Какво искуство имате со коксаки? Во група пријавија некни дека има дечиња со коксаки. Мојата деновиве е дома, па дали да ја пуштам се мислам.
Моето скоро имаше,лесно помина. Тт во 17 ч до 38°, вечерта 38.4 дадов далерон и повеќе не качи. Другиот ден се исфрли со по едно две мозолчиња, осипот беше на стапала,дланки,на заден горен дел од нозете и околу уста. Малку црвенило и во уста имаше. Се жалеше само кога му излегуваа,го чешаа.
Дојдов да се пожалам. Душата ме боли кога го видов денес со "саат" на раката. Некој од групата здраво го има каснато. Секој заб си се гледа јасно. Учителката ништо не ми спомна, јас дома додека миевме раце го видов. Знам дека не е ништо и не може од се засекогаш да се заштитени ама ете... Утре ќе им кажам ама верувам дека знаат кое дете каса.
Мојата дојде дома цела изгребана и околу очи и околу уста. Негователката ми рече дека не знае што се случило. Не сум задоволна воопшто од градинката каде што оди мојата. Плус пријавував за вошки и ништо не преземаа.
кај нас кога пријавија ни рекоа да не ги носиме преветивно, јас ја носев она не фати, јас фатив, имав висока тем првите денови, па се исфрлив, па ми падна цела кожа
мислам дека и да смениш градинка исто ќе биде, јас бев збудалена, си дадов отказ и си отворив моја канцеларија, сега сама си го организирам времето, ми беше главна мотивација разболувањето секој трети ден во градинка
Моето имаше пред 3 недели. Температура имаше 1 ден до 38.4 на два пати му дадов далерон. Осип највеќе на дланки, стапала, газето. Околу уста и во уста малку. Јадеше, пиеше ама 2 дена нејќеше да цица, само отвараше уста и дремеше на града со отворена уста. Многу беше напорен првите два дена и ноќе и дење само кенкаше и лепенка беше за мене. Пред да се исфрли од градинка ми кажуваа дека имал течна столица и еднаш имаше повратено после ручекот, не обрнав внимание бидејќи дома после градинка не какаше и не можев да видам каква му е столицата, а после кога читав за коксаки прочитав дека повраќање и дијареа се исто така симптоми.
Кај нас тоа во градинка, затоа се дигна џева за вакцини ние понеделнички ќе се вакцинираме за мрп конечно
Деца се, се буткаат, се удираат, се гризат. Ако е ова исклучок, не би се секирала. Иако негувателките мора да знаат што се случило.
Изгледа не е исклучок, денес пак му најдов модро на раката од каснато. Ги известив вчера, рекоа дека има едно дете во група што каса. И се трудат колку можат да ги допазат другите ама кај у секунда ќе одреагираат. Нема што да се прави, шах мат работава.
Оф. И кај моето дете има вп група едно што тепа, бутка и некако не проаѓа фазава.. учителките се ептен супер, ама и тие не можеле да се справат, па викнаа психолог. Сега детето е под надзор на психолог, ама изгледа не соработуваат и родителите. Не знам што да кажам. Ем ми е жал и за детето зошто не е криво тоа што е такво, којзнае дома што гледа, ама па не може и сите да страдаат за него. Овие се веќе до 4години и почнаа сами да го избегнувааѕт.
И кај мојов во група имаше една ги гризаше добри 2 месеци и после и пројде сега е бубаче ама лошото е што некои и со 4 пати гризнато во еден ден си одеше. Реално колку и да допазат не можат 32 деца се на 2 кое попрво...
Пролет градинка. Не одат сите сега моментално, ама толку се пријавени. Сега одат 28 што и пак не е малце
Само во јасли ги хранат, после јадат сами. Пелени ретко на кое мењаат, заспиваат сами. Мислам сигурно е тешко ама потешко од јасли не е. Поголеми се и играат заедно.