И кај е стално ужинката во ранец. Пред некој ден го прашував за учителките и срце се си кажа. 2 кафиња пиеле андвор со тетките и пушеле цигари
Повеќето ги зимаат баби и дедовци,, а има и доста мајки што не одат на работа баш затоа што нема кој да го чува детето пред/после градинка...
Нема што тебе тоа да те ремети душо, градинката е должна да го згрижи детето мислам до 18 беше, ако е запишано целодневна.
Тоа не е ама ич твој проблем. Ти си имаш договор, и ако ти се водиш по тој договор, треба и они. Прочитај си убаво што си потпишала и оди им со договорот. На нив им е буквално работа да го чуваат детето. И мене ме научија дека сум од сабајле дома, па секој трети ден ова има она има. Па стигнав до раководителката и веќе не смеат да ми ѕвонат. Последен пат ко ми ѕвонеа беше со зборовите "Медицинската сестра одобри да ви ѕвониме и од раководителката е одобрено да ви се јавиме да си го земете детето" Ама тоа оти се искарав. А додека си ја зимав кога нив ги болеше главата или обично петок ко си ги праќаа децата порано дома кој може да ги земе, си ѕвонеа за непостоечки температури
Ne im e sram,a za 8mi mart prvi se pokloni da sobetat. Baska mesto da ti pomognat u celata situacija use budala te.prai. ubavo ti pisale dogovorot pod miska podvlecen so marker delot za rab vreme
Исто и кај нас до 15:00ч најдоцна е групата на син ми.. и во 14:30ч идам да го земам па го предавам на баба да го чува до 16ч додека се вратам јас од работа. Исто ужината ако не ја јадел му ја праќате кога го земам, а и сам си ја бара ако знае дека не ја јадел таму.. таму ми викат све супер јади,а дома само што ќе влезе во врата прашува манџа дали имал да ручка и е прегладнат додека легне буквално јаде.. Мене овде ме нервира тоа што со пр.кога доручкуват и ете имате палента за јадење со иста лажица од исто тајнирче јадат две до три деца.. ова го имам видено ради што последна го носам, а веќе се седнати да доручкуват.. незнам како е кога ручат ми вика дома дека сам јадел,а и исфлекан е од глава до пети и тоа ми е веродостојно..
Според тоа што го пишуваш како во градинката каде што оди син ми. Јас не знам што да направам ми кажаа ако не спие да си го земам. Сега има кој да го гледа, ама од наредна недела едната баба ќе има работа, другата почна да се грижи за болен член од семејството. Веќе два пати сум им кажала да го задржат иако не сака да легне во кревет, ќе се опуши кога тогаш, да му дадат нешто да се занимава зошто е мирен, но одбиваат. Сите деца што не спиеле ги земале родителите, немало деца што не спијат. Дури сум на мисла да променам градинка иако моменталната ми е преку улица. Не знам што да направам, не сакам да одам кај раководителката, ептен голема ќе стане па навистина ќе треба да го преместувам.
Јас би одела кај раководител. И мојата не спие по некогаш па си ја занимаваат. А да си на работа ти ете велиш од др недела нема кој да го земе детето што ќе праиш? Кај раководител па ако не бива мењај градинка, кај ги наоѓате такви градинки не знам. Еве денес беше густо дали ќе стигнам да ја земам и маж ми се јави и праша до 17.30 детето може да е згрижено таму. Ова што го читам стварно не е во ред. Па ако е за тоа мене градинка не ми треба ќе си ја чувам дома. Тоа ко да отишла да се прошета му доаѓа.
Не е работата да играм такви подли игри. Сакам да сме договорени. Кога им кажав вториот пат дека и на сопругот не му се допаѓа тоа што го земаме после само 3 часа во градинка, воспитувачката ми даде одговор „Не знам што да ти кажам...“, нит да рече, Ајде остави го неколку дена да видиме можеби ќе се опушти да легне, нит да каже Ќе се обидеме, едноставно со други зборови ми рече Снајди се... Син ми е веќе научен дека некој ќе дојде да го земе во 11.30, не се обидува ни да јаде нешто, ни да легне. А за јадење да не почнам да зборам, дома ги јаде сите манџи, таму кога го земам - ништо не јадеше само лепче...
