и многу зависи од детето, карактерот, желбата и слично.
    За мене и сопругот градинката е благодет. Синко наш беше бескрајно темпераментно дете, кое не седнува ни за миг, не можеш во скут да го седнеш а камоли приказна да му раскажеш или сликовница да погледаш.
    Духот сега му е посмирен. Сега можеби и дека е попораснат ама сепак ефект има.
    За прв пат го пративме на година и 4 месеци- и еве веќе 8 месец како оди немаме никаков проблем. Во принцип не е болежлив, ретко се разболува ( до сега за неполни 2 години се има разболено 4 пати, што лично за мене и не е многу, споредбено со дечињата на мои пријателки).
    За јадење нема проблем се си изедува, а понекогаш и репете си јадел :D
    А и си знае ред, патиките едно до друго, на местото оставено, тренерките кутрото се обидува сам да си ги здипли, лап топот откако ќе си изгледа шо и да е ,мора да се затвори и остави на местото-во ќошот и уште многу др. работи.
    Ние сме се уште во јасли- тетките ни се погодија.
    Од септември одиме во прва мала. Е сега веќе ќе биде многу важно каква учителка ќе имаме. Дали и како ќе работи со децата.
    Ќе видиме
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    секоја градинка е посебна приказна све зависи какви се учителките во градинките и во право си дека е важно каква учителка ќе се има ако е некоја мрзлива само да се дере и да ја мрзи да стане во вц да ги однесе дечињата да ги избрише да не внимава на хигиената ,има и такви учителки еве кај нас на пример малата ми иде во таа градинка кога беше во првата група све ок беше ама кога се префрли во другава не сум задоволна од учителката само се жали немирни биле вакви биле неможела одвај чекам да премине во поголемата група таа учителка ми се допаѓа
     
  17. ivana89sara

    ivana89sara Активен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    3
    zdr mamickiii....jas mojata kerka ja nosam na gradinka od 18 mesecii..gradinkata ima i dobri i losi straniii.fakt e deka decata vo gradinkata ne se gledani kako doma no pak za razlika od toa stanuvaat samostalnii,se druzat so decinja na nivna vozrast se educiraaat i decata sto odat vo gradinka pobrzo sozrevaat...spored mene podobro e vo gradinka odkolku doma da go cuva baba bidejki nie roditelite neli sme na rabotaa pa nemame vreme da mu posvetime tolku na detetooo,a vaka jas od svoe licno iskustvo kazuvam oti vo gradinka e podobro...mojata kerkicka e sega 4 god i nekoj pat poradi nekoja pricina ne otide na gradinka place zosto ne sme ja odnele.tamu i bilo pozabavnooo....

    [mod-kirilica:2m3hvatc][/mod-kirilica:2m3hvatc]
     
  18. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Јас моето синче го носам во градинка од 9 месеци...лично сум задоволна...се дружи со деца,почнува да учи нови игри,песнички итн... ма да често пати доаѓаше дома настинат и со вируси...но мислам дека тоа секое дете го поминува во градинка
     
  19. RozeSk

    RozeSk Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    26
    Мамички, дали сега ќе успеам да најдам место да го запишам синко во некоја градинка во Ново Лисиче?
     
  20. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Обично уписите се во август,но ако има слободно место нема причина за да не го примат во градинка ;)
     
    На RozeSk му/ѝ се допаѓа ова.