Јас денес се утепав од барање нис еаст гате... Во зара само онлајн можело ги немаат на лагер, хм ужас избор... Каде сжда се бара... Низ бисер има ли некаде
Добро женски како е можно ова ме ми е јасно... месец дена дома седеше, помина и воспаление на уши и ковид, после ковид уште недела дена дома ништо не му беше, а еве тргна во понеделникот во градинка и денес со температура. Нема многу 38.1/2 ама сепак. И утепан беше за спиење а ми кажаа дека саат ипол спиел. Чаре? Да сменам градинка, да барам дома да ми го чуваат, да дадам отказ за да го чувам... Се што постои од витамини му давам, витамин ц, фолна, дефендил, ацидосалус, спреј со диво оригано... И пак вака. Со мм веќе збудалени сме
Што ако смениш градинка. Истото ќе биде. Болести има во секоја градинка. Помири се Или ако е премногу мал, најди жена барем да потпркне малку.
Мора да го пројде ова, ако не сега во прво ќе го проаѓа, верувај. Имавме сега детенце што цело прво полугодие дома си го преседе бидејќи не одел во градинка.
Зависи што е причината за температурата. Ако му е ден два и му проаѓа значи одбрамбен систем е. Но ако ти држи подолго време треба да видите. Јас му ги давам сеуште на Марнис Протект Јуниор ампулите вируси и бактерии на нозе ги поминуваше. Али сепак разлика има од дете до дете. Испаѓа дека градинките се најпрљавите установи што можат да постојат каде се сместени децата.
Абе може хемиско да ги проаѓа секој ден, исто се фаќа, децата не ни идат само во градинка, одат на лулашки, во игротеки, во молови, се дружиме по дома, не е само до градинките. Искрено игротеките се попрљави ако веќе збориме за хигиена, а доволно е 2 дечиња од група да идат во игротека на роденден и цела група отиде со бактерија или вирус. Колектив е, тоа е.
Јас имам дете што фаќа гнојна ангина со само 3 саати седење во градинка и тоа 2 дена, после се оправаме точно 15 дена со температура само. Додека на љуљашки, игроотеки, се ваља на земја, брца раце во уста, деца во него ќе се закашлаат и буквално ништо не му е, ама затоа во градинка мртов болен го вадам. Кога фати стрептокока пнеумоние на нозе помина, ковид и мн други работи бактерии и вируси нормално си беше детето. И да градинките се најпрљави. Од љуљашки надвор го немав извадено со толку црни раце како од градинка.
Има нешто по градинкиве што ни сама не можам да сфатам што се случува таму и која е причината толку често што е болен, до 2,5год и на љуљашки секој ден го носев кога беше топло времето, а по игротеки кога немаше услови за надвор не знаев ни за кашлица, инхалатори, црп дрн дрн што ти не ….
Џабе даваш, отидов контра мислења на неколку доктори кои ме уверуваа дека се е тоа џабе, јас нема шанси без ништо мора нешто превентивно, а тоа дивото оригано пак кај моето ама баш никаков ефект, да не ти кажувам што се минавме вируси, бактерии, проливи, повраќање, инфузии… понеделник оди не издржува ни до петок па две недели дома … ако детето има желба да оди нека оди, сепак и покрај се сум на став дека градинките се за децата и има огромен бенефит во смисла на социјализација, самостојност, говор, исхрана… сепак вие најдобро си знаете, јас лично се надевам дека е само период низ кој мора да ги помине болестите и дека еден ден ќе се ујача
Zdr jas sakam da prasam kako gi oblekuvate devojcinjata koga nosat fustancinja vo ovoj period sega dali vrz hulahopkite im oblekuvate helanki pa posle gi soblekuvate vo gradinkata helankite da se samo na fustqncinja i hulahopki ili ne im oblekuvate helanki vrz hulahopkite voopsto oti primeriv nekni oti edno devojce vrz hulahopkite nosese helanki i nagore fustance
Ама тие деца пред градинка биле некаде, бактериите не живеат во градинките. Поминете во петок попладне покрај градинка ќе видите дека светат црвени светла, тоа се инфра ред светла за дезинфекција, секој петок се врши, со истите светла и во болниците се дезинфицира, ама џабе, понеделник се доаѓа и со едно закашлување се е контаминирано. Сакам да кажам самите ние (не вие или некој конкретно туку општо) ги носиме заразите по градинките. Не велам не, има градинки кои со години не се темелно исчистени, завеси и теписи полни прашина, ама има градинки и кај што се пази. Ама на лулашки и во игротека не седи 8ч, седи 2ч, не е исто. Во игротека игра, станува си одите дома се туширање или миете, овде проаѓа пола ден, нормално е да е повеќе изложено. Не знам, јас мислам дека откако се отворија игротекиве се отиде низбрдо со заразиве. Кога бевме ние мачи реткост беше коксаки, шарлах, затоа и се третираа на ниво на пандемија, односно се затвараа и школи/градинки на 2 недели. Се сеќавам еднаш градинката не работеше 4 дена, мајка ми се снаоѓаше, како низ магла ми е сега. А сега што правиме, ги шетаме низ молови, низ игротеки, тоа живо непроветрено, и после градинките ни се криви... Пак ќе речам, не велам дека во градинка е идеално, не е, ама пак е до нас родителите кои носиме деца таму, и со Бакобан да прскаат насекаде 3 пати на ден џабе е ако едно дете однесе стрептокока, коксаки или стомачен, за 8 саата пола група е заразена, за 1 недела пола градинка. Тоа е, кој е појак ќе се избори, кој не ќе го крка.
Нас вчера ни рекоа да не ја маскираме за во градинка, не важел за јасли маскембалот, немало кој да им прави соблечи облечи на маските на 20 бебиња
Точно дека носиме но муабетот ми е исто време поминува во игроотека во затворен простор колку што и во градинка по 3 часа од градинка до 40 темп доаѓа, да не заборавиме дека во игроотека повеќе болни деца се носат отколку здрави, зошто кога е ладно родителите нема каде да ги носат па ги носат по игроотеки.
И во градинките повеќе болни се носат мислам. Не знам што им прават таму искрено. Еве имам роднини децата што не одеа во градинка, па во школо не се разболуваат секој трет ден.
Убано пиша @AngelOfArh . Не се градинките криви. Додека беше пандемијата и додека уште не бевме опуштени со пикање во зарворен простор, игротеки, молови, мали цела година само 3 настинки на нога со еден ден тт ги помина. Како се опуштивме сите, пак се вратија болестите на голема врата. Од септември до декември глава не кренавме, ларингити, вируси, се испозакачи. Правевме пауза па сега ќе видиме како ќе биде овој период. А има и една друга работа, слушам мајки нон стоп коментираат, леле денес им отвориле прозор, намерно да ги разболат. Не не отвориле за да ги разболат туку да излуфтираат. 20 деца дишат во ист простор. Препораки се и дома на 2 часа 5 минути луфтирање бар да се прави, а не па таму. И не може дете еден ден во градинка и тт. По веројатно е претходно кај што одело да закачило отколку од градинка. Има период на инкубација за секоја болест.
Moeto bese sekoj den vo igroteka po lani l lani letoto pa retko se razboluvase a odkoga trgna vo gradinka sekoj mesec e bolna barem ednas vo mesecot i nekoj ke mi kazuva od igrotekite e ne e od igrotekite sega retko odime vo igroteka