Те разбирам ама вие сте се договориле моментот кога си потпишала договор, немало потреба понатака да се договараш со нив. Се знае колку е престојот, каква е програмата, ако не му се спие ќе најдат начин. Си имаат паузи тие, не мора сите деца да спијат за они да пијат кафиња. Ти си знаеш ама извагај што ти е приоритет, твојата или нејзината работа да ја олесниш. Не е воопшто подло да не го земеш, подло е тоа тие што го прават.
За жал,ова до 15 часот земање се случува и е секојдневие во другите градови во внатрешноста ,имам другарки што ми го кажуваат истото,ги чекале пред врата со се дете и им звонат да си ги земат. Кај нас во Аеродром е до 18 часот,јас скоро секој ден ја земам во 17 часот и има уште некое детенце со неа ,а некогаш и сама седи со дежурната и никогаш не ми се јавиле,дури тогаш знае мојава да се искака обично и не ми ја даваат така туку ми викаат да почекам да ја пресоблечат (ова дека еднаш им реков дека не е проблем дома ќе ја пресоблечам и ми искоментираа " не,тоа е наша работа ,не смееме така да ви ја дадеме") Дури има известување во самата градинка од Управата дека работи до 18 часот и никој не смее да ви кажува кога да го земете детето.
Не знам колкав период оди син ти во градинка ама не спиењето не е причина да го земаш порано и мораш да реагираш. Дете се зема само ако е болно или ако плаче претерано, до тогаш, задача нивна е да ги згрижат децата. Очигледно не се способни за ништо, нити да занимаваат дете, нити да понудат храна. Доколку е краток период на некоја адаптација нормално е да не јаде ама ако сте целодневно во градинка, ако не плаче, нема што да го земате порано според мене. Нашава лани одеше во градинка еден период и престана, точно година дена не беше. Од понеделник почнуваме од почеток со адаптација, очекувам да не јаде, ние се одлучивме за почеток кога ќе помина целиот процес на адаптација, да седи до 12ч, односно пред време за одмор за ја земам, така некој период и потоа да почнеме со целодневно. Од лани искуство можам да ти кажам дека процесот за да зајаде во градинка траеше 2 месеци, со суво лепче беше и со бистра супа.. ама постепено и се даваше и не и се правеше притисок, така да мораш да разговараш и да се види зошто нема соработка, зошто нема интерес да се смени нешто кај детето. Немој да прифаќаш дојди земи си го детето, не сака да спие! Ќе се најде начин, не знам дали си во работен однос ама и да не си, тоа не е причина да се трча по детето и да изиграваат мајмуни затоа што е време за пуш и кафе пауза. @elenaklasik што направивте вие, ќе тргне ли градинка баткото? Ние касниме со упис ама ваљда додека стигне бебе ќе имаме некој напредок. Пиши доколку веќе оди, како се справувате.
Почна од септември. Но два дена во градинка , две недели дома. Ќе им го испратам здрав прав ќе ми го вратат болен. Ако му претече носот, веднаш брис ме тераат да направам. Веќе ми имаат кажано 4-5 пати за брис. Три пати правев, еднаш излезе позитивен, два пати после тоа негативен и веќе не го малтретирам детето. Првиот пат позитивен беше на бактерија што живее во теписите во градинките. Овој период носот му тече скоро 3 недели, нема температура и си јаде, но и не сум го однела на градинка од што ми е веќе непријатно да ми приговараат повеќе. Излегува работата на кој можат да приговорат, има деца што ги носат и настинати па никому ништо, ама мене знаат се да ми кажат. Со температура никогаш не сум го однела, од септември до сега само 2-3 пати дали има качено, само со носот и кашлица има проблеми постојано. Тотално незадоволна сум, кога слушам моите пријателки што зборуваат за градинките во кои одат нивните деца, дури не ми се верува. Не се ни разговарало дали да ги земат ако не спијат. Има да седи таму зошто нема кој да го земе и тоа е. И јас и сопругот сме во работен однос.
Женски не ми се смејте прв пат го праќам за 1ви април, т.е во петок на сликање. Е сега ќе му облечам шпихозни, знаете такво со капче. Дали одоздола да му облечам нешто нормална облека или само во ранец да оставам па ќе го пресоблечат?
Мала дигресија на муабетот, каде најде целосно за маскирање, ко шпикозна барав во Бебе Центар и Локо кроко нема?!