И да ја преместат, подобро е сега отколку кога дечињата од нејзината група ќе завршат со градинката. Син ми почна во група со постари, две години одеше таму, после тоа го префрлија во група соодветна за возраста, многу брзо се прилагоди, и две години со нив помина, сега ќе биде прваче. Сметам дека вака беше подобро, отколку да останеше со претходната група до крај, затоа што секако се смени воспитувачката, си отиде во пензија старата.
Pa sto Znam mene me zaplasi vospituvackata. Sega gledam sto poveke da go turnam deteto so drugi deca da se druzi. Ali mislam deka I od mene mu e toa malce. Mislam jas sakam da se druzam ama so luge koi mi odgovaraat, onie koI me nerviraat begam sto podaleku od niv. Ne sum sebicna, ama malku tesko mi odi da se sprijatelam so nekoj iako sakam. Moze na mene e. Ama, ne mi se dopagja ovaa karakteristika, osobeno ne za masko.
Ама и моето дете е јадач. И затоа му верувам дека му се јаде кога ке го земат од градинка во 12 и му ја даваат ужинката за дома, а тој уште по пат ке ја изеде и плус тоа што му носиме. А ручекот е нешто пред 12 во градинка. Не викам дека не лажат, нема зошто, на почеток кога не јадеше ни кажуваа, доручек ич не јадеше, ручек малку или ич. Или кога редовно повракаше секој ден не информираа. Можеби каснува малку, па него тоа не му е доволно. Ништо се дур дома ми го јаде ручекот, ке му готвам. Некогаш јаде од нашиот ручек,а некогаш посебно за него. Инаку од се друго сум задоволна. Редовно е пресоблечен. Редовно кака во градинка дур е. А често знае да му пропушти пелената. Па скоро секој ден скроз е променет во резервната облека од ранчето. На почетокот и често повракаше, исто скроз го пресоблекуваа, па ни рекоа повеке блузички да има во ранчето.
Освен пофални зборови за персоналот немам друго што да кажам. Внимателни,тактични према децата.. Во градинката има сопствена кујна и се е тазе зготвено. Има и млади воспитувачки и повозрасни.Секоја си е на свој начин добра.
Незнам. Јас за малата подадов документи кога имаше два месеци за на 7,5 да тргне. Немав врски,не познавав никого.. Едит,во градинката примаат само деца кои живеат во блиска околина. Само тоа знам сигурно. Има уште две градинки во близина,една е нова,непуштена во употреба и друга карши Макпетрол. Кај ти е адресата,во таа ќе го сместат детето @wannaBeMomma
Како мислиш група за болни деца, нема такви групи. Може многу деца да ги имаат тие бактерии кај некои да прават реакции кај некои не, зависи од имунитетот. Еднаш кога имаше синко бактерија, не се сеќавам точно која, откако испи антибиотик и седеше дома ја прашав докторката дали треба контролен брис да правам рече кај дете што оди во градинка не момеш да бркаш секогаш чисти брисеви, ако нема сега за некоја недела може пак да ја има. Болни со температура не верувам дека некој носи, и да го однесеш ќе ти се јават да го земеш. А како да знаат кој има бакетрија, не може постојано да бараат брисеви да се зимаат. Кај син ми обично неколку пати во годината докторката од градинка ќе ги прегледаше кај тие што имаа црвено грло бараа брисеви. Ама ако нема црвено грло а има бактерија во нос??? Едноставно е невозможно да ти гараантира некој дека сите деца во група се со чисти брисеви без ниту една бактерија Кога би требало да се јавуваат за примено дете за од септември. Минатата год на 1ви септември поднесов барање за овој септември уште ми се немаат јавено. Ќе поминам деновиве и знам зка мн ќе се изнервирам ако не е примена
@M&M во нашата градинка кога го запишував ми рекоа дека комисиите им се во мај,па крајот на мај почеток на јуни има истакнати списоци кој е примен и во која група за од септември. Кога отидов да видам списоци немаа истакнато, туку требаше да се провери кај раководителката, кај нејзе стоеа списоците. Син ми не беше примен иако имав поднесено повеке од година дена. Значи поднесов само што се роди, за кога ке биде 15 месеци да тргне. Инаку минатата недела кога го носев син ми сабајле едно дете одбија да го примат затоа што беше многу болно. Детето беше како поспано, со тт. Поголемо, некаде 4 год а во раце го држеа. Не е дека не внимаваат.
Ќе треба врски да бркам аман да не може човек дете во градинка да запише. Ај за големиот неколку месеци однапред поднесов па демек поради тоа не го примија. Баш од оваа причина за малава поднеаов порано немам луѓе треба по аите што ги познавам да се распрашувам за врска
Откако ќе ти наполни 40 дена тогаш запиши го. Ти кажувам од искуство. Работам во градинка и знам како е. А можеби и во тој случај ќе ти требаат врски. Зависи до градинката. Таму кај што работам има родители што чекаат и по 1.5 - 2 години за прием на детето. Оние што се без врски.
Јас чурам си го земав детето од градинка целото изгребано по рацете,ок е деца и моево е задориче ама па да не ти кажат па ништо сега дома кога ја донесе мм ја видов срце ме заболе,минатат недела на две места касната,веќе не можам утре фино лепо ќе им кажам и друго шо ме нервира не ја викаат по име Дарија туку Дара,си има име нема потреба од скратеници. Вие како би постапиле на мое место,не сум кафкаџика со убаво сакам да им кажам се надевам ќе се погоди некоја салам за разговор
Јас имав ваква ситуација и разговарав директно со директорката, друго е со неа, а друго со воспитувачките.
Зависи каде,најверојатно така ви се погодило. Не верувам дека сегаде е со врски, зависи како се партиски обоени. Јас од првпат запишав дете без проблем и тоа со пола примени вакцини
@Nikita7 и јас би разговарала и би постапила како тебе. Секако дека се деца и може да се џапнат и задрат, независно кое кого... ама би сакала воспитачките да ме информираат за тековните случувања во градинката. А малата лепотица( или Снежана без седумте џуџиња како што јас знам да си ја наречам од милост) ти има најнајнајпрекрасно име